Автор: Николоска Биљана

velosipedist

Велосипедска трка за хумани цели

Post Views: 0 По повод „Денот на езерото“, 21 јуни, Велосипедскиот клуб „Еко Дром“, традиционално по четврти пат ја организира рекреативната кружна тура околу Охридското Езеро. Оваа тура Охрид – Струга – Поградец ,сеуште не може да да има професионален карактер, поради недостиг на финансиски средства вели Александар Јовановски од „Еко Дром“, но сепак како организатори се потрудиле годинава да воведат новина.   „Новинка оваа година е моментот и соработката која што нашиот клуб веќе подолг период ја има со Црвениот Крст од Охрид, дојдовме на идеја овој настан да добие малку...

Continue reading

detstvo

Охридските психолози откриваат поразителна статистика

Post Views: 6   Децата од 7-12 години најзаинтересирани за надворешниот изглед. За тоа зборуваат резултатите од психолошкиот осврт, кој беше направен во рамките на акцијата „За посреќно детство“. Иако пред младите охриѓанчиња беа претставени повеќе занаети, книговез, резбарство, автомеханичарство, изработка на свеќи, сепак младите заинтересирани за маникир, педикир, фризура и шминка, открива психологот Александра Џуклеска. „Загрижувачки е тој факт што децата многу малечки, значи сеуште не се влезени во пубертет, а пројавуваат толку голем интерес за надворешниот изглед. Тоа е многу...

Continue reading

gradinka

Ќе има ли двосменско работење во градинката?

Post Views: 10 Охридската Детска градинка го опипува пулсот на родителите за воведување на двосменско работење во установата. Идејата потекна од изборната програма на првиот човек на градот  Никола Бакрачески, вели в. д. директорката на градинката Роза Костеска. „Во моментов тече една анкета со родителите кои што веќе ност деца во градинката да видиме колкав е нивниот интерес. Исто така ги злоупотребивме вашите медиуми во една прилика во која што кажавме родителите кои што се заинтересирани да се обратат во службите во градинката. Кој е заинтересиран нека дојде во службите на градинката...

Continue reading

rotari

Ротарјанците во Охрид расправаа за иднината на регионот

Post Views: 0 Ротаријанците во Охрид расправаат за иднината на регионот. Целта е да испратат порака за пријателство и мир од Република Македонија, како и за економска соработка и грижа за младите генерации. Претседателот на Ротари клубот од Охрид, Владо Павлоски, истакна дека чест е што Охрид е домаќин на еден ваков голем настан со кој се врши промоција на градот од повеќе аспекти. „Вакви настани се, би рекол ветар во грб, за понатамошна работа на сите ротари  клубови, во зближување на народите во дружење, затоа што оваа форма и ова ниво дава големи резултати во постигнување на мир,...

Continue reading

taxi

Ценовник за секое такси возило

Post Views: 17 Црвена налепница со ценовник за секое такси возило. Локалната самоуправа реши да се справи со дел од охрисдските таксисти, кои на туристите им наплатуваат повисоки од утврдените цени, но и за оние таксисти, кои за охриѓани не го подмрднуваат своето возило од место за кратките дестинации. Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески вели дека до Локалната самоуправа стигнале многу поплаки од граѓаните и туристите кои биле мета на неразумните таксисти. „Со цел да се спречи таа негативна појава за нашиот град и со тоа да се остави позитивен впечаток, ние како Локална...

Continue reading

asfaltiranje

Почна градежната офанзива во Охрид

Post Views: 1 Почна градежната офанзива во Охрид. Ќе се асфалтираат и  реконструираат 8 поголеми улици во градот. Асфалтирањето почна од ул Радојца Новичиќ односно оттука почна реализиција на првата фаза од програмата за асфалтирање на градските улици. Градежната машинерија и екипите на градежната компанија Гранит веќе се на терен. „Прва улица која ќе се асфалтира е Радојца Новичиќ во должина од 1840 метри и вкупна површина од 9200 квадратни метри. Понатаму ќе се асфалтираат улиците Петрино, со вкупна должина од 450 метри и широчина од 4,5 метри оваа улица Радојца Новичиќ е со ширина...

Continue reading

cistenje grobista

Дали ќе згасне Погребално

Post Views: 2   Финалните анализи ќе покажат дали ЈП „Погребални услуги“, ќе продолжи со работа или ќе згасне, изјави градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, на денешната средба со менаџерскиот тим, на ЈП Градски Гробишта и претставниците на охридското муфтивство. Како што е познато ЈП Погребални услуги повеќе од година дена ја изгуби лиценцата за работа, има 2 вработени и 8 члена на Управен одбор. „После преземање на мандатот, веднаш дадов налог на службите да извршат анализа на работењето на Јавните претпријатија, вклучувајќи го и ЈП Погребални услуги, јас се сложувам со вашата...

Continue reading

cistenje grobista

Се чистат муслиманските гробишта

Post Views: 7 Се чистат депониите и сметот, пред муслиманските гробишта. Целта, како што истакна првиот човек на градот, Никола Бакрачески е подеднаков третман на христијанскиот и муслиманскиот дел од гробиштата „Овој отпад е наталожен од времето на претходното раководство и како затекнат проблем, пристапивме кон негово решавање“ , додава Бакрачески. „Пристапивме со расчистување на депониите и сметот и средување на тротоарите, улиците, ивичњаците парковите во христијанскиот дел на гробиштата, сега почнуваме да го правиме истото тоа со муслиманскиот дел на гробиштаат и во таа насