Автор: Николоска Биљана

Угостителите и општина Охрид на чекор пред конечен договор за утврдување на надоместокот за поставување урбана опрема

Post Views: 7 Угостителите и општина Охрид на чекор пред конечен договор за утврдување на надоместокот за поставување урбана опрема. Вчера во големата општинска сала претставниците од Здружението на угостители „Охридски еснаф“ одржаа средба со градоначалникот Јован Стојаноски на која беа отворени повеќе прашања од угостителската проблематика, посебно во делот на надоместокот за поставување на урбаната опрема. Градоначалникот истакна дека оваа средба можеби требало да се случи порано, со цел да се избегнат сите недоразбирања, додавајќи дека на истата се постигнало доближување до ставовите...

Continue reading

Додевски: Обучените водичи за планина се гаранција за безбедност на клиентите

Post Views: 15 Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина, изминативе 4 дена беше под мониторинг од експертска група на Меѓународната Унија на интернационални водичи во планина. Тие вршеа увид врз работењето на македонската асоцијација, а истовремено биле присутни за време на спроведувањето на обуката со новата генерација кандидати за водичи на планина што се одржа на Шар Планина, како што појасни претседателот Константин Циривири. Тој кажа кои се очекувањата од оваа посета. „Тие ќе дадат свое објаснување за организацијата за професијата интернационален водич во...

Continue reading

Филипче најави надградба на „Мој Термин“

Post Views: 0 Министерот за здравство Венко Филипче при неодамнешната посета на Оштата болница во Струга најави надградба на „Мој термин“. Тој појасни дека со надградбата на овој електронски систем ќе бидат воведени нови функции, а ќе биде унапреден и досегашниот систем. Според Филипче со новата надградба министерството ќе има централна контрола и увид во се со што располага ресорното министерство во секој момент. „Да не биде само систем со кој што само ќе се упатуваат пациентите туку да биде вистински електронски систем кој што ќе ги интегрира сите здравствени институции во нашата...

Continue reading

Охридското Езеро има капацитет за развој на риболовен туризам

Post Views: 0 Охридското Езеро има капацитет за развој на риболовен туризам. Се поголем е бројот на странски туристи кои се заинтересирани за спортскиот рекреативен риболов на Охридското езеро. Но и воопшто, во нашата земја со сигурност може да се каже дека постојат страствени вљубеници во овој спорт, кои на рибарење доаѓаат подготвени со соодветна опрема, вели Љупчо Стојкоски, риболовен водич. Тој додава дека покрај спортскиот риболов на најстраствените риболовци им даваат можност да се запознаат и тајната на ловење со блинкер, која е мошне специфична и многу стара. Праксата покажува...

Continue reading

Здружението „Инклузија“ бара Комисија за односи меѓу заедниците

Post Views: 0 Денес на едно место етничките заедници беа дел од дебатата „Унапредување на правата на заедниците и улогата на комисиите за односи меѓу зедниците во локалните самоуправи.“ Претседателот на Здружението „Инклузија“ Вахид Мемед, истакна дека досега немало ваква дебата на која се говори за правата и можностите на етничките заедници, како и за механизмот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, во однос на подобрување на правата и културниот идентитет. „Мислам дека на некој начин малку се заборавени етничките заедници. Да не заборавиме дека на пописот од 2002...

Continue reading

dzevair

Колку чинат новогодишните пакетчиња за струшките советници

Post Views: 1 За градот 600 000 денари, а за советниците 800 000 денари. Советот на општина Струга на последната седница даде зелено светло за искористување на средства во висина од 1 400 000 илјади денари само за Новогодишниоте празници. Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко уште пред да се изглсаат точките кои се однесуваа за овие средства ги поддржа советниците. „Сигурно ние сме дале предлог ќе видиме што ќе одлучи советот и што ќе побараат советниците тоа ќе го направиме се надевам дека ќе има добро расположение“-вели Мерко. Двете предлог барања беа на претседателот на Комисијата...

