Автор: Николоска Биљана

Илјадници туристи од земјава и странство го исполнија Охрид

Post Views: 1 Балканскиот Ерусалим, блесна во Велигденски сјај. Градот полн со гости од земјава и странство. Редици од автобуси и автомобили со домашни и странски гости се слеваат по градските улици, а централното градско подрачје е преполно со гости. Продолжениот празничен викенд очигледно го донесе и првиот поголем бран на туристи во Охрид. Раздвиженост се чуствува насекаде, а гостите уживаат во прекрасното време. „Многу е убаво, доаѓаме секогаш“. Во охрид е посебно…езеро, градба, убава атмосфера, кафани…еве сега го сликав дрвото со јајца, прекрасно е. каде и да одам...

Continue reading

Андоновски ветува добар натпревар против Вардар

Post Views: 7 Во очи на најатрактивните натпревари оваа сезона утре со почеток во 18 часот на СРЦ „Билјанини Извори“ дуел на РК Охрид со РК Вардар. Освојувачот на трофејот во СЕХА лигата македонскиот првак и учесник во четврт финалето во Лигата на шампиони, екипата на Вардар гостува во Охрид во рамките на 4 тата рунда од плејофот во Супер лигата. Капитенот на „гладијаторите“, Крсте Андоновски рече дека чест е да се игра со еден гигант како што е екипата на Вардар. „На утрешниот натпревар е апсолутен фаворит но тоа не значи дека ние ќе се откажиме и дека ќе излеземе со бело знаме,...

Continue reading

Велигденски саем по четврти пат во Охрид

Post Views: 1 Плоштадот Крушевска Република во Охрид и годинава беше место каде се одржува Велигденскиот саем. Дваесеттина излагачи на празнично украсените штандови понудија велигденски украси, ракотворби, накит, традиционални охридски специјалитети. Велигденскиот саем е добра можност за промоција на нашите изработки, велат излагачите. „Изработувам од разни материјали, техниката се вика декубаж. Позната во светот, рачна изработка, главниот материјал е салфетки кои може на секоја површина да се изработува, дрвена, метална, стаклена, итн Свои штандови имаа и ОУ од градов. Учениците...

Continue reading

Претставниците на УНЕСКО остварија средба со градоначалникот Никола Бакрачески

Post Views: 3 Експертите од Комисијата на УНЕСКО, во рамки на нивната работна посета на Охрид, остварија средба и со првиот човек на градот Никола Бакрачески. Средбата градоначалникот ја оцени како мошне конструкривна, бидејќи на истата биле разгледани сите аспекти внесени во агендата кои што произлегуваат од планираните проекти. „Секако дека ги разгледавме сите пооделни точки од нивната агенда го кажвме нашето мислење во поглед на импактот кој што можат овие проекти да го имаат на заштитата на човековата околина и секако заштитата и конзервацијата на културното наследство, укажавме...

Continue reading

Експертите на УНЕСКО својата инспекција на охридскиот регион ја започнаа од НП Галичица

Post Views: 2 Комисијата на Унеско денеска ја започна својата мониторинг мисија на охридскиот регион. Прва на агендата на експертите од организацијата за заштита на светското природно и културно наследство, Галичица. Тричлената комисија оствари работна средба со раководството на НП Галичица. Средбата се одвиваше зад затворени врати а по нејзиното завршување претставниците на УНЕСКО не дадоа изјави. НП Галичица е под лупа на експертите со цел да се утврди дали и во која мера се испочитувани препораките кои Унеско ги даде во врска со големите инфраструктурни проекти кои треба да се...

Continue reading

ќе се утврдува цената на сметководствените услуги

Post Views: 2 Денес во големата сала на општина Охрид се оддржа јавна расправа на сметководителите и корисниците на книговодствените услуги. Целта беше подобрување на квалитетот на предлог-тарифникот со кој би требало да се утврди минималниот надомест за месечните трошоци за книговодствени услуги. Од Институтот на сметководители и овластени сметководители, понудија предлози во врска со критериумите за утврдување на цената на сметководствените услуги. Претседателката на ИСОС, Ленче Папазовска, вели дека тоа би значело создавање на услови за подобрување на квалитетот на книговодствените...

