Post Views: 1
Силен татнеж од трафостаницата, синоќа, во два наврати, околу 1 часот и 15 минути по полноќ, ги вознемири мештаните од населбата „Гоце Делчев“, позната како бараки. Жителите на населбата не информираа дека потресот не само што ги вознемирил, туку сериозно ги исплашил така што дел од нив цела ноќ останале будни. Екипа на ЕВН од подрачна единица Охрид, на лице место пристигнала во рок од 5 минути после силните татнежи. Портпаролот на ЕВН Атанас Ковачески вели дека големото невреме што го зафати охридско-струшкиот регион, е главната причина што на одредени места биле предизвикани...
Post Views: 9
Останува отворено прашањето за решавање на проблемот со отпадот во Југозападниот регион. Од ресорното министерство за ЖСПП информираат, дека според предвидениот план има осум регионални депонии, и секој регион донесува посебна одлука за регионална депонија. Од таму појаснуваат дека во најнапредна фаза во оваа проблематика се полошкиот и југоисточниот регион. Додека пак што се однесува до останатите региони, дел одлучиле за изградба на депонијата да ги искористат ИПА фондовите, а дел од нив, меѓу кои и струшкиот регион, сеуште немаат одлука кој концепт ќе го прифатат....
Post Views: 1
Во дворот на ОУ. „Григор Прличев“, се подготвува терен за градба. Местото веќе е оградено и отпочнати се подготовките за уредување на тој простор. Охриѓани се љубоптни што ќе никне на тоа место. Дилемата ја разреши општинскиот гласноговорник Симон Илиевски. Тој нагласи дека училиштето ги започнало подготвителните работи за средување на овој простор и поставување на времена урбана опрема.
„Тука ќе се гради фудбалско игралиште, мислам покриено игралиште, тоа е проектирано според урбаниастичкиот план е проектирано отворено, на барање на ОУ „Григор Прличев“, Советот на...
Post Views: 3
Чајот во Турција е симбол на пријателство. Деновиве во земјава престојува турска делегација, по повод 100 годишнината од Балканските војни. Делегацијата воедно е и дел од кампањата на ЧАЈКУР, која во неколку града во Македонија меѓу кои и Охрид има промоција на турски чај. А во Охрид ги пречека почесниот конзул на Р. Турција Абдураман Бајрактар. Тој рече дека оваа посета е од огромно значење за земјава и дека се потрудиле да бидат добри домаќини.
„Оваа посета е значајна за овој регион и дава можности за засилување на односите помеѓу двете земји“-истакна Бајрактар.
Турската...
Post Views: 3
Одбележан 6 ти септември, денот на формирањето на шестата бригада. Борците и поддржувачите на делата на НОБ од охридско-струшкиот и регионот на Дебрца, денес во простории Сојузот на борците во Охрид се собраа за потсетат на неколку значајни денови од историјата на Македонија, со посебен осврт на формирањето на шестата бригада. Никола Стефаноски потпретседателот на Сојузот на борците, потсети дека не треба да се забораваат и секогаш треба да се одбележуваат настаните каде се втемелени бројни жртви.
„Ние со посебен пиетет се однесуваме во одбележување на овие настани пред...
Post Views: 20
На булеварот Туристичка во близина на Пентекс, неколку дена надвиснува искривен билборд кој може да падне секој момент. Жителите од блиските куќи до билбордот, не сакаа да коментираат пред нашата камера, но предупредија дека местото е фрекфентно и од тука поминуваат и деца кои учат во О.У. Братство Единство, кое е во непосредна близина. Според нивните искази блибордот настрадал од патнички автобус, а тие не забележале дека некој од надлежните излегол на терен да ја согледа фактичката состојба и да направи некаков записник.
Одобренијата за поставување билборди ги дава...
Post Views: 23
Се враќа ловот на пастрмка и белвица со блинкер во Охридското езеро. Овој некогашен, можеби и подзаборавен начин на лов на риба, охриѓани, стружани па и останатите страсни риболовци, со душа го чекаат околу осум години. Директорот на Пастрмка 2012 Ристе Танасоски, кој деновиве и официјално од страна на Министерот за замјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димоски, беше назначен за концесионер за стопански и рекреативен риболов, вели дека им претстои период на одговорна работа. Танасоски за 8 ми септември го најави стартот на блинкерот и појасна што треба да направат...
Post Views: 6
Ценовниот удар на струјата ги погоди и охриѓани. Но нашиот град очигледно слабо реагира на ударот бидејќи во Охрид сеуште нема индиции за штрајк против поскапувањето на електричната енергија. Поголемите градови во земјава Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и Куманово се приклучија кон граѓанската иницијатива на здружението Аман, од каде најавија одржување на протести секој вторник. Да се надеваме дека нема да поминат многу вторници. Охриѓани ги поддржуваат протестите и доколку би имало би се приклучиле кон нив, но очигледно нема кој да ги организира.
Атмосферата во Битола...
Post Views: 3
Отворена школата за млади лидери. Охрид по трет пат домаќин на овој проект, кој важи за еден од најуспешните едукативни проекти во земјава. Школата за млади лидери е лична идеја на претседателот на Р.Македонија Ѓорѓе Иванов, како би им овозможила на младите, талентирани и амбициозни луѓе од Македонија, да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и менаџерски способности. „Со овој проект сакав да имам личен печат на извршувањето на мандатот на функцијата претседател на Македонија“-истакна Иванов. Додаде дека школата за млади ледери...
Post Views: 2
„Не знам каде веќе да се обратам“. Вака отпочна разговорот со Весна Петреска која се обрати до нашата редакција, немоќна да се справи со проблемот со кој се соочува веќе цели 5 месеци. Имено, како што кажа Петреска, поради долг на кредитна картичка, постапката стигнала до извршител. Година и два месеци, извршителот, секој месец повлекувал една третина од платата на нејзиниот сопруг, со цел да се исплати долгот кон Шпаркасе банката. Петреска вели дека тие го подмириле долгот кон банката но парите не стигнале до доверителот. Од вкупно 97 000 денари колку што му биле одбиени...
Post Views: 4
МЈП „Проаква“ на вработените месец и половина им должи плата. Вработените се соживеани со судбината на претпријатието и се надеваат на подобро, вели првиот човек Златко Старкоски. Директорот се правда дека половина година ЈП е под рестриктивни мерки за да не дојде до негово згаснување поради големите долгови, од кои претпријатието никако да крене глава .
„Можам да кажам најодговорно, со моето доаѓање во јануар месец, во јануар беше исплатена плата беа земени сини картони фебруар и се до последниот месец еднаш во месецот вработените земаат плата, нас ни остана наследено...
Post Views: 3
Општинските инспектори работат двосменски во борба против бучавоста. Проблемот е евидентен, но во споредба со изминатите две години драстично е намален, објаснува Танас Танасоски, раководител на општинскиот инспекторат. Тој додава дека инспекторите кои се под негова капа, излегуваат на терен од 22 до 4 часот наутро, за да ги контролираат угостителските објекти и тоа допринело да се намалат проблемите околу бучавоста.
„Но сепак морам да истакнам дека неколку кафичи и понатака не се придржуваат до законските прописи односно бучавата е над онаа нормала која што е предвидена...