Post Views: 7
За нецел месец, Единицата на ТПП во два наврати интервенирала при експлозија на плинска боца. Едната била на 4 ти јуни во туристичката населба Пештани, која се случила како последица на експлозија од истекување на горивиот гас пропан бутан, при што едно лице било повредено, а другата вчера, открива за ТВМ Горан Маркоски од ТППЕ. Маркоски нагласува дека голем проблем прават несертифицираните боци кои на пазарот можат да се набават по многу ниски цени, но, истите се опасни бидејќи пoстои голема опасност од експлозија на боцата, за разлика од сертифицираните боци под...
Post Views: 2
Доделени 67 решенија за работен однос на наши сограѓани од сферата на образованието. Решенијата им ги врачи градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и заменик министерот за образование Спиро Ристески, на пригодна свеченост во Локалната самоуправа. Градоначалникот Бакрачески истакна дека општина Охрид посветува силно внимание на подобрување на наставно научниот процес во образовниот систем на ниво на општина Охрид, како и во подобрување на условите за изведување на настава.
„Со тоа тие го решија нивното основно животно прашање, вработувањето, што им обезбеди стабилна...
Post Views: 3
Нема добар образовен систем без адекватно физичко и здравствено образование, истакна градоначалникот Никола Бакрачески, на денешното свечено пуштање во употреба на спортската сала во подрачното училиште „Ванчо Николески“ во Косел. Ова училиште ја доби најквалитетната спортска сала, вели Бакрачески.
„Тоа е уште еден поттик и мотивација за учениците од ова училиште да градат здрави животни навики паралелно со одвивање на квалитетна настава во делот на физичкото и здравственото образование. Со средства на МОН и дел средства на Локланта самоуправа реконструиране е училишната...
Post Views: 0
Жители на Охрид од потегот на Крст Џамија долж ул „Марко Нестороски“, утрово се пожалија дека водата од градскиот водовод е заматена и со траги на песок. Тие старавуваат за своето здравје и сметаат дека во најмала рака преку соопштение требало да бидат известени за состојба со водата дали е за употреба или не, како и за причините поради кои водата е во таква состојба. ТВМ побара одговор од ЈП Водовод Охрид.
Според информациите кои ги добивме од оддлението за односи со јавност, утрово на овој потег нивните екипи работеле на дефект, поради пукнат шибер во станбен комплекс....
Post Views: 5
Санирањето и реконструкцијата на ул „Стив Наумов“, во Охрид оди парцијално. Пред неколку дена мештаните од оваа улица, во делот позади стариот објект на некогашна Охридска Трговија во близина на Винарската визба, укажаа на сериозни проблеми со кои речиси 5 децении наназад се соочувале, од обраснатост со трева, ископан пат, немање улично осветлување, до барање за изградба на детско игралиште во т.н. краста. Љупчо Танески портпаролот на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици признава дека на делови од оваа улица треба да се интервенира со соодветна санација...
Post Views: 0
Дел од охридските плажи се подготвени за туристичката сезона. Плажата Акапулко, традиционално меѓу првите се отвора за туристите и викендов може да ги прими првите гости, најави концесионерот Љупчо Нечкоски. Според него без разлика на посетеноста, на бројот на гости, на временските услови, плажата се подготвува во текот на месец мај за да може на почетокот на јуни да отпочне со работа.
„Плажите се оштетени од самата вода и природа и потребна е голема физичка работа, посебно плажите кои се како нашата во комбинација со зеленило…сето тоа треба да се одржува максимално,...
Post Views: 7
Централната градинка при ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ ќе стане енергетски ефикасна. Во моментов тече тендерската постапка со која треба да се избере најповолен понудувач кој ќе го реконструира покривот, фасадата, дограмата, како и санитарните јазли од стариот дел на градинката, открива Розе Костеска, директорката на установата. Костеска сеуште не можеше со точност да прецизира, кој термин од летниот период ќе се изведуваат овие зафати, како и тоа во кој објект ќе бидат сместени дечињата за време на реновирањето, бидејќи тоа зависело од неколку аспекти.
„Заради безбедност на...
Post Views: 0
Работна посета и увид во градежните активности околу изградбата на најголемиот автопат Охрид – Кичево, изврши министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, во Арбиново Дебрца. Според последните податоци со кои располага министерот повеќе од 35% од севкупните активности биле завршени, додека пак преку 80% била пробиена трасата на автопатот.
„Очекувам дека оваа година околу 14 км комплетно ќе бидат асфалтирани тоа веќе го зборувам согласно динамиката, како што ги гледам можностите тоа ќе се оствари, ќе гледаме и дополнителни делници да асфалтираме или севкупно...
Post Views: 2
Охридската улица „Стив Наумов“, ископана, неасфалтирана, неосветлена, обрасната со трева, претставува голем проблем за мештаните од овој потег. Како што изјавија мештаните пред камерата на ТВМ, тие години наназад тропале на вратите на општина Охрид, со цел надлежните да ги слушнат нивните проблеми и да почнат да ги решаваат, но досега нивните напори не вродиле со плод. Ајдар Муарем жител на оваа улица, вели дека нивнито трпение веќе било при крај од слушање на разни ветувања, па токму затоа решиле преку нашиот медиум да ја информираат целата јавност како околу 20сеттина...
Post Views: 0
Вечерва во предворјето на црквата „Св.Софија“ премиерно ќе се прикаже театарската претстава „Фортуна“. Со тоа ќе се одбележи отварањето на третото по ред издание на Аматерскиот театарски фестивал „Вдиши театар“, во организација на ОО на Црвен крст Охрид. Весна Терзиоска од оваа организација појасни која е целта на дружбата на повеќе аматерски театрски групи на организациите на Црвен крст од Охрид, Ужице, Крагуевац и Суботица. Гости на фестивалот се театарските групи од Бар и Требиње кои пак со свои претстави ќе учествуваат идната година, додава Терзиоска.
„Целта на...
Post Views: 9
Затворањето на балканска рута од една страна е добро, но од друга страна пак, иницира појава на илегални преминувања, сметаат експертите по безбедносни науки. Проф Злате Димоски, од факултетот за безбедност во Битола, вели дека посебно му е мило што нашата земја многу помогнала во справувањето со човечкото зло, миграцијата, од аспект на државен проблем, но од друга страна пак, иселувањето на луѓето од сопствените домови, не е лесно бидејќи нивната мака е предизвикана од создадената криза.
„Добро е што се постави тој браник, едноставно Европа си постави свои критериуми...
Post Views: 5
Стоп за рамнодушноста – да ја сочуваме хуманоста. Ова е мотото на мисијата на Црвен крст на РМ, која се однесува на мигрантската криза, кој е во тек во нашата земја. Славица Илиќ една од 46 те обучени дисеминатори која ја спроведува кампањата во нашата ОО на Црвен Крст за општините Охрид и Дебрца, истакна дека целта на мисијата е подигање на свеста кај населението за хуманитарните потреби на мигрантите кои транзитираат низ Република Македонија, како и тоа да дисеминираат околу 3000 лица на цела територија на РМ.
„Црвен Крст во таа смисла врши само хуманитарни интервенции...