Post Views: 1
Вчера требаше да биде првиот ден за риболов на Слатинското Езеро. Наместо тоа рибниот фонд ќе се излови бидејќи езерото е пред еколошка катастрофа, открива претседателот на здружението на рекреативни риболовци Св Апостол Петар, Радован Димитриески. Според него ваквата состојба се должи на непреземањето мерки за санација на пукнатината од браната.
„Хидробиолошкиот Завод вчера на Совет донесе мислење, да рибата се излови, при што ќе се изврши здравствен преглед на рибата и капиталните примероци на краповите ќе се префрлат во дворот на хидробиолошки завод во нивното мрестилиште...
Post Views: 0
Општинскиот инспекторат со засилени контроли за сузбивање на појавата на нелегални туристички водичи. Досега не е изречена глоба, што значи дека не е најден нелегален водич вели, раководителот на инспекторатот Танас Танасоски. Додава дека инспекторите постојано се на терен, посебно на најпосетуваните пунктови во градов од страна на домашните и странски гости.
„ Се контролира најмногу стариот дел на градот, Св Наум, Заливот на коските. Овие локации се под најголем надзор од страна на нашите инспектори. Очекувам оваа година и ние како инспекторат но и туристичките водичи...
Post Views: 31
Слаба наплата за гробарина. Услугата за одржување на градски гробишта започна да се применува од 2011 година согласно одлука на Советот на општина Охрид. Директорот на ЈП Зоран Симоноски, вели дека околу наплатата на гробарината се појавиле многу нејаснотии кај лицата кои поседуваат гробно место.
„Има некои нејаснотии кај граѓаните точно, имаме секојдневни приговори граѓани кои што идат за појаснување, за што се работи сакам да појаснам. Имаме голем број на гробни места поточно некаде околу 1200-1300, кои што не се внесени во нашиот компјуерски систем и за кои ние немаме...
Post Views: 4
Како што ТВМ неофицијално дознава, општина Охрид веќе ја спроведува одлуката за раскинување на договорот за закуп на паркинг простор во централното градско подрачје со кој што во моментов стопанисува ДООЕЛ „Сузуки“, Охрид.
Согласно заклучокот на Советот на општина Охрид од 10ти Мај 2013 год, за раскинување на договорот за користење на паркинг просторот, досегашниот приватен субјект не ќе може да наплаќа за паркинг местата.
Од Локалната самоуправа најавија подетални информации во текот на утрешниот ден.
{loadposition content9}
Post Views: 4
Државниот санитарен и здравствен инспекторат се изјасни за ненадлежен во врска со документацијата од поранешната специјална детска болница во Охрид. Пред нецел месец ТВМ објави прилог за состојбата со архивата од оваа болница и поплаките од родители кои со години не можат да ги пронајдат историите на болест од своите деца, некогашни пациенти во таа установа. Тогаш од државниот архив на Македонија, подрачно одделение охрид, инаку местото каде требаше да се наоѓа документацијата соодветно архивирана, не упатија до Министерството за здравство како правен наследник на болницата...
Post Views: 1
Обнова на акцијаштвото. За прв пат во Македонија започнува иницијатива за отворање на волонтерски работен камп или продолжување на акцијаштвото кое започна во Охрид пред 30 години со организирањето на првата работна сојузна акција Охрид 1984 година. Денес во извидничкиот камп беше потпишана и декларацијата за афирмација на акцијаштвото и волонтеризмот на сите клубови учесници.
„Ја поздравуваме и прифаќаме заедничката платформа на здруженија и клубови за доброволни работни акции и волонтеризам, ги поддржуваме напорите на ОН и меѓународната заедница за промовирање,...
Post Views: 6
ЈП Нискоградба Охрид на тест пред Локалната самоуправа. Иако од основањето на ова ЈП една од дејностите е изградба, одржување, реконструкција и заштита на локални патишта, улици и други објекти, ова претпријатие од годинава за прв пат ќе обновува дел од патната сигнализација на локалните патишта.
„ЈП Нискоградба Охрид се вклучува во дел на обележување на градските сообраќајници. За почеток Локалната самоуправа го ангажира ЈП за просторот вон централното градско подрачје, од причина да ги види неговите технички и човечки перформанси со кои располага, информираат од Локалната“....
Post Views: 3
Охридскиот затвор е едниствената казнено поправна установа за малолетни лица во земјава. Отворен за соработка директорот Стефан Трпеноски, ни откри како работи ова установа во поглед на затворските, односно притворските услови на лицата кои издржуваат казна за разни кривични дела. Трпеноски во брифинг за ТВМ потенцираше дека затворот е составен од два дела затвор и притвор. Притворените лица се во надлежност на судовите на градовите од каде што доаѓаат, односно од Охрид, Струга и Дебар, додека пак затворот има обврска да се грижи за сместување, исхрана, пружање здравствена...
Post Views: 2
Класен час на генерацијата 1962/63 година. Возбуда, воздишки, искрени и срдечни прегратки и евоцирање спомени, вака денес изгледаше средбата на соучениците од петтата генерација на средното економско училиште од Охрид. Дотерани и елегантни, насмеани и среќни, тие го одбележаа златниот јубилеј – 50 години од матурата. Чуството е неописливо, ваквите јубилеи се поскапи дури од златото, вели класниот раководител Трајан Ласовски.
„Искрено јас многу сум соживеал со учениците во тоа време кога се наоѓав во економското училиште и до ден денс ме бараат и тоа ме храни....
Post Views: 8
Спортскиот центар „Билјанини извори“ денес и утре е арена на џудо борбите. Околу 500 учесници од 9 балкански земји во машка и женска конкуренција ќе земат учество на Балканското првенство во џудо за кадети и јуниори. Организатор е македонската џудо федерација во соработка сo балканската џудо федерација. Секретарот Горан Мицкоски информира дека овој настан бил предвиден уште пред две години, согласно нивната програма. Додава дека изборот за одржување на бакланското првенство во кадети и јуниори во Охрид не е случаен, бидејќи сметале дека Охрид има што да им понуди на...
Post Views: 5
Охридските матуранти и годинава традиционално танцуваа квадрил на звуците на штраусовата опера „Лилјакот“. На „матурската парада“ учествуваа 360 матуранти од гимназиските, економските и медицинските паралелки. Дел од нив за ТВМ изјавија дека овој момент долго ќе го паметат.
Пред почетокот на парадата, на матурантите им се обрати д-р Никола Бакрачески, градоначалникот на Охрид. Тој им порача достоинствено и храбро да чекорат по патот што секој сам си го осмислил, да бидат цврсти во своите одлуки за напредок во животот на начин без да бидат нарушени човековите, етички...
Post Views: 2
Охриѓани не се откажуваат од летните одмори надвор од државава. Најпопуларен избор на туристичка дестинација годинава за нив се Грција, Турција и Шпанија, велат туристичките работници. Солена вода на убаво уредени егзотични песочни плажи, маслинови дрва, а сето тоа за ниски цени. Лептокарија, Крф, Олимпик Бич, Полихроно, Певкохори се само дел од аранжманите каде охриѓани веќе се решија да го поминат својот летен одмор открива Елида Битрак, менаџер на туристичка агенција. Оваа дестианција е најпримамлива посебно пред сезоната, цените се многу ефтини, а во нив е вклучен...