Post Views: 5
Споменикот на револуцијата во Струга претворен е во невидена руина. Местото на градскиот плоштад, каде до пред само некоја година постарите стружани враќајќи се од пазар да се одморат и да се напијат голтка вода, а помладите да се состанат и разменат по некој муабет, не само што ја грди сликата на градот туку претставува општа опасност по безбеднодта на луѓето. Расфрлан отпад насекаде, искршени плочки и фрлени во фонтаната која одамна не е во функција, отворени дупки долги дури и по два метри а длабоки по половина метар, шахти, искршени столчиња и што уште не, се дел...
Post Views: 2
Египќанско ромските организации од Македонија и Албанија, потпишаа меморандум за културно просветна соработка. Првиот состанок на овие организации се одржа во Охрид. Претседателот на здружението на охридските роми Нијази Таип, изјави дека ова е само еден почекток на соработка на крајезерските градови, кој понатака ќе се прошири и во останатите општини во нашата и соседната земја.
„Имаме заеднички проекти, пример ќе се договориме за заеднички настап на Охридско лето, ќе ги презентираме носиите на Албанија и нашата, па планираме со играорните групи да размениме некои приредби,...
Post Views: 0
Пролетната дератизација во Охрид ќе се спроведе во месец мај, информираат од Центарот за јавно задравје. Како што е познато глодарите покрај штетата која ја предизвикуваат, се и преносители на околу 40 различни болести кај човекот, дирекно или преку вектори. Според Законот за заштита на населението од заразни болести, за дератизација на населбите и околината е надлежна Општината, со стручна и техничка помош на Центарот за јавно здравје. Годинава, исто како и минатата година, системска дератизација ќе се изведе на околу 3000 шахти во градов, вели епидемиологот Јованка...
Post Views: 1
Во денешно време се повеќе се слуша гласот на потрошувачите, кои што бараат дигиталните играчки посебно оние за децата да бидат со многу пострикни и појаки стандарди во поглед на базата на податоци. Денес на Факултетот за туризам и угостителство, претставници на организацијата на потрошувачи на Македонија одржаа јавна трибина на која пред студентите презентираа начини, како да го направиме дигиталниот пазар пофер за потрошувачите. Претседателката на ОПМ Маријана Лончар Велкова се осврна на тоа што значи интернет купувањето кај нас, а што во светот. Таа нагласи дека нашата...
Post Views: 1
Не постојат закани од нов мигрантски бран на „балканска рута“, истакна Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој за време на генералното собрание на шефовите на полициите од државите на ЈИЕ во Охрид порача дека Македонија е подготвена во секој момент соодветно да реагира доколку мигрантската криза добие на интензитет.
„Немаме никакви најави кои што можат да не загрижуваат во смисла на енормно згоелмување на бегалци кои што би можеле да бидат на нашата границата. Ние сме подготвени, бидејќи таа мигранска криза може да добие на интензитет во секој момент нашите...
Post Views: 2
24 имиња на првите албански просветители од времето на 1940-1950 година, да се стават на спомен плоча, во атарот на струшкото О.У. „Браќа Миладиновци“. Идејата ја предложи советникот на Нова Демократија Хинор Кица, на 48 та седница на Советот, по барање на поранешни просветни работници од Струга. Советниците се најдоа затечени од овој предлог, бидејќи истиот на бил спомнат на координацијата пред седницата.
„Е сега зошто ние закаснавме, се работи за технички проблем не успеавме на координацијата да ги известиме другите советници за подеталните информации. Ова беше технички...
Post Views: 13
Влезот во стариот дел на Охрид преку Горна Порта, деновиве го блокира тешка механизација, реагираат мештаните од овој дел на градот. Поесбно возачите посочија дека чекаат и по неколку минути додека помине камионот натоварен со градежни материјали или со градежен шут. Исто така мештаните стравуваат дека поради тежината на товарот што го носат камионите, патот може да попушти. Од Секторот за комунални дејности, раководителот Томе Нанески појаснува дека за старото градско јадро пропишани се одредени правила кои мора секој инвеститор или изведувач да ги применува.
„Возила...
Post Views: 0
Во Струга под итно треба да се постави ред во комуналните дејности. За таа цел советот на општина Струга даде зелено светло на одлуката за воспоставување на комуналниот ред, за што пак општината има потреба од назначување на комунални редари. Секретарот на општина Струга Зоран Гулицоски, рече дека мерките за спроведување на комуналниот ред се важен сегмент за спроведувањето на законот.
„Ако до вчера се жалевме дека немаме соодветни законски решенија по однос на комуналните инспекции и дека имаме одредени активности кои што не можеме да бидеме истовремено ставени во...
Post Views: 7
Малку е направено за искористување на еколошките вредности во Дебрца. Исто така затајува и нивната промоција, пренесува првиот човек на оваа општина Зоран Ногачески. Но, градоначалникот открива дека оваа слика на почетокот на месец мај ќе се промени, односно, општина Дебрца отпочнува проект за заштита на биолошката разновидност во пограничните подрачја. Проектот ќе се реализира со Р. Грција, а носител е општина Дебрца заедно со Шумарскиот факултет и НП „Јасен“, а од грчка страна општина во близина на Солун, Терми и нивниот национален институт за биологија.
„Важно е дека...
Post Views: 8
Време е за дезинсекција во Охрид. Заради обилните дождови одложена е ларвицидната дезинсекција информираат од Центарот за Јавно здравје. Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска вели дека дезинсекцијата била планирана за март месец, но истата ќе се направи за околу една недела. Таа убедува дека граѓаните навреме ќе бидат превенирани од болестите кои може да ги пренесе комарецот.
„Оваа ларвицидна дезинсекција се изведува со биолошки препарат а не со хемиски, препаратот е одобрен од СЗО и Бирото за лекови, не е штетен за околината нити за останатите инсекти, еколошки. Ќе бидат...
Post Views: 1
Струшките советници не попуштаат. Ниту пред истекот на нивниот мандат, кога станува збор за забелешки кои според нив се од суштинско значење за граѓаните, на денешната 48 редовна седница тие го изразија својот револт поради неприсуството на изготвувачите на програмата за 2013 год, од двете ЈП „Комунално“ и МЈП „Проаква“. Љуљзиме Зулали од ДПА вели дека ваквиот однос од нивна страна е крајно несериозен, посебно посочувајќи го ЈП „Комунално“, за кое претпријатие имала неколку сериозни забелешки и не е задоволна од одговорот на нивниот претставник. Зулали посебно го...
Post Views: 0
Охридската пастрмка сеуште останува загрозен вид во Охридското Езеро, додека пак белвицата ја има и не претстои опасност од нејзино исчезнување, тврди концесионерот на Охридското Езеро, Ристе Танасоски. Тој укажува дека состојбите со рибниот фонд во езерото за жал сеуште не се средени поради институционалната неусогласеност за повеќе прашања кои последнава година прераснаа во сериозни проблеми.
„Кога ние дојдовме во 2012 не можевме да изловиме ниту килограм до два, тоа е реалното. Кога ја увидовме состојбата ни беше кажано да почекаме 3 години и почекавме и кога видовме...