Post Views: 8
Интензивирање на научната соработка помеѓу Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“ и Институтот за наука и технологија од Нара-Јапонија. Ректорот на „Св. Апостол Павле“ – проф. Нинослав Марина и претседателот на Институтот за наука и технологија од Нара – проф. Наотаке Огасавара потпишале договор за соработка помеѓу двете институции.
Договорот е потпишан во рамките на посетата на ректорот Марина на Институтот од Нара, а истиот предвидува интензивирање на научната соработка помеѓу институциите потписнички, особено во насока на трансфер...
Post Views: 5
Повторно поставена урбана опрема на улицата Коста Абраш на самиот кеј од езерото. Иако станува збор за површина намената за пешаци, на оваа локација особено во летниот период се поставуваат маси и столици од околните угостителски и хотелски објекти. Комуналната инспекција летово ова донекаде го регулираше со посебниот режим на сообраќај за тој дел од градот, а сега ќе утврдува дали поставената урбана опрема на улицата Коста Абраш на самиот кеј од езерото е поставена со дозвола на општината и дали за тоа се плаќа соодветен надомест. Портпаролот на општината, Томе Џамтоски...
Post Views: 1
Евидентниот пораст на бројот на деца со аутизам во светски рамки, но и на ниво на Република Македонија се повеќе ја засилува потребата за подигнување на јавната свест за оваа состојба. Многу семејства во нашата земја за жал под превезот на интимата скришум се борат со аутизмот на нивното дете. Евиденција на децата со оваа состојба, барем во нашиот град нема. Според дефектологот Александра Апостолова која работи во дефектолошката служба при Општа болница Охрид, вели дека поради непостоењето на соработка помеѓу повеќе институции, често се губи и комуникацијата со семејствата...
Post Views: 4
Коалицијата на младински организации СЕГА ќе ги едуцира младите како правилно да го остварат своето право на глас на престојните локални избори. Оваа невладина организација во наредниот период, во осум поголеми градови, меѓу кои и Охрид, ќе се обрати директно кон младите во обид да се подигне нивната мотивација за учество на политичките избори, и остварување на нивното право на глас.
Претседателот на СЕГА, Зоран Илиески, вели дека целта на овие едукативни сесии е да се поттикне критичното мислење на младите со цел тие да можат правилно да гласаат.
„Факт е дека младите...
Post Views: 10
Територијалната противпожарна единица ќе наплаќа за вршење дополнителни услуги според утврден ценовник. Ова беше изгласано на последната седница на советот на општина Охрид на која се дискутираше по правилникот кој територијалната противпожарна единица го предложи до градските советници. Според него, единицата вршејќи ги дополнителните услуги, како обезбедување на концерти и слични други активности доколку оцени дека истото треба да биде фактурирано. Според Спасе Прентоски од ТППЕ, имале бројни случаи каде пожарникарите морале да обезбедуваат настани и концерти и по...
Post Views: 2
Програмата за управување со отпад на општина Охрид за 2016та година се чини беше точката која побуди најсериозен интерес и најопширна дискусија помеѓу градските советници на денешната 51 седница на Советот на општина Охрид. Немањето на регионална депонија што за жал постои веќе како децениски проблем на општината, како и дискусијата околу тоа дали на депонијата во Мауцкер сеуште се одлага отпад и дали е тоа само градежен или таму се одлага и комунален отпад беа само дел од темите кои ги покрена токму оваа предлог одлука која не доби зелено светло од градскиот совет....
Post Views: 1
Можност за привлекување на уште поголем број на туристи од Србија, но и конекција со остатокот од светот доколку се оствари авио линијата Охрид-Белград. Ова се предвидувањата и очекувањата кои ги има локалната самоуправа по одржаната средба на делегација од општина Охрид предводена од градоначалникот Бакрачески и амбасадорката на Република Македонија во Србија, Вера Јовановска-Типко со генералниот директор на „Етихад“ групацијата односно „Ер Србија“, Дане Кондиќ. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, кој потенцира дека оваа средба дошла на иницијатива на „Етихад“...
Post Views: 1
Покрената иницијатива за именување на некоја од главните охридски улици со името на охридскиот гемиџија Марко Бошњаков како и поставување на негово спомен обележје. Ова само како предвесник на денешното чествување на 108 годишнината од неговата херојска смрт за вечните македонски идеали. Претседателот на комисијата за одбележување на празници и манифестации, Дејан Паноски вели дека во реализацијата на оваа иницијатива ќе бидат вклучени историчарите, како и семејството на Бошњаков како би се донела најправилната одлука.
„Во иницијативата е напоменато една од главните...
Post Views: 1
Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот во интензивна соработка со повеќе институции околу реализирањето на идејата за велосипедско поврзување на Охрид и Струга. Дека постои вистинска подготвеност да се реализира овој проект говори и фактот што оваа идеја односно проект е веќе дел и од програмата на Републичкиот совет за безбедност. Замислата е ова велосипедско поврзување помеѓу двата соседни града е да се направи по стариот пат Охрид-Струга.
„Идејата е да се направи една коловозна лента, да се издвои, физички да се издвои, со соодветна сообраќајна сигнализација,...
Post Views: 5
Да му помогнеме на малиот Кирил кој само што зачекори во животот мора да се бори со тешка болест. Ова единаесетмесечно бебе чиј татко Горан потекнува од Охрид боледува од многу редок тип на малигден тумор на левата хемисфера од големиот мозок.
Неговото лекување чини помеѓу 70 и 90 илјади евра во зависност од ефективноста и начинот на лечењето. Средствата се итно потребни бидејќи лекувањето на малечкиот Кирил мора да започне наредната недела во Израел, а семејството Митрески кои моментално се наоѓаат во Киев, не можат сами да ги обезбедат овие средства. Горан и Марија...
Post Views: 4
Дали ќе станат реалност приватните замисли на наши сограѓани за изградба на нови бродови кои ќе пловат низ водите на езерото? Вакви идеи неофицијално се стигнати и до Капетанијата на пристаништата на Република Македонија од каде велат дека доколку истите се реализираат, тоа ќе значи можност на странските туристи да им се понуди една посеопфатна туристичка услуга.
„Современите текови во туризмот го чинат своето. Во Охрид има се повеќе странски туристи на кои што треба да им се понуди не само услуга транспорт туку и да им се понуди една покомплексна услуга. Така да има...
Post Views: 0
Од Мајорка, преку Барселона, до Охрид и Буково. Вака некако изгледа животната траекторија, на познатата шпанска музичарка со македонско потекло Маика Маковски. Таа деновиве беше во посета на нашата земја, и нејзините роднини во Охрид. Во Македонија, освен желбата да се види семејството ја донесе и работата. На неколку локации низ земјава, таа заедно со нејзиниот бенд снима видеа за нејзиниот најнов албум кој наскоро треба да доживее промоција.
„Бевме во Скопје, во Маврово, сега во Охрид, Битола и Буково, тоа е малото село од каде потекнува татко ми, па потоа повторно...