Continue reading

Божиновски: СДСМ и Министерството за култура направија културна деградација на Охрид

Post Views: 8 За СДСМ и министерот Роберт Алаѓозовски не се важни граѓаните и во кои рамки ќе се движи културниот живот во Охрид. Тие не сакаат Охрид и охриѓани, како и сите граѓани на Република Македонија и бројните странски посетители да го спознаат бисерот на културата преку бројните афирмирани културни манифестации, обвинија на денешната прес конференција од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. „Во Годишната програма за култура за 2018 година, на Националната установа фестивал „Охридско лето“ од Министерството за култура и се доделени 23 милиони денари, наместо предвидените 53 милиони денари....

Continue reading

Оштетена патеката Лабино – Канео

Post Views: 2 Оштетен дел од пешачката патека Лабино – Канео, во стариот дел на градот. Непознатите сторители очигледно знаеле што прават бидејќи од заштитните огради отштрафиле дел од штиците, а истото тоа го направиле и на дел од клупите. За состојбата запознати се од Локалната самоуправа на Охрид. Томе Наневски од Секторот за комунални дејности вели дека секогаш ќе интервенираат онаму каде што има потреба, но сепак повика на поголема свеснот кај граѓаните и им порача да водат сметка, за патеката која е една од најпосетуваните, не само до охриѓани туку и од бројните гости. „Локалната...

Continue reading

struga

Иницијатива за вракање на Аџовата чешма во Струга

Post Views: 17 Стружани покренаа иницијатива за обновување на Аџовата чешма. Некогаш оваа чешма постоела на почетокот на Струшката чаршија на главната раскрсница, точно на аголот каде што денес се наоѓа дуќанчето за изработка на клучеви на фамилијата Чурковци. Некогаш во Струга постоела Аџовата чешма. Денес ја нема. Но постојат сведоци кои се сеќаваат на неа, кога како деца тука се собирале да ја згаснат жедта, а и да погледнат некоја убава стружанка која од тука полни вода. Еден од нив е Абаз Цаноски, кој своите сеќавања за Аџовата чешма за да не ги заборави, ги ставил на хартија. „Што...

Continue reading

Новинарите и обвинителите ја подобруваа соработката

Post Views: 1 Новинарите и обвинителите два дена во Охрид расправаа како да се подобри комуникацијата на овие две професии што е предуслов за поголема заштита на човековите права и слободата на изразување. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани посочи дека, само добро обучени и информирани новинари за своите права и одговорности можат професионално да ја обават новинарската професија. Тој додаде дека праксата на Европскиот суд може да им помогне да не прават грешки и да не ги прекршуваат правата на другите. Селмани рече дека работилницата во Охрид е во насока на зајакнување на започнатиот...

Continue reading

МЈП „Проаква“ почна да го решава проблемот со загубата на техничката вода

Post Views: 2 Загубите на вода во охридско струшкиот регион се големи. Тоа пред се се должи на застарениот цевковод, но одредени проблеми има и во новоизградениот систем. Проблемот со неприходната вода во водоснабдителните системи е еден од најголемите предизвици со кои се соочува МЈП „Проаква“, вели директорот Владимир Алексијоски. Тој посочува дека податокот за количината на неприходна вода од 50-60% во просек од произведената и внесена вода во водоснабдителните системи во Охрид е алармантен и јасно укажува на тоа дека неопходно е да се преземат итни мерки за намалување на неприходната...

Continue reading

sudenje

Епилог за настанот Пливалиште

Post Views: 19 Затворен случајот Пливалиште. Денес во Основниот суд во Струга од страна на судијата Живко Аврамоски кој го водеше претресот за случајот Пливалиште беа изнесени завршните зборови за овој настан. Ослободени од обвинение се Гоце Јанески и Климе Миладиновски, бидејќи не се докажало делото за кое се теретат. Единствен кој го понесе цел терет на свој грб околу несреќата, а кој воедно е прогласен за виновен е Цвете Вранишкоски. Нему струшкиот суд му изрече затворска казна во траење од 3 години, за сторено кривично дело тешки дела против општата сигурност на луѓето, поради...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top