Post Views: 10
Одложен повторениот претрес за преметот на педофилија кој се случи минатата година во Охрид. Причина, неизготвеното вештачење од релевантниот институт во Скопје како и поради неприсуство на прво обвинетиот кој се наоѓа на неуропсихијатрискo набљудување. После изречената првостепена пресуда од страна на Основниот суд во Охрид,10 години затвор за кумановчанецот Далибор Јакимовски и 3 год и 6 месеци за струмичанецот Горанчо Ѓорѓиев, на барање на бранителите на обвинетите, предметот беше обжален. Како што ТВМ минатата година информираше, прво овинетиот Далибор се терети...
Post Views: 2
Дел од населба Даљан, Охрид, во вода до колена. Дождот кој што од утрово го зафати градов, поплви неколку влеза од станбени комплекси во населба Далјан. А тоа им донесе проблем на жителите од ул Сатеска 40. Пристапот за влез и излез од зградите е возможен само со гумени чизми до колена, а не беа ретки и оние кои боси или со изводенети обувки поминуваа низ поплавата. И не само тоа, на жителите скоро и да не им остана ништо од годинешната зимница бидејќи и подрумите и гаражите пливаат во вода. Тие се крајно револтирани, велат, проблемот е присутен со секое невреме од...
Post Views: 3
Градоначалникот Александар Петрески се попишмани. Останува неизвесно, дали ќе има или не, раскинување на договорот со концесионерот на паркинзите во централното градско јадро. Ставовите на советниците на охридскиот совет околу проблемите со паркинзите кои што во неколку наврати ги актуелизираше ТВМ, ги добивме пред и да започне 53 тата седница, на чиј што дневен ред се очекуваше расправа точно за тоа. „Денеска не видовме точка на дневен ред каде градоначалникот ќе го оствари своето ветување“, реагира координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ Дејан Паноски....
Post Views: 0
Европски ден на граѓанската правда. Основниот суд во Охрид денес по повод 25 октомври денот на правдата, од 12 часот ширум ги отвори вратите за граѓаните, медиумите и сите заинтересирани, за да се запознаат со можностите за остварување на своите права. Првиот човек на охридскиот суд, Милчо Клишески, вели одбележувањето се прави со отворени денови во судовите, на кои граѓаните можат со доаѓање на судски рочишта, преку непосреден контакт со претседателот да се запознаат со работењето на судот и функционирањето на правосудниот систем во земјава. Но ваквата практика Клишески...
Post Views: 8
Процвета алга во каналот Студенчишта. Ваквата слика не е вообичаена за овој временски период. Спортските риболовци реагираат и велат дека за прв пат забележуваат една ваква појава. Тие сметаат дека тука има огромно присуство на фосфор, не ја исклучуваат можноста дека се влеваат фекалии, органски матери и друго. Претседателот на Спортските риболовци Радован Димитриески, се заканува со кривични пријави, бидејќи смета дека тоа се должи на тотална негрижа на одговорните институции кои ништо не преземаат за она што им се случува пред нос.
„Ова е прва година, додека другите...
Post Views: 0
Денеска во просториите на ректоратот на универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје, ректорот на универзитетот професот д-р Велимир Стојкоски на студентите од факултетите од областа на архитектурата, општествените науки и уметностите им ја додели наградата 26 јули од Франк Манинг, за најдобар студент во завршната година на студии во текот на учебната 2011-2012 година. Меѓу нив се најде и охриѓанката, Марија Филева, ќерка на познатиот изработувач на охридски бисер Павел Филев како најдобар студент на Филозофскиот факултет која студира на историја на уметноста. Оваа награда...
Post Views: 15
Муслиманската капела доби темели и на тоа остана. Изградбата е стопирана скоро година дена поради немање на доволно финансии и за истата не е прибрана потребната техничка документација, информираат од ЈП „Градски гробишта“. Првиот човек на ЈП, Драган Пандески, вели дека од нивна страна вложуваат максимални напори за да се изгради овој објект, но признава дека работите одат тешко. Тој додава дека клучот за изградба е во Министерството за финансии кое не го одобрила кредитот наменет за изградба на капелата.
„Во моментов немаме изведувач. Вие знаете дека Советот на општина...
Post Views: 9
Улицата Мите Богоевски се дави во кал и вода. Неодамна крак на оваа улица, позади општината и економското училиште беше раскопан поради изведување на неколку инсталации поврзани со водоводно канализационата мрежа. Но работите застанаа во место. Мештаните на овој дел реагираат. Тие велат дека на улицата не се изведуваат зафати веќе една недела, патот е блокиран од работна машина, асфалтот зјае, фрекфенцијата на коли e невозможна а кал и вода има насекаде. Вината ја фрлаат на Локалната, бидејќи според нив, од таму им кажале дека работите се стопирани поради финансиски...
Post Views: 12
Максимална заштита на видот кај дијабетичарите. Тоа ќе го овозможи новата опрема на Министерството за здравство која е во вредност од 140 илјади евра, а е наменета за офталмолошкото одделение во општа болница Охрид. Деновиве оваа опрема веќе си го најде своето место во специјално за тоа адаптираната просторија на охридското офталмолошко одделение. Првиот човек на болницата Љубен Арнаудов, појасни колкава е важноста од поседување на оваа опрема, а посебно го истакна значењето на ласерот, кој ќе биде во функција за превенција на видот кај дијабетичарите, поточно да...
Post Views: 0
Најнаселената МЗ „7ми ноември“, заборавена од надлежните, реагира претседателот Димитрија Митрески. Тој денес отворено проговори за проблемите со кои се соочуваат мештаните на оваа месна заеница. Најсензибилниот проблем според Митрески доаѓа од комуналната сфера. „Речиси сите куќи за време на врнежи од дождови па и снег се полнат со вода и никој не води грижа, посебно не луѓето кои катадневно се фалат дека нешто прават долгорочно и квалитетно“, вели Митрески.
„Меѓутоа канализацијата е поставена посебно за фекална посебно за дождовна. На крај кога ги правеа шахтите...
Post Views: 5
Европската Комисија застана силно зад Македонија. Нашата земја го доби најпозитивниот извештај до сега, по четврти пат Комисијата одлучи Македонија да почне преговори за членство во ЕУ. Сатисфакцијата е голема, вели пратеникот во Собранието на Р.Македонија од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николовски. Тој додава дека од голема важност е што со упорност, принципиелност, децидност и непроменет став успеале придавките „македонски“ да бидат врататени во извештајот, бидејќи според него основна работа на секоја нација е нејзината самоопределба.
„Она што мене ме радува...
Post Views: 1
Даночните пријави од 01 јануари 2013 та ќе се поднесуваат по електронски пат. Тоа значи примена на новиот систем, е-Даноци кој овозможува да користите современ, ефикасен и безбеден начин на комуникација со УЈП и истовремено да заштедите време и да ги намалите трошоците на финансиското работење, информира Реина Стефаноска, шеф на службата во даночно одделение во Охрид. Таа додава дека ДДВ обврзниците имаат законска обврска ДДВ-пријавите и даночните биланси пропишани со Законот за данокот на добивка да ги поднесуваат до УЈП по електронски пат точно преку системот е-Даноци.
„Заради...