Continue reading

Се реконструира Домот за култура во Лешани и Злести во општина Дебрца

Post Views: 0 Општина Дебрца продолжува со градежните активности околу реконструкција на Домот на култура во Лешани. Минатата година за таа намена, Бирото за регионален развој од Скопје преку Министерството за Локална самоуправа на општина Дебрца и додели средства во висина од 3 милиони денари, а исто толку средства од својот буџет одвои и општина Дебрца. „Практично тука планираме да го сместиме училиштето деветтолетката и да имаат и самите ученици подобри услови за работа, меѓутоа оставивме и простор за жителите кои што сакаат да одржат состаноци или да се дружат, значи во самиот...

Continue reading

Во Охрид одбележан Светскиот Ден на здравјето

Post Views: 2 Децата од рана возраст треба да ги воспитуваме за опасностите кои ги демнат, како и постојано да ги предупредуваме за лоши навики кои предизвикуваат сериозни оштетувања на организмот, истакна градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, на одбележувањето на Светскиот ден на здравјето 7 ми Април. „Даваме силен допринос од една страна кон негување на здравите животни навики уште од најрана возраст и од друга страна тоа пртетставува еден од начините на кој што општеството односно заедницата ќе се бори против пориците во општеството односно против лошите животни навики пред...

Continue reading

Откриено спомен обележје на херојот од Ливоишта Благојче Крстаноски

Post Views: 10 Откриено спомен обележје на Благојче Крстаноски, херојот од Ливоишта, кој подмолно беше убиен на караулата Блаце, вршејќи ја својата должност, на 8 ми април 1999 год. Одбележувајќи ја 18 годишнината од неговиот прерано згаснат живот, денес во Ливоишта истакната личности и делегации го воздигнаа неговото име, на почесно и заслужено место во историјата на Македонија. Свое обраќање на овој чин имаше првиот човек на градот Никола Бакрачески. Тој истакна дека Благојче ќе го имаме секогаш меѓу нас, во нашите спомени кој како херој кој на олтарот на одбраната и слободата го...

Continue reading

Во потрага по внукот за филмот „Дедо и внук“

Post Views: 4 Филмската продукција од Македонија подготвува нов долгометражен филм, „Дедо и внук“ во режија на нашиот сограѓанин, Илија Пиперкоски. Станува збор за нов проект на Пандора Бокс продукција, од Македонија. Во моментов филмската екипа е во подготовки и се очекува деновиве да пристигнат во Охрид, открива театарскиот режисер од Битола, Јован Ристовски. Кастингот кој е на Катерина Грубач е во Охрид, во потрага по протагонист на ликот на детето во филмот.  „Во потрага сме по мало детенце меѓу 7 и 10 години кое има афинитети за актерска игра пред камера односно некој млад талент...

Continue reading

Свечено пречекани полските туристи

Post Views: 14 Денес на охридскиот аеродром „Св Апостол Павле“, пристигна првиот чартер авион со туристи од Полска. Традиционалниот македонски дочек, воден мост, закуска, погача и сол и торта и овој пат не изостана кој беше организиран на високо ниво од страна на ТАВ Македонија. Топло добредојде на гостите од Катовице, Полска им посака новиот министер за транспорт и вгрски Горан Сугаревски. „Нашата заложба како Влада на Р. Македонија е да го унапредуваме авио сообраќајот и да направиме колку што е можно повеќе да дојдат гости и да ја посетат нашата земја. Покрај скопскиот аеродром...

Continue reading

Во Дебрца старите куќи се пренаменуваат во туристички апартмани

Post Views: 32 Се поголемо внимание привлекува пренамената на старите куќи во туристички апартмани за сместување гости, во општина Дебрца. Субвенционирањето кое што минатата година го отпочна Владата за оваа намена, допринесе да се зголеми интересот за субвенции на селските домаќинства за туристички цели во општината, истакна градоначалникот Игор Трајкоски. Тој додаде дека со оваа мерка, како и со отворање на национални ресторани „меани“, за кои исто така се предвидени субвенции од државата, се очекува да се зголеми бројот на туристи во општината, која брои 30 села. „Министерството...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top