Post Views: 1
Предлог одлуката за исплата на долгот на ОУ „Григор Прличев“ кон ЕВН ги раскара градските избраници. Од 36 те точки на дневен ред таа беше единствената точка по која советниците бурно расправаа. Координаторот на СДСМ Јован Стојаноски смета дека со тоа што 2 и пол години како советници кревале рака се согласувавале за исплата на долговите предизвикале само негативен повратен ефект, односно проблемот се ставал под тепих и овој пат тие гласаа воздржано, сметајќи дека еднаш пред јавноста треба да се отворат картите.
„Ние 4 години не најдовме решение за овој горлив проблем...
Post Views: 1
ОК на ВМРО – ДПМНЕ Струга и официјално има претседател. Новото освежување е Перо Петкоски, активен партиски член, досега без ниту еден белег, како што кажа советничката Лилјана Затуроска. Како што ТВМ веќе информира претседателското место на ВМРО – ДПМНЕ, предизвика голем интерес кај партиските членови и за оваа позиција се пријавија педесетина кандидати. Петкоски е еден од петмината фаворити, Стефан Томаноси, Зорица Кленкоска, Гоце Божиноски и Марко Стрезоски, кои што нашиот медиум неодамна ги објави. Петкоски подготвен за претседателската фотеља и во краткиот телефонски...
Post Views: 1
Од помодарство до пасионирани вљубеници во природата. Најчесто така се раѓа љубовта кај секој планинар кон освојување на високите врвови и љубовта кон самиот спорт, раскажува Ивица Митровски. Природата на секој му дава знаење и почит, само тоа треба да биде взаемно, додава Митровски. Алпинизот и планинарењето како спорт и како рекреација значат многу напор, вложување, енергија. За многумина искачувањето на највисоките планински врвови е доживување од авантуристичките филмови, но за оние кои сериозно и активно се занимаваат со овој спорт, значат живот, ентузијазам и мотив...
Post Views: 9
Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“, Охрид веќе една година и пол се реновира и адаптира. Во моментов во завршна фаза се градежните активности, се носи опрема, а веќе во функција е ставен и дијагностичкиот центар, открива првиот човек на оваа установа д-р Митко Тилевски.
„Овде профункционира компјутерскиот томограф, трислајсниот Сименсов, кој ни го обезбеди Министерството за здравство, исто така го имаме и новиот дигитален рентген апарат Минолта имаме и други апарати кои се веќе во функција, а пред се кои се во интерес за подобрување на дијагностиката...
Post Views: 5
Донација вредна 470.000 денари во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ Охрид. Станува збор за сонда која се употребува за поголемиот дел на медицински прегледи кои се вршат во болницата вели директорот Митко Тилевски. Тоа е во интерес и на пациентите бидејќи со неа ќе може полесно да се дијагностицираат болестите и нивните здравствени проблеми за кои доаѓаат кај нас.
„Ни донираа линеарна сонда, мулти функционална со променлив фокус која што ни беше потребна за ехото што го добивме за да вршиме иследувања кај мускулно скелетен систем, дојки,...
Post Views: 1
Незадоволни жители од Бул „Туристичка“ во близина на стара царина Охрид, реагираат до Секторот за комунални дејности, дека за да стасаат до нивните станови ги кршат автомобилите по како што кажаа импровизираното земјено и неасфалтирано патче. Од овој проблем засегнати се околу 90 станари кои по истиот пат поминуваат до влезот на нивните стнови и гаражи. Како што кажа Горан Љубисављевиќ жител на овој дел, тие пред две недели се обратиле до секторот за комунални дејности, улици и патишта со барање да им се асфалтира пристапното патче, сметајќи дека станува збор за мал...
Post Views: 2
Здравјето пред профитот. 10 илјади жители на Лабуништа секојдневно голтаат прашина од каменоломите во атарот на ова струшко село. Мештаните стравуваат од последиците по нивното здравје. Велат дека надлежните се оглушиле на нивните барања, молби и апели за изнаоѓање решение за проблемот. „Во Лабуништа имаме страшен проблем со каменоломите. Прво овде никој не е дојден ниту од Министерството за животна средина да види како живее ова село 10 000 жители и имаме 3 каменоломи. Нека дојдат од министерството да видат како живееме ние во Лабуништа и да се преземат мерки. Ние ќе...
Post Views: 9
Љубителите на ракометот ќе можат да гледаат европски натпревари во Охрид. Нашиот клуб Охрид 2013 достигна ниво кое им овозможува на ракометарите да се натпреваруваат во престижниот ЕХФ Куп. Претседателот на Управниот одбор Љупчо Танески нагласи дека овој успех не само што ќе придонесе за афирмација на спортот и туризмот во градов, туку голем успех е и за клубот и Локалната самоуправа која максимално го поддржува клубот од сите аспекти.
„Тоа од спортски аспект претставува најголем успех на една ракометна екипа од Охрид во досегашната историја на постоење на клубот. Охрид...
Post Views: 20
Обид за узурпација на спортските терени во Струга. Ова е впечатокот на струшките светници од редовите на ВМРО ДПМНЕ од денешната 38-седница. Деталениот урбанистички план за уредување на крајбрежјето на 3 километарскиот потег од Еврохотелот па се до угостителскиот објект Аквариус, предвидува изградба на хотел П+6(потровје плус шест ката) и скратување на теренот кај ракометното игралиште. Доколку планот добие зелено светло ќе замре спортот во Струга, реагира координаторот на ВМРО – ДПМНЕ, Момчило Аврамоски.
„Ние генерално целата промена не ја подржуваме не само патот...
Post Views: 6
Денес со свечен чин беше удрен камен темелник на затворениот пазар во Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески во оваа прилика кажа дека охридската градска власт ги исполнува ветувањата пред граѓаните, а градскиот пазар на охриѓани им бил ветуван неколку години наназад. Бакрачески истакна дека после една голема и комплексна постапка за реализација на овој капитален објект, граѓаните препознаваат кој работи, а кој само ветува.
„Пазарот ќе биде опремен со околу 190 тезги изработени по сите хасап и халал стандарди а во рами на објектот ќе биде изграден и подземен јавен...
Post Views: 2
Агенцијата за филм за прв пат остварува соработка со престижната професионална програма „Мидпоинт“, која што е една од водечките програми за развој на филмски проекти. Директорката на Агенцијата за филм Мими Ѓоргоска Илиевска вели дека голем предизвик е тоа што токму во Македонија се одвива една ваква значајна програма.
„Навистина се надевам дека ова ќе биде едно големо и значајно искуство за сите филмски професионалци кои се дел од работилницата. Ова ги потврдува нашите заложби, пред се заложбите на Агенцијата за филм, континуирано, покрај поддршката во однос на финансирањето...
Post Views: 3
Коалицијата на ДУИ и ВМРО – ДПМНЕ на стаклени нозе. После низата превирања кои се случија на самиот почеток од годинава, поради недавањето поддршка на буџетот на општина Струга за 2012 година од страна на советничката група на ВМРО –ДПМНЕ, во струшкиот совет се повеќе се чуствува напната атмосфера. Секретарот на општина Струга, Зоран Гулицоски во врска оваа прашање со став.
„Јас не сум политички избрана личност така да не би можел да зборувам во делот на политиките. Но колку што знам јас на седницата на советот имаат одредени партии кои што ги поддржуваат одредени акти...