Post Views: 4
Контејнерот за облека веќе година дена е поставен пред Црвениот Крст во Охрид. Со него им се овозможува на граѓаните, после работното време на Црвениот крст, односно после 16 часот, како и за викендите, да ја одлагаат облеката која сакаат да ја донираат. Сашо Точков, претседателот на Црвениот крст, вели дека задоволни се од она што го донираат охриѓани но имаат и одредени забелешки, односно облеката 30% е неупотреблива.
„Наоѓаме доста материјали кои што навистина не се за никаква употреба, искрено кажано не можат да послуѓат дури ни како крпи. Од таа причина апелираме...
Post Views: 0
Уписите во Бреинобреин програмата за развој на напредни умствени вештини и способности кај деца од 4 до 14 годишна возраст сеуште во тек. Оваа програма полни пет години успешно функционира во просториите на Црвен Крст. Како што кажа инструкторот на оваа програма Валентина Кузманоска, објавуваат огласи на почетокот од учебната година, но заради големиот интерес на родителите годинава уписи има во месец февруари.
„Во тек се уписите и најдобри информации родителите кои што се заинтедресирани за прогрмата можат да добијат во сабота и наредната седмица, од 9 до 19 часот...
Post Views: 1
Охриѓани верни на старите вредности, сеуште праќаат писма и пакети. Додека на ниво на Македонија впечатокот е дека граѓаните се помалку праќаат писма и пратки, во Охрид неколку години наназад бројот на пратени и пристигнати писма и пратки во македонски пошти подружница Охрид е константен, обелоденува директорот Сејфула Хани.
„Порано имало и повеќе но се га имаме константен број и не делуваат толку значајно електронските пратки, задоволни сме од некоја страна со обичните пратки кај нас“ – вели Хани.
Охридската пошта во последно време бележи зголемување на пакетираните...
Post Views: 0
Македонија од година во година станува се поатрактивнаивна туристичка дестиницаја за светските тур оператори кои ги резервираат хотелите долж брегот на Охридското Езеро. Од 1 јануари, субвенциите од 25 евра, ќе пораснат на 65 евра за туритите, кои ќе доаѓаат со чартер летови од Израел, Австрија, Франција, Италија, Малезија, Јужна Кореја и Шпанија.
Исто така продолжува субвенционирањето за туристите од Чешка, Словачка, Унгарија, Полска и Романија, само што кај нив зголемувањето е од 25 на 35 евра. Редовно е субвенционирањето на гостите од Холандија, Белгија, Данска,...
Post Views: 0
Улицата „Живко Чинго“, е небезбедна. На дел од улицата надвиснала металната ограда од некогашната база на Трудбеник. Како што пренесоа мештаните оваа метална ограда така стои речиси една година како последица од минатогодишниот голем снег. Но не само тоа, укажаа дека оваа жица претставува и сообраќаен проблрем бидејќи не ретко кога од тука поминуваат поголеми возила се оштетуваат.
„Овде за оградава дојдоа од инспекторатот видоа, ветија дека ќе дојдат утре задутре, но од тогаш помина а неколку месеци никој не е појавен од тогаш, требало машини, па јас неможам да го...
Post Views: 1
На фактурите не треба повеќе печат, потребен е само потпис. Од 01, јануари годинава компаниите веќе немааат обврска да го користат, печатот. На фактурите за извршен промет или услуга ќе стои само целосното име, презиме и потпис на лицето кое е овластено да ги потпишува. Даночниот обврзник, односно издавачот на фактурите, овластувањето за лицето кое е задолжено за потпишување на фактурите, не треба да го заверува кај нотар;Името и презимето на овластеното лице кое ги потпишува фактурите може да биде испечатено, а потписот треба да биде своерачен. Согласно Правилникот...
Post Views: 2
Денес и официјално се изврши свечено примопредавање на детското игралиште во близина на каналот Студенчишта. Ова детско катче после цели 11 години целосно е реконструирано, адаптирано и проширено, со помош на средства во висина од 8.000 евра доделени од амбасадата на СР Германија. Проектот е реализиран во соработка со Локалната самоуправа, од Охрид. Како што нагласи првиот човек на градот Никола Бакрачески, благодарение на помошта од германската амбасада голем број дечиња ќе најдат своја рекреативна содржина како и тоа да ги изразат своите имагинации, со што би им...
Post Views: 0
Андреј, Ката, Марија, Никола, Димитар, Коста, се само дел од православните верници кои беа дел од групното крштевање на Сараиште. Годинава по шести пат во водите на Охридското Езеро, се изврши овој христијански обред на големиот празник Богојавление. Светата тајна, крштение, денес ја примија над дваесеттина некрстени лица, на различна возраст, меѓу кои верници од Кичево, Битола, Ресен па дури и соседна Албанија. Велат чуството е прекрасно а и секој кој е некрстен треба да го доживее.
„Од Кичево сум, татко ми ми кажа, и не случајно сум тука на Богојавление. Ние сме...
Post Views: 1
Поројниот дожд кој од утринава го зафати Охрид поплави и блокира влез пред дуќан на ул. Туристичка . Честите поплави, во подруми, пред влезови на објекти после врнежливо време не се нешто ново во градов. На еден таков проблем укажа нашиот сограѓанин Ментор Цаноски, кој цели 7 години при врнежи од дожд и снег се соочува со истата мака. Вели дека надлежните треба да го решат проблемот, а доколку не преземат ништо тој во иднина ќе треба да набави рибарски чизми за да може муштериите да го посетат неговиот дуќан.
„При секои врнежи на дожд и снег водата од олуците нема каде...
Post Views: 0
И покрај потешкотиите со кои се соочуваат во бизнисот, охридските стопанственици се обидуваат да се одржат на пазарот. Славко Николовски од Млечаната индустрија „Лабрадор“за телевизија ТВМ открива дека во денешни услови не е лесно да се работи, треба голема одговорност, бидејќи се соочуваат со мал пазар а исклучително висока конкуренција и присуство на голем број на фирми кои се занимаваат со производство на млечни производи.
„Потешкотија е и неможноста на овој пазар, односно малата куповна моќ која што ја имаат граѓаните и се поголемото осиромашување на купувачите,...
Post Views: 0
Охрид не може да се пофали со поволна економска клима. Доц. д-р Александар Трајков од Факултетот за туризам и угостителство потсетува дека Охрид во минатото бил град во кој, во доходот учествувале повеќе големи производствени компнии кои пред се занимавале со извоз и ги пласирале своите производи во земјите од поранеша Југославија, Европа па дури и во целиот свет. Додека пак денеска имаме мал број производствени компании и во доходот доминираат фирми кои доаѓаат од услужниот сектор, како што е туризмот угостителството, транспортот, образованието, трговијата и правните...
Post Views: 1
Дел од автентичните фенерчиња кои пред нецел месец беа поставни на повеќе улички во Варош, Месокастро, Кошишта и Канео, не светат, забележуваат Варошани. Некои од нив сметаат дека фенерчињата не се поставени стручно бидејќи каблите на кои се поврзани биле ниско поставени и при врнежи од поголем снег би можеле да се навалат и да предизвикаат проблеми. Љупчо Танески од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици тврди дека фенерчињата се стручно поставени по однапред утврдени фотометриски анализи.
„Се добива впечаток дека на дел од улиците посебно во населбата Канео...