Автор: Николоска Биљана

tribina struga

Малолетничкото престапништво во пораст

Post Views: 8 Малолетничкото престапништво во пораст. Тоа го зборува извештајот за 2013 година од државниот Совет за превенција на детско престапништво, кој изнесол фрапантни податоци. Точно тоа бил мотивот и идејата на струшките пратеници во Собранието на РМ да организираат една трибина во Струга во присуство на сите претставници кои се засегнати од појавата на малолетничко претстапништво, со цел да се осознае колку е алармантна состојбата во општината на ова поле. „Според извештајот сакам да детектирам дека најслаба алка на ова поле е Локалната самоуптрава која покажува мошне слаб...

Continue reading

soobrakajka

Две сообраќајни незгоди во Струга

Post Views: 5 Две незгоди во Струга. За нецел саат екипата на телевизија ТВМ на пат при враќање од Вевчани, се најде на лице место на две сообраќајни незгоди. Едната на регионалниот пат Струга – Дебар, во Враништа веднаш пред самата црква Св Петка, другата пак на раскрсницата во село Мислешево, во која за среќе немаше повредени само е причинета мала материјална штета. Во незгодата која се случи во Враништа повредени се две лица, кои се префрлени во Општа болница Струга, каде им била укажана соодветна помош а потоа еден од нив поради сериозноста на повредите е префрлен во Специјалната...

Continue reading

vevcani

Крвава ноќ во Вевчани

Post Views: 7 Крвава ноќ во Вевчани. Вевчанци се во шок и неверување по двојното убиство кое се случи синоќа во 21 часот и 30 мин. Крвавиот инцидент на летната бавча во кафеаната Пјаца каде што беше убиен сопственикот на угостителскиот објект Владо Попески на 43 годишна возраст и неговиот дваесет години помлад пријател Матеј Ѓурчески, вевчанци, со огорченост го коментираат. Тие и денеска сеуште не можат да си дојдат на себе после синоќешниот злостор.  „Цело село го потресе настанот, има двајца мртви и двајца ранети. Нашето село е мирно  и досега не се памети таков злочин.  Ова што...

Continue reading

rakomet

Почнува ракометната еуфорија во Струга

Post Views: 3   Ракометна еуфорија од вечерва во Струга. Започнува Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2014“ на отвореното ракометно игралиште на „Женска плажа.“ Турнирот ќе почне со ревијален натпревар меѓу домаќинот РК Струга и екипата на Металург – јуниор, по што следува свеченото отворање. Претседателот на организациониот одбор на турнирот Лилјана Затуроска, на ракометните репрезентативци им посака добар престој во Струга и успешни натпревари.  „Со оглед на тоа дека учествувааат реномирани екипи на овој меѓународен ракометен турнир со тоа покажуваме дека овој традиционален...

Continue reading

rakomet

Ракометен турнир Струга 2014

Post Views: 5 42 то издание на Ракометниот турнир Струга 2014 ќе се одржи од 13 до 16 ти август на отворениот терен на „Женска плажа“. Организаторите најавуваат дека турнирот ќе го отвори македонскиот победник на Х – фактор Адриа,  Даниел Кајмакоски. Претседателот на организациониот одбор, Лилјана Затуроска и годинава ветува интересни утакмици, а докажаните струшки љубители на ракометот веќе ги одбројуваат деновите до почетокот на турнирот. „Сметаме дека изминатите две години се направи многу на полето на меѓународниот турнир се воздигна на едно повисико ниво така да планираме тоа...

Continue reading

esej

Есејот пријателство без граници

Post Views: 0 Празник на културата во Струга. Месецот јуни не само за Струга туку и за македонските писатели е месец кој се прославува во чест на браќата Миладиновци. Деновиве се одржува осмата меѓународна литературна манифестација „Година на есејот.“ Вевчани, Струга и Охрид се местата каде се одржува оваа манифестација, годинава насловена како „Есејот пријателство без граници“. „Сите писатели есеисти и теоретичари вљубени се во Струга, како Мека, како дух, покрај оној големиот мамутски фестивал Струшки вечери на поезијата Струга навистина да го осветли тој пат да ги собери од повеќе...

Continue reading

petta privatna

Училишно рандеву на 5 та приватна гимназија

Post Views: 5 Училишно рандеву на 5 та приватна гимназија. И годинава по 5 ти пат учениците од оваа гимназија, свечено го одбележаа крајот на учебната година. Во една беспрекорна организација, со богата културно- уметничка програма, денес во хотел Дрим беа сумирани резултатите постигнати во текот на цела учебна година. Училишното рандеву е место каде што ги доделуваме наградите и прославуваме, вели директорот на гимназијата Ајет Кариманоски. Тој воедно оваа пригода ја искористи да се пофали дека за новата учебна година воведуваат три нови смерови во рамките на нивниот образовен процес. „Мене...

Continue reading

ezero

Брод од Првата светска војна крие Охридското Езеро

Post Views: 0 Артефакти од Првата светска војна крие Охридското Езеро во струшкиот дел. Годинава на нивно откривање работи струшкиот музеј „Др Никола Незлобински“. Директорот на установата д-р Сашо Цветкоски нагласи дека набрзо ќе има промоција на овој атрактивен проект кој е поврзан  со еден Европски настан, односно вклучување на музејот во одбележување на 100 годишнината од Првата светска војна.   „Тоа е една потопена композиција брод со некоклу придружни елементи и тоа е многу интересно, тоа укажува дека фронтот и дел од фронтот и овде поминувал, значи и овие наши предели биле...

Continue reading

muzej struga

Предмети од најстарата историја на градот, за прв пат пред стружани

Post Views: 2 Археолошките пронајдоци од Устието на Дрим и куќата на Караџулевци, ќе бидат изложени пред стружани. Станува збор за добро сочувани предмети од праисторискиот период, но и модерни керамички предмети од хеленистичкиот период. Првиот човек на струшкиот музеј Д-р Сашо Цветкоски вели дека тоа ќе биде една од најбогатите музејски поставки досега прикажани во јавноста за што ќе бидат испечатени и каталози, кои пак ќе бидат сведоштво за овој настан. „Пошто се работи за локалитет од праисторија, наколно живеалиште, тоа е прво наколно живеалиште што е истражувано околу брегот...

Continue reading

litija

Моштите на Св Ѓорги ја осветија Струга

Post Views: 0 Благословот на Св Ѓорѓи ја освети Струга. Овој град  вчера беше во знакот на Еордијата во чест на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, заштитникот на овој град. Илјадници верници од сите краишта на земјава и годинава ја продолжија древната традиција  која последниве 5 години повторно е возобновена со благослов на митрополитот Тимотеј. Еордијата во Струга е еден уникатен духовен настан кој што е многу повеќе од литија, вели сестра Варвара од манастирот Св Ѓорѓи Победоносец, Рајчица. Додава дека тоа е едно сеопшто славење на Св Ѓорѓи, кој трае три дена и не случајно...

Continue reading

ograbena zlatara

Пронајдено возилото и дел од накитот од оружениот грабеж во Струга

Post Views: 3 Трагите од крв сеуште стојат на плочките од струшката чаршија и потсетуваат на вчерашната драма која се случи при грабеж на златарата „Циркон“. Имено синоќа околу 18 и 30 часот, пет маскирани лица, вооружани со огнено оружје извршиле разбојништво во струшката златара „Циркон“, при што одзеле разновиден златен накит. Сторителите на разбојништвото на излегување од објектот испукале неколку куршуми, при што како што изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, тројца се повредени, еден со прострелна рана во ногата и се наоѓа во болницата „Св Еразмо“, надвор од животна...

Continue reading

stojance

Ангелов: Македонија да стане граѓанска држава

Post Views: 0 Во посета на Струга денес беше Стојанче Ангелов пртседателот на партијата „Достоинство“. На средбата со граѓаните,  Ангелов нагласи дека станало збор за еден од најголемите проблеми кои што ги мачи стружани и околината. Тоа е Законот за територијална организација донесен во 2004-та година,  со кој што според него е направена една голема неправда на овој град бидејќи со вештачки додавањето на села со мнозинско албанско етничко население, се сменила етничката структура на Општината, така да стружни трпат големи штетни последици со овој погрешен потег и погрешен закон во...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top