Post Views: 9
Општина Охрид од почетокот на годинава се зафати со уредување на тротоарската површина во делови од градов. Јавните претпријатија како и дел од приватните фирми на кабелските оператори со полни раце работа. Најчесто тротоарите се раскопуваат за изведување различни подземни инсталации за потребите на одредени компании или граѓаните. Но дел од јавноста се интересира после колку време од одредениот зафат местото треба да биде вратено во првобитната состојба.
„Конкретен временски рок да сме ограничени не постои, но секако дека интенцијата е да се завршат веднаш тие градежни...
Post Views: 9
Најголемиот туристички центар, конечно ќе добие јавни тоалети. Долги години се зборува на оваа тема, а туристичките водичи се најгласни во барањето да се реши овој проблем. Мирјана Лозаноска од Центарот за развој на Југозападниот плански регион, обелоденува дека за 2016 година, за националниот буџет доставиле 6 регионални проекти, кои биле составен дел на приоритетната листа, усвоена од Советот за развој, кој го сочинуваат градоначалниците. Проектите биле позитивно оценети а во моментов само за два од нив биле одобрени финансиски средства. Еден од нив е поставувањето...
Post Views: 0
Градежната механизација на охридските јавни претпријатија од денес се пред хотел Даљан. Во текот на денешниот ден треба да пристигне камен, кој што ќе се употреби во првата фаза за санација на насипот, со цел да се заштити тлото од понатамошно ерозирање на делот од патот до Извиднички Центар. Стручни лица и претставници на Локалната самоуправа денес беа на лице место кај свлечиштето, ја согледаа состојбата на терен, односно оштетувањата на патот, предизвикани од обилните врнежи, како што кажа секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески.
„Градоначалникот Бакрачески...
Post Views: 0
Пештани доби нова градинка. Таа работи во склоп на ОУ „Св Наум Охридски“. Во овој објект ќе бидат згрижени 25 пештанчиња. Првиот човек на градот Никола Бакрачески, истакна дека продолжува нивната стратегија за доближување на условите за згрижување на деца во населените места и руралните средини, со што негата и одгледувањето на децата стана достапно за мештаните кои живеат надвор од централното градско подрачје.
Фитбекот од родителите кој што го имавме во изминатите две години покажа дека ова стратегија за отварање градинки во посебни просторни услови е ефикасна и...
Post Views: 0
Локалната самоуправа прави стратегија за преземање мерки за санација на свлечиштето на Даљан, обелоденува градоначалникот Никола Бакрачески одговарајќи на новинарско прашање на ТелевизијА ТВМ. Бакрачески појасна на што се должи ваквата состојба.
„Во текот на изминатите два месеци кога имавме услови на невреме и кога беа поплавени поголеми подрачја на градот беа преземени мерки со кои што сакавме да ги отстраниме последиците од поплавите меѓу кои и проширување на речни корита а едно од нив беше и на реката Даљан каде што експертите кои се занимаваат со оваа област...
Post Views: 0
Опасно свлечиште на патот кај Извидничко, Охрид. Состојбата со асфалтираниот пат пред хотелот „Даљан“, е алармантна. Реката Даљан, го поткопува овој потег ја нагризува асфалтираната површина, создава брза ерозија, поткопување на горниот слој од површината, а претстои и сериозна опасност од лизгање на патот и да нанесе сериозни проблеми по безбедноста на возилата и луѓето кои се движат кон Извидничкиот одред и хотелот Даљан, алармира управителката на хотелот Славица Стефаноска.
„Веќе еден месец кај што е известен Фондот за патишта и комунален развој за состојбата која...
Post Views: 3
На преминот од зима во пролет, старите охриѓани кажуваат дека не ретко од снегот што се топи по планините нашиот град го зафаќа невреме. Тогаш Охридското Езеро се бранува и на крајбрежјето носи бранови високи и по два метри. И деновиве при последното невреме кое го зафати нашиот град, дувал ветер со брзина од 80 км/час и биле забележани бранови во висина до 2 метри, информираа од охридската Капетанија на пристаништа на Македонија. Првиот човек Горан Устијаноски вели дека состојбата со пристаништата континуирано и будно ја следат нивните служби и сметаат дека охридското...
Post Views: 2
На почетоков на годинава ЕВН Македонија ги дистрибуираше новите фактури за потрошена електрична енергија на своите корисници. Новите фактури, како што информираа од ЕВН, имаат поедноставен изглед, содржат повеќе инфомации и се поконцизни. Но за дел од корисниците новиот дизајн на факрурите е сосема нејасен, неразбирлив. Граѓаните кои ги анкетиравме велат дека покрај хроничниот проблем на долго чекање со часови пред наплатниот пункт на ЕВН и прескапата тарифа за потрошена електрична енергија, ова било капак на се.
„Сепак мислам дека не е реална како што треба лично...
Post Views: 7
Украдени 30 пловидбени знаци. Станува збор за езерска сигнализација која Министерството за транспорт и врски ги постави минатата година долж ревиерата на Охридското Езеро. Капетанот на Капетанија на пристаништа Горан Устијаноски, обвинува дека жалосна е сликата кога се посегнува кон добрата кои се наменети за зголемување на безбедноста во водениот сообраќај. Тој кажа дека од ваквиот несовесен чин, капетанија претрпела штета од околу 2000 евра.
„ Станува збор за една дрска кражба посебно на предмети кои придонесуваат за безбедноста. Се работи за пловидбени знаци кои...
Post Views: 0
Нов пристап кон англискиот јазик, час за детски приказни на англиски јазик. Волонтерите на Црвениот Крст, Охрид се подготвуваат за новиот пролетен циклус од оваа програма кој започнува на 28 февруари. Станува збор за програма која се реализира уште од 2009 година, како идеја на волонтерите на Црвениот крст Охрид и волонтерите на Мировниот Корпус од САД во Македонија. Како што истакна проф. Љубинка Трпеска, часовите се наменети за најмладите, односно за дечињата од 4-7 годишна возраст. Таа додаде дека оваа програма всушност не претставува класичен курс по англиски јазик,...
Post Views: 6
Дел од охридските советници се незадоволни од писмените одговори кои ги добиваат на нивните прашањата упатени до Локалната самоуправа во Охрид. Вообичаена пракса е на седниците наменети за советнички прашања секој советник да има право да постави две а по договор и три прашања, со можност да добијат и писмен одговор, од страна на надлежните во општина Охрид. Оливија Пирузева Јанева, советничката на СДСМ посебно е револтирана на одговорот кој го добила на прашањето кое се однесува за увид во документацијата за изградба на затворениот пливачки базен, па посочи пример...
Post Views: 2
Реализација на серија инвестиции за 2016 год најави првиот човек на градот Никола Бакрачески. Дел од нив се нова марина, две катни гаражи, пешачка патека од пристаниште до Канео, Конгресен центар, како и нов објект за Домот на култура. Заедно со претходно потпишаните инвестиции за градба на покриен базен и покриен зелен пазар, нова современа авотбуска станица, како и Дом за стари лица, се решаваат потребите на градот за следните 30 до 50 години, вели Бакрачески. Една од поголемите инвестиции е изградбата на Дом за стари лица во населба Даљан, кој според најавите на...