Post Views: 0
Неверојатни работи низ вековите доаѓале од Кина и се ширеле низ целиот свет. Една од моментално најинтересните е и нивната античка мисловна игра “Веичи”, која има и свое јапонско име “ГО” како и корејско кое гласи “Бадук”. Оваа фантастична игра, се игра и во нашиот град. Станува збор за мисловна игра налик на шахот, а самото нејзино име во буквален превод значи игра со обиколување. Филип и Анастазија Паскали се охриѓаните кои се обидуваат не само да ја запознаат јавноста со оваа игра, туку и да ја популаризираат. А бидејќи истата е...
Post Views: 2
Како да се препознае и како да се реагира на говорот на омраза. Ова е една од целите на денешната обука на која младите од различни етнички заедници, невладини организации, политички подмладоци, училишта, деца правобранители од градов добија теоретски и практични знаења како да се справуваат со оваа за жал се позачестена појава. Според обучувачот против говор на омраза од Младински совет Охрид, Вахид Мемед, говорот на омраза кај секој млад човек е всаден од мали нозе.
“Тоа е и важноста од оваа обука, денеска покрај теорија ќе имаме и неколку практични вежби, како...
Post Views: 0
Помала плата на иста позиција во споредба со мажи на истата работна позиција, не постоење на еднаков третман и еднакви можности за кариерен развој, непостоење на разбирање за влијанието на мајчинството врз работните обврски….листата е долга за жал на права кои жените на хартија ги имаат, но во реалност не ги уживаат. Се прават чекори кон тоа и има одредени подобрувања, но родовата еднаквост според Гордана Коњановска, претседател на Советот на општина Охрид сеуште не е реалност, не само кај нас туку и во светот. Таа вели дека е факт дека жените можат подеднакво...
Post Views: 4
Летната тераса на поранешниот објект на пицеријата Немо, на спојката помеѓу улиците Цар Самоил и Коста Абраш повеќе од година дена не работи, но урбаната опрема сеуште на истата локација.
Овој факт недвосмислено го наметнува прашањето дали локалната самоуправа добива некаков надомест за поставената урбана опрема од сопственикот на истата со оглед на тоа што просторот е узурпиран иако објектот веќе не работи. Дрвената конструкција оградена со најлони служеше како летна тераса до пред околу две години за потребите на угостителскиот објект Де Лаго , кој пак беше сместен...
Post Views: 5
Живеј го животот без петарди, купи подарок-не петарди, петардите се нашите непријатели…Ова се само мал дел од многуте пораки кои денес ги испратија учениците од охридските основни училишта, како едно предупредување до своите врсници, но и до нивните родители за опасностите од злоупотребата на нелегалните пиротехнички средства. Тие рекоа дека научиле за страшните последици од употребата на петардите и токму затоа сакаат да испратат вакви силни пораки.
“Ние за петардите научивме дека се многу опасни, можат да влијаат врз нашето тело, како повреди на рака, изгореници...
Post Views: 2
Ѓомлезе, плашица, јагула, и разни други етно специјалитети приготвени за еден хуман гест. Вештите жени од 22 градови од земјава секој од својот крај ги презентираа традиционалните етно јадења, а за кои беше лицитирано. Собраните средства ќе се донираат за децата со посебни потреби токму од овие 22 градови во кои се одржуваше манифестацијата “Етно Вешта жена”. Снежана Стојаноска, претседателка на здружението “Вешта жена на Република Македонија” вели дека семејството е столбот за сите работи, па оттука предновогодишните забави кои тие ќе ги организираат...
Post Views: 4
Директорот на Општа болница со демант на изнесените обвинувања на пресот на СДСМ. Според Арнаудов, пресот на СДСМ е политички инструиран и дека граѓаните знаат дека ситуацијата во болницата не е таква каква што било изнесено на нивната прес конференција.
“Сето тоа е лага, господинот кој го даде пресот сакам да го прашам кога последен пат дојде во болницата и да види каква е ситуацијата, и не е убаво да се слушаат низ градот мислења па од тоа да се носат заклучоци кои не се издржани јас можам најодговорно да кажам дека максимално водам грижа за развојот и одржувањето...
Post Views: 4
Во повеќе одделенија во Општата болница во Охрид, како што се интерното, геријатриското и детското одделение нема греење-обвинија денес од општинската организација на СДСМ од Охрид. Портпаролот на охридските социјалдемократи, Александар Кузески вели дека хаосот што Никола Тодоров и Никола Груевски го направиле во здравството, според нив се случува и во Општата болница Охрид.
“Во ек на ниски температури, пацинетите се смрзнуваат и се оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат. Граѓаните се револтирани и со право реагираат. Тие мора сами да си обезбедуваат греалки...
Post Views: 4
Секој пијалок-мала помош но со големо значење. Денес охриѓани на кафе муабет во кафе барот Аквариус со една хумана цел. Втора година со ред, познатите личности од градов, со келнерските и шанкерските способности кои ги стекнаа на минатогодишната хуманитарна акција, вооружени со насмевка и ведрина дадоа свој придонес за помош на оине на кои тоа им е потребно.
“Секое патување почнува со првиот чекор. Се надеваме дека ќе прерасне во традиција, тоа е наша желба и интенција е да се повторуваат и да се множат вакви настани. Еве како што гледате, хуманитарниот карактер...
Post Views: 2
Топла насмевка, љубопитни прашања, мала закуска и пријателски пречек од штитениците на дневниот центар “Зраци” за сите донатори и помагачи на овој центар. По повод Меѓународниот ден на лицата со интелектуална попреченост, луѓето од Зраци организираа мала свеченост како би можеле во рамките на своите можности и официјално да се заблагодарат на сите добротвори кои во изминатиот период со својата несебичност помогнале за подобро функционирање на центарот. Не намалувајќи го значењето на секоја една добиена донација, од Центарот Зраци велат дека за нив навистина...
Post Views: 5
Помагање во подобрување на законската регулатива, подобра заштита и помош на семејствата на лица кои се трудови инвалиди. Ова се само дел од целите и заложбите на охридското здружение на инвалиди на трудот со цел унапредување на правата на трудовите инвалиди. Претседателот на ова здружение, Климо Димоски вели дека она што е особено значајно за нив е ефектуирање и ставање во пракса на законите кои постојат за заштита на нивните права.
“Настојуваме комплетно да ги заштитиме сите инвалиди, нормално не сакајќи да има нови инвалиди, но кога веќе ќе настане инвалидно...
Post Views: 1
Судските административци од охридскиот суд се приклучија на предупредувачкиот штрајк на своите колеги од останатите судови во Република Македонија, а како резултат на растечкото незадоволство од измените во Законот за судска служба кои се на сила од февруари годинава. Судската администрација бара отпочнување на постапка за измена на овој закон бидејќи според нив истиот е дискриминирачки, ја деградира професионалноста на кадрите барајќи доказ за познавања на странски јазици и компјутерско работење, потоа непостоење на одредби за додаток на плата за кариера на судските...