Автор: Николоска Биљана

„Вдиши театар“ по четврти пат во Охрид

Post Views: 16 Четвртиот младински аматерски театарски фестивал „Вдиши театар“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира од 1 до 4 јуни. Театарската завеса ќе ја крене драмата „Багаж“ , на 01 јуни кога е и свеченото отворање во предворјето на црквата Св Софија. Драмата е во текст и режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска, Јованка Сион Доленц. „Овој фестивал веќе стана традиционален и меѓународен, исто така ќе имаме присуство на гости од Суботица, Требиње, Ужице и Дубровник. Драмата е за млади луѓе кои заминуваат од нашата држава, сите тие имаат иста крајна дестинација...

Continue reading

Временото решение на пазарот ги скара дуќанџиите и работниците од градилиштето

Post Views: 1 Проблематичниот крак на ул „Абас Емин“, откако отпочна изградбата на современиот охридски пазар, се претвори во арена на конфликти помеѓу пазарџиите, дуќанџиите и работниците на АД „Илинден“. Не поминува ниту еден ден без кавга на овој потег, а утрово по се изгледа дека состојбата кулминираше, бидејќи беше повикана на помош и полицијата. Краткиот пат кој се користи како влез на тешката механизација и камионите до градилиштето на современиот пазар, служи и за дотур на роба на пазарџиите, дуќаните и маркетот. А истиот е и единствен пристапен пат на станарите кои со своите...

Continue reading

Десет години хумана мисија на охридските лајонисти

Post Views: 0 Година на јубилеи на лајонс движењето. Под мотото „Децата појасно да го гледаат светот“ охридскиот клуб одбележува десет години од своето постоење. Проектот се спроведува и на државно ниво, кој пак е во знакот на 20 годишниот јубилеј, додека пак лајнонизмот во светот бележи 100 години постоење.Денеска во градинката „Јасна Ристеска“ беа правени офталмолошки прегледи на видот кај најмалите охриѓанчиња. Претседателот на Охридскиот Лајонс клуб, Љупчо Жупан истакна дека навремените офталмолошки прегледи се од големо значење посебно кога тие се прават на возрас кој ја препорачуваат...

Continue reading

spric

Висока цена за договор

Post Views: 6 Паднаа првите високи глоби за одлагање на медицинскиот отпад. ЈП Комунално од Струга треба да плати глоба од 3000 евра, додека пак Центарот за нефрологија 2000 евра. Според претходно направен увид и утврдување на фактичка состојба од страна на државниот инспектор за животна средина Игор Трајкоски, констатирано е дека на посоченото место, јавната депонија на струшкото комунално претпријатие, има одлагање на медицински отпад. Телевизија ТВМ за овој проблем ја информираше јавноста пред околу 10 тина дена при што побара да се посочи виновникот и истиот да се санкционира....

Continue reading

Битрак: Во Македонија има услови за развој на голф

Post Views: 2 Последниве години голфот во соседна Бугарија не само што се разви туку е и магнет за туристите голфери. Покрај англичаните, русите, србите, грците, се поголем е интересот и на македонските туристи кои ги користат прекрасните голф терени кои се во рамки на познатиот туристичкиот капацитет Пирин Голф. Туристичките работници велат дека овој хотелски ресорт од година во година станува се повеќе популарен, посебно кај љубителите на голф. „Што се однесува до интересот на нашите граѓани од нашата околина, долго време беше потребно да се анимира и популаризира овој спорт, така...

Continue reading

Промовирана Националаната студија за води во Охрид

Post Views: 4 Промовирана Националаната студија за води во Охрид. Водата за пиење во Македонија има високо ниво на покриеност 90%, но во исто време постои високо ниво на исчезната вода од околу 30-75% заради дотраени водоводни ситеми. Експертите велат дека водата е важна за цела држава, а посебно за охридско – струшкиот регион. Џејмс Хант од ЕПТИСА тим лидерот на проектот вели дека снабдувањето треба да биде со квалитетна на вода за пиење која не само што е важна за граѓаните туку за туристите, додавајќи дека за да се зачува убавината на Охридското Езеро и реката Црн Дрим потребно...

Continue reading

Важноста на интернет владеењето во Македонија

Post Views: 3   Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска се обрати на отворањето на третиот регионален годишен состанок за интернет владеење SEEDIG (South Eastern European Dialogue on Internet Governance), во Охрид. Настанот се одржува заедно со  Меѓународната регулаторна конференција  (24-26 мај), во организација на Агенцијата за електронски комуникации, при што учествуваат истакнати национални и меѓународни претставници, вклучувајќи претставници од регулаторните тела од Европа, оператори од регионот, претставници на здруженија на оператори,...

Continue reading

izgorena krava

Жута го бара ветеното

Post Views: 7 Ади Жута од Велешта, живее шест месеци во неизвесност. Откако до темел му изгоре краварската фарма во струшкото село Добовјани, со што претрпел штета од 210 000 илјади евра, тој чека помош од државата. Досега во пресрет му излегла Локалната од Струга, со кој гест тој е задоволен. „Од државата после два три дена од трагедијата што се случи на фармата, ми ветија дека ќе ми помогнат и од Министерството и Владата и сега чекам реализација. Инаку од општина Струга она што Советот го изгласа да ми помогнат со 300 000 илјади денари пола ми дадоа, но секој ден чекам да рестартирам...

Continue reading

Општина Охрид ги награди најдобрите ученици

Post Views: 4 Награди за ученици кои највисоко се рангираа на регионалните и државни натпревари. За нивниот постигнат успех со кој се гордее градот , Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, денеска пред споменикот на сесловенските просветители Кирил и Методиј им додели околу 230 награди. Учениците искажаа голема благодарност за ваквото признание, а наградите за нив претставуваат мотив плус и понатаму да продолжат со успеси. „За мене овие награди се со големо значење. Им благодарам на сите, посебно на градоначалникот. Ова ме инспирира да продолжам со успеси понатака а истото им...

Continue reading

Влашката заедница денес го одбележува Националниот ден на Власитe

Post Views: 0 Денес се празнува Националниот ден на Власите. Годинава денот во Охрид ќе се одбележи со свечена академија и промоција на книга, но како што изјави за ТВМ претседателот на здружението на охридските власи „Луниња, Драган Коровешоски, активностите ќе бидат со мало одложување од неколку дена. „Оваа година се планираше промоција на некои дела важни за историјата на Власите, но поради неможост на авторите промоцијата ќе се одложи за десеттина дена кога ќе биде организирана свечена академија и промоција на делата кои се нови во врска со интернацијата на Власите во 1914 година“ Во...

Continue reading

Словенската азбука како молитва

Post Views: 0 Словенската азбука како молитва. Тоа беше тема на денешното предавање кое се одржа во охридската библиотека, по повод празникот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, кој е голем празник и во Русија. Ова е само уште еден добар повод на зацврстување на соработката помеѓу Охрид со конзулатот на руската федерација, вели Елена Обухова, административниот соработник од Рускиот конзулат. „Сакаме да покажеме дека текстот на таа азбука на глаголицата и кирилицата содржел во себе една сериозна и важна молитва како порака за сите лпи користат букви и кои пишувале и тоа...

Continue reading

Лактив Туризам за продолжување на летната сезона

Post Views: 3 Продолжување на туристичката сезона со креирање на нови туристички производи. Целна група на програмата која заеднички ја имплементира Секторот за туризам при општина Охрид и Факултетот за туризам и угостителство, се сениорите. Нашата земја заедно со европските партнери, членки на мрежата со езера, Словенија, Италија, Шпанија и Ирска, детектирале заеднички проблем, кратка сезона или сезоналноста. Со цел да го надминат проблемот петте земји се вклучија во реализација на партнерскиот проект Лактив туризам, чија што основна цел е продолжување на летната сезона.Задача на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top