Автор: Николоска Биљана

penzioneri

Средба на пензионерите

Post Views: 1 Предновогодишна средба на охридските пензионери. Тие одржаа седницата,која беше поделена на два дела, работен и свечен. Проф. Маринела Јованоска, претседател ан Собранието на З.П. На Охрид и Дебрца повеќе се осврна на свечениот дел од седницата, поточно за главниот повод за нејзиното одржување. „Поводот беше повеќе да се собереме денеска како еден свечен чин, бидејќи нашиот претседател ја доби Повелбата Св. Климент Охридски – Патронот на градот“-вели Јовановиќ. Првите луѓе на Здружението на пензионери годинава воведоа новина во работењето. Имено претседателите на органите...

Continue reading

emo-ohrid

А.Д. ЕМО – Охрид, работи

Post Views: 9 А.Д. ЕМО-Охрид, работи. Стечајната постапка за ДООЕЛ-ите одложена за наредната година. Најновите случувања околу стечајната постапка на охридски ЕМО, можеби ќе бидат најразлично толкувани во медиумите и јавноста, но нашите настојувања ќе бидат тоа да има што помалку реперкусии врз понатамошното работење на ЕМО пред се во континуитетот и квалитетот на производството, убедува извршниот директор на АД ЕМО Зоран Филоски. Тој ја посочи причината поради одлагањето на стечајната постапка. „Привремените стечајни управители извештаите што ги поднесле во судот во последен момент,...

Continue reading

vrabotuvanje

Со обука, до работа

Post Views: 11 Во Охрид се спроведува обука за познат ртаботодавач. Станува збор за активна мерка во политиката за вработување на Агенцијата за вработување, поточно за три месечна соодветна обука кај работодавач кој има потреба од работна сила а ја нема во евиденцијта на невработеност во Центарот за вработување. Секој кој ќе биде вклучен во обуката добива по 4 400 денари додека трае истата, со тоа што заинтересираните лица имаат  можност да засноваат редовен работен однос кај работодавачот за чија што потреба се организира обуката, вели директорот на Центарот, Јован Баткоски. „Во...

Continue reading

balonigraliste

Ќе се гради игралиштето под тенда

Post Views: 5 Спортското игралиште под тенда или таканаречен балон стадион сепак ќе никне во дворот на О.У. „Григор Прличев“. Зафатите околу уредување на теренот се изведуваат на северниот дел од училиштето. Деновиве таму интензивно се гради. Постапката за изградба на игралиштето по пат на јавно приватно партнерство меѓу општината, училиштето и фирмата изведувач првично беше прекината поради недоследности. Од локалната не откриваат кои се причините за тоа. Но постапката е обновена и според градоначалникот Петрески не постои никаква пречка за изградба на балон игралиштето. „Балон...

Continue reading

opstina

Локалната без греење

Post Views: 0 Познато е дека Локалната самоуправа и подрачните единици на министерствата користат иста зграда. Според општинскиот гласноговорник Симон Илиевски во однос со обезбедување на нафтени деривати за време на грејната сезона постоел меѓусебен договор меѓу Локалната и државните подрачни единици, за тоа со која динамика треба да се финансира обезбредувањето со нафта, кој колку троши според квадратурата на работната површина со која располагаат. Договорот не бил испочитуван бидејќи министерствата до сега не си ја исполниле својата обврска поради која не само локалците туку и...

Continue reading

vrabotuvanje

Пререгистрација на невработени

Post Views: 2 Колкав е бројот на невработени кои активно бараат работа? Тоа ќе се утврди во наредниов период бидејќи заклучно со 21 декември годинава ќе се применуваат новите измени на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност кои стапија на сила на 22 септември 2012. Директорот на охридскиот Центар за вработување Јован Баткоски, вели дека измените се состојат во воведување на нов начин на евиденција на невработените лица. „Агенцијата за вработување ќе воведе два нови регистри на невработени лица. Во првиот регистар ќе бидат вклучени невработените кои активно...

