Автор: Николоска Биљана

Заев во Охрид го претстави законот за јазиците

Post Views: 1 Помина предлог законот за употреба на јазиците во Р. Македонија од страна на Владата. Денес пред ресторанот „Лихнидос“ во Охрид премиерот Зоран Заев и Хазби Лика заменик претседател на Владата, задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем, ги презентираа деталите од тој Закон. Заев истакна, дека со Законот за употреба на јазиците ја унапредиле употребата на јазиците на сите заедници, како и тоа дека сите одредби во законското решение биле согласно Член 5 од Уставот од РМ. Додаде дека пакетот го пратиле на усвојување во парламентот, а откако ќе биде...

Continue reading

Пчеларството во Охрид, пред колапс

Post Views: 0 Пчеларската бранша е исправена пред колапс, коментираат пчеларите од охридско. Причина за тоа се ниските температури кои го зафатија нашиот регион кон крај на месец април, кои не дозволија пчелите да излезат од пчелните сандаци во првите пролетни денови. Тони Јосифовски претседател на охридските пчеларски здруженија, вели дека се тоа доведе и до голема смртност на пчелната популација, што загрижува. „Годинешнава реколта е катастрофална, станува збор за катастрофа. Последните надежи можат да изумрат кај голем дел од пчеларите. Катастрофални се приносите. Оваа година не...

Continue reading

dzamija

Благослов за новиот муфтија

Post Views: 19 Екс муфтијата Ферат Полиси при донесувањето на одлука за  рушење на дел на џамијата бил свесен за последиците. Како што веќе информиравме, тој потег го чинеше, негово разрешување. „Ако не го преземев овој чекор на своја рака и покрај предупредувањата на повисоките структури на ИВЗ, како и разните притисоци, муслиманите од Струга ќе се збогуваа со идејата за изградба на голема џамија во градот и центар за клањање“, истакнува Полиси.  Додава дека и покрај огромниот притисок што го трпеле, тие си го направиле своето. „Но накрај ние го направивме она што требаше сметајќи...

Continue reading

„Вивалдијано – град на огледала“ со настап на Охридско лето

Post Views: 9 Исправени пред предизвикот да се гради брендот на институцијата Охридско лето, за нас најважно е доследно да ја испочитуваме традицијата и домаќински да работиме. Денес кога престижниот фестивал Охридско лето го одбележува својот 57 роденден, продолжуваме да ја градиме вредноста на светското собиралиште на врвни уметници, истакна директорката на фестивалот Сузана Вренцовска. „Многу луѓе тука на оваа фестивалска сцена оставиле свој белег и се заслужни за успесите. Охридско лето носи околу 1000 уметници, актери, театарски работници, солисти, хористи, музичари од сите земји...

Continue reading

Андреј Стојановски победник на Илинденскиот маратон

Post Views: 7 Андреј Стојановски прв доплива на целта на 38 то издание на Илинденскиот пливачки маратон 2017. Во конкуренција на шеесеттина пливачи од неколку домашни и странски клубови кои плива во водите на Охридското Езеро, поделени во две категории, тој успеа да ја понесе годинешнава победа. Стојановски вели дека имал мала криза после олимпијадата за глуви која се одржа во Турција, но желбата да плива на Илинденскиот маратон во Охрид била појака од се, така што воопшто не му било тешко без придружба да плива. „Андреј учествуваше на Олимпијадата за глуви што се одржуваше во Турција,...

Continue reading

muzej struga

Спомен соба за Незлобински

Post Views: 18 Стружани скромно ќе го одбележат големиот јубилеј, 70 години од смртта на Д-р.Никола Незлобински. Неговото име е тесно поврзано со почетоците на музејската дејност во Струга, бидејќи тој е човекот кој ги отвора вратите на првата музејска збирка, со што биле поставени основите на музеологијата во Македонија. Финишираат подготовките за одбележување на овој јубилеј, вели директорот на Музејот, Сашо Цветкоски. Тој додава дека единствено Министерството за култура донирало средства за одбележување на овој јубилеј, а со дел од средствата била подготвена спомен собата на Д-р.Никола...

Continue reading

kamenolom

Здравјето пред профитот

Post Views: 19 Прашањето за каменоломите во струшко Лабуништа никако да се најде на дневен ред на седниците на струшкиот Совет. Советникот од Нова Демократија, Абдула Ќазимоски во неколку наврати упорно ја наметнува оваа точка. Тој воедно ја образложува итноста од дискусијата на оваа тематика  и предупредува на сериозноста на проблемот. „Незнам ако ги делиме некои работи правењето профит е секундарна работа здравјето животот на човекот е примарна работа. Ми се чини дека со ингеренции на општина Струга со нашите можности да делуваме требаше денес да се стави тоа и да се бара одговорност...

Continue reading

Топлотниот бран во Охрид го зголеми бројот на интервенции

Post Views: 4 Топлотниот бран кој деновиве го зафати охридскиот регион ги зголеми и интервенциите на медицинските тимови на интерното одделение при охридската општа болница. Колабирања, влошена здравствена состојба на хронично болни, се само дел од состојбите на кои се интервенира, вели началникот на интерно одделение д-р Виолета Милошеска. „Со високите температури и кај нас е зголемен бројот на прегледи, интервенции. Препораки се да не излегуваат на топлото време, да пијат доволно течности, да носат полесна и бела облека и доколку имаат проблем веднаш да се јават во Итната медицинска...

Continue reading

Точков: Да се користат само безбедните капалишта

Post Views: 0 Крајно време е на Охридската ривиера комплетно да бидат воспоставени безбедни услови на капалиштата. Сите концесионери треба да ги почитуваат законските одредби од правилникот кој е донесен од страна на Капетанија на пристаништата на Македонија и Министерството за транспорт и врски, укажува претседателот на Црвениот Крст од Охрид, Сашо Точков. Засега, според Точков, на охридското крајбрежје небезбедни се 30% од капалиштата, додека пак во соседна Струга и Преспанскиот регион дури над 50% од капалиштата се небезбедни. „Имаме доста неодговорни концесионери, пробавме да...

Continue reading

Ramiz Merko

ДУП-от за струшко крајбрежје-топ тема на седница на совет

Post Views: 1 Со задоцнување од еден час од закажаното време отпочна 39 тата седница на струшкиот Совет. Пардон за доцнењето немаше од страна на претседателот на Советот, но затоа пак, седницата почна со извинувања и забелешки на дел од советниците, во врска фамозниот ДУП за крајбрежниот појас. Мацески пред се од морален аспект, побара предлог одлука за поништување на предлог одлуката за НП на локалното крајбрежје. Крајна цел на ваквото барање би било да се изготви друг план кој ќе биде во  интерес на граѓаните, додаде тој. „Сакам да кажам дека ние како советничка група кои што гласавме...

Continue reading

Општа болница Охрид доби ново санитетско возило

Post Views: 4 Општа болница Охрид доби ново санитетско возило. Тоа е донација од јапонската амбасада и е во вредност од 2 милиони и 370 000 денари. Секретарот на општа болница Охрид, Антонио Наумоски вели дека возилото е единствено од ваков тип во регионот, комплетно опремено и истото ќе обезбеди поквалитетна услуга, но ќе го олесни и работењето на установата.  „После 11 години се стекнуваме со ново комплетно воило со сите стандарди кое треба да ги има едно санитетско возило.  Пред се бевме зависни од службата на Брзата помош која многупати не покриваше бидејќи немавме возило, од...

Continue reading

Драмскиот дел на Охридско лето го отвара сараевската приказна „Жаба“

Post Views: 4 „Камерниот театар 55“, од Босна и Херцеговина утре во предворјето на црквата Св Софија ќе ја изведе театарската претства „Жаба“. Оваа култна претстава една деценија ги полни театрите ширум бившите југословенски простори, а изведби имаат и во Европа. Како што нагласи драмскиот селектор на Охридско лето Зоран Љутков оваа претстава има вкупно 233 изведби. „Веројатно е многу интересно да бидете дел од еден проект кој што опстојува 10 години на својата сцена. Јас најголемиот максимум што сум го имал во една претстава е некаде околу 100 изведби, со траење од 6 години“. Претставата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top