Автор: Николоска Биљана

Дополнително ќе се регулира чистењето на дворните површини околу зградите во Охрид

Post Views: 0 Последната акција за чистење на градските површини во Охрид од страна на неформалното граѓанско здружение „Чист Охрид“ покрена иницијатива за средба со претставниците на општина Охрид, од ЈП „Охридски Комуналец“ како и со комуналните инспектори и редари. Целта на средбата било да им се појасни на активистите од Чист Охрид кои се ингеренциите на ЈП и инспекторатот во делот на јавната чистота, што на општо задоволство било позитивно прифатено, вели Стефан Маслов раководителот за јавна хигиена во ЈП. „Вчерашниот состанок беше да се стави поголем акцент на таквите површини...

Continue reading

Охрид ќе добие Центар за спасување на планина

Post Views: 0 Охрид ќе добие Центар за спасување на планина опремен со најсовремена опрема. Тоа е во рамките на реализација на билатералниот македонско-албански проект „Регионот Охридско езеро – Безбедна дестинација за авантуристички туризам”, финансиран со средства од фондовите на ЕУ преку ИПА 2 програмата за прекуграничка соработка. Со тоа ќе се добие и ефикасна служба за спасување на планина со што нашиот град ќе биде безбедна дестинација за алтернативните форми на туризам како што е авантуристичкиот, вели проектниот менаџер од македонскта страна Антонио Додески. „Основен предуслов...

Continue reading

Средношколците од угостителско во посета на Барселона

Post Views: 2 Традиционалната македонска храна создаде мост на кулинарски култури и пријателства во Шпанија. Тоа беше остварено преку посетата на средношколците од угостителското училиште „Ванчо Питошески“ кои 21 ден беа гости во хотелелот „Кампаниле“ во предградието на Барселона. Посетата на Барселона беше едно огромно позитивно искуство за учениците вели проф. Благоја Јорданоски. Додаде дека учениците од различни образовни профили биле работно ангажирани на разни позиции во хотелот како рецепционери, готвачи, келнери и др. Јорданоски вели дека имале можност да ги увидат сличностите...

Continue reading

Фатен разбојникот кој ограбуваше банки и казино

Post Views: 2 Фатен разбојникот кој ограбуваше банки и казина во Охрид, Струга и Кичево. Сторител на кражбите е триесет и четиригодишниот Ч.Д. од струшкото село Ливада, кој вчера бил уапсен од страна на полицијата во Кичево откако претходно извршил грабеж во експозитурата на „Шпаркасе банка“, како што информираат од СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димоски кажа дека денес против него била поднесена кривична пријава поради сторено казнено дело разбојништво. „Кај него се пронајдени пари ставени во најлон кеса претходоно одземени од банката, исто така пронајдени се наочари, нараквици, капа...

Continue reading

Merko sednica

Струшките советници го подржаа ребалансот на буџетот

Post Views: 3 Струшките советници со низа забелешки во врска со ребалнасот на буџетот за 2012. Но и покрај тоа советниците го поддржаа. На Денешната 45 та по ред седница на струшкиот совет се направи математика на приходната и расходната страна на годинешниот буџет за третиот квартал. До крај на годинава остануваат нереализирани 900 000 евра, забележува советничката од редовите на ДУИ Љуљзиме Зулали, која воедно и прашува како ќе дојде до нивна реализација, од продавањето на неизграденото земјиште во индустриската зона. Оваа не е единствена забелешка на Зулали. „Исто така суштинска...

Continue reading

На Прличевите беседи, промовирана книгата „Сага за Охрид“

Post Views: 0 На Прличевите беседи, настан кој се случува во рамките на одбележувањето на 125 годинишнината од смртта на нашиот преродбеник и поет од 19 век Григор Прличев, беше промовирана книгата „Сага за Охрид“, од авторот Валентина Нелоска. Чест е да се биде дел на една од најзначајните манифестации на град Охрид, но и на цела Македонија, вели авторот. Неловска со нескриени емоции кажува дека инспирацијата за книгата ја црпи од нејзината неизмерна љубов кон Охрид, со сеуште свежи спомени онаков каков што таа го познава од нејзиното детството поминато во близина на хотел Палас,...

Continue reading

bista

8 ми Ноември светол датум за Струга

Post Views: 1 8 ми Ноември светол датум за Струга. Пред точно 68 години на овој датум беше ослободена Струга. По тој повод во организација на Сојузот на струшките борци со низа свечености се одбележа овој ден. Најпрво беше положено свежо цвеќе пред бистите на паднатите борци, па се оддржа свечена академија и на крај во просториите на Сојузот на борците имаше и коктел за членството и присутните гости. Претседателот на борците од Струга, Ајредин Мемеди, истакна дека добро е на еден ваков ден да се каже за историскиот момент за ослободувањето на градот и за тоа како одекнала веста во...

Continue reading

Голем пожар во центарот на Охрид

Post Views: 1 Се запали куќа во Месокастро, во центарот на градот. Едно лице со возило на Итната медицинска помош веднаш било пренесено во Општа болница Охрид, поради вдишан чад и изгореници со кои се здобил обидувајќи се да го гасне пожарот.Др Милчо Стефановски, од хируршкото одделение за ТВМ информира дека лицето на 63 годишна возраст е во стабилна состојба. Бил примен во состојба на шок со изгореници на главата, лицето , градниот кош и рацете. Му била дадена соодветна терапија и ќе биде задржан за понатамошни испитувања. Пожарот го пријавиле соседите. Поради специфичноста на тесните...

Continue reading

Како до поголеми можности за искористување на европските фондови

Post Views: 1 Денеска во Струга се одржа средба со градоначалниците од Југозападниот плански регион, посветена на можностите за поголема искористеност на европските фондови за реализација на проекти на локално и регионално ниво. Деветте општини од југозападниот плански регион досега од 2014 до 2020 искористиле околу 10% од расположливите средства од ЕУ наменети за Македонија. Додека пак од 2007 до 2013 искористеноста на средствата од европските фондови била околу 40, посочува Стојан Савески од Центарот за развој на Југозападниот плански регион. „Во овој нов програмски период до 2014...

Continue reading

Pero Petkoski DPMNE

Дали ќе има интерпелација за претседателот на струшкиот совет?

Post Views: 4 Струшките вмровци ќе ја преиспитуваат поддршката што му ја дале на актуелниот претседател на Советот на општина Струга,Џеваир Беќири. Претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Струга, Перо Петкоски во име на својата партија изјави оти го осудуваат според нив недоличното однесување на институцијата, Претседавач на совет кој на последната седница каде се водеше жестока битка за одлуката за покачувањето на цената на водата, дозволи седницата да биде прекината на сред поединечно гласање. „При последното гласање за одлуката за покачување на цената на водата каде Претседателот...

Continue reading

Штрајк на работниците од затворениот пливачки базен

Post Views: 6 Триесеттина градежни работници, ангажирани од скопската компанија „Бауер“ која работи на затворениот пливачки базен во Охрид денеска излегоа на штрајк, незадоволни што компанијата не им исплатитла две плати, регрес и хранарина. Уште од вчера тие ги бојкотира редовните активности, бидејќи компанијата не го исполнила ветувањето дека ќе им ги исплатат платите пред новогодишните и божиќни празници. „Плати немаме, регрес не… не лажеа дека ќе имаме регрес и дека најдоцна до 31 јануари ќе ни биде исплатен, а сега ни велат дека нема односно дека не ни следува“. Работниците...

Continue reading

Се рехабилитира патот Охрид – Св Наум

Post Views: 2 Деновиве се рехабилитира дел од регионалниот пат Охрид – Св Наум. Станува збор за санација на 6 км коловоз од бензиската пумпа Билјанини извори до Коњско, информираат од Градежното претпријатие Илинден, Струга, кои ги изведуваат зафатите, по претходно добиен тендер од ЈП за Државни патишта. Директорот на компанијата Раде Трајкоски за ТВМ информираше дека во моментов го чистат патот, ги гребаат и пополнуваат дупките за да може да се стави нов слој на асфалт на овој потег. Трајкоски кажа дека според предвидената динамика до крај на месец април ќе завршат со реализација...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top