Continue reading

debrca

Славна Дебрца не функционира

Post Views: 0 Селата од Дебрца отсечени од цивилизација.Мештаните  гневни на ЕВН. Покрај тешко продните патишта од снежните наноси кои деновиве го зафатија овој крај, капак на се е немањето струја но и мобилна телефонија. Дење излегуваме да ја видиме светлината на сонцето, бидејќи долгите ноќи ни се мрачни без струја, се жалат мештанит на оваа месност. „Овој живот е кучешки во седмиот век луѓето поубо живееле отколку сега. Да немаш струја то е катастрофа, до вчера бевме отсечени поради снегот. Никој ЕВН доаѓа само кога треба да исклучат, а сега ги нема неможат да го најдат дефектот....

Continue reading

ocno

Врвен офталмолог од Србија престојува во Охрид

Post Views: 17 Ставена во употреба новата современа апаратура на офталмолошкото одделение во Охрид. Дел од таа апаратура е и  најмодерниот и најсовремен ласер, на кој деновиве работи, а воедно и го обучува персоналот, истакнатиот професор д-р Светислав Миленковиќ. Професорот доаѓа од Србија поточно од Клиниката за офталмологија, која од 1999 година работи по примерот на реномирана лондонска клиника. „Тренд во европската современа дијабетологија е врската помеѓу интернистот како основен столб на се, и останатите специјалности пред се офталмологијата, неурологија и нефрологија за да...

Continue reading

bansko

Време е за зимски одмор

Post Views: 5 Градчето Банско, Р. Бугарија, сместено е во најубавиот дел на Пирин планина. Негова местоположба нуди одлични услови за планински спортови и туризам. Она што е спeцифично за ова место е хотелската база која е надолго и нашироко распространета низ целиот град но и околу него. Приказната за развојот на туризмот во Банско, започнува со влезот на капитални инвестици за изградбата на елитни хотели, апартмани, населби за одмор и модерни трговски објекти. Најголемиот луксуз во туристичката понуда на ова место го нуди групацијата „Bugariа Holiday“. Туристичката агенција „Елида...

Continue reading

belvica

Спортските риболовци реагираат

Post Views: 26 Спортските риболовци реагираат за изловот на пастрмката и белвицата за време на нивниот мрест. Претседателот на СРК „Св. Апостол Петар“, Радован Димитриески, вели дека тоа го нема никаде во светот. За него е нејасно зошто се дозволува лов на белвица 6 дена,  во шпицот на нејзиниот мрест. „Од 15 ти октомври до 1 ви декември со помош на експертите и со одлука на министерството се вршеше лов на белвица со мрежи кои се помали од предвидените. Со тоа се нарушија многу закони“ -вели Димитриески. Димитриески е категоричен дека нема да молчат и дека со сите сили ќе се борат...

Continue reading

ohrid

Петрески: ДУП-от за „Св. Стефан“, законски

Post Views: 1 Градоначалникот Александар Петрески тврди дека во врска со изготвувањето и донесувањето на ДУП  за дел од туристичкиот комплекс Св Стефан исполнети се сите законски прописи.  Тој смета дека реакцијата од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам има политичка позадина. „Јас стојам цврсто на ставот дека е направено се согласно законските прописи и дека сето друго што се обидуваат советниците на ВМРО- ДПМНЕ да го направат е кочење на развојот на Охрид и спротивно на законските прописи. Најавив и тогаш некои кривични пријави веќе се испратени за сите тие, за некои...

Continue reading

doktorka

Врвни експерти од интерна медицина достапни на охриѓани

Post Views: 7 Охридските интернисти одлично си ја познаваат својата работа. Тие денес беа пофалени од Проф. Д-р Татјана Чапароска субспецијалист пулмолог, која деновиве пресојува во нашиот град, поточно во охридската општа болница.  Д-р Чапароска во нашиот град е испратена од страна на Министерството за здравство со цел, таа, на помладите доктори да им пренесе дел од своите искуства. Чапароска задоволна од приемот на целокупниот персонал, како и од организационата поставеност на интерно одделение во општата болница. „Помалку имаме пациенти кои се испраќаат од центрите како што е Охрид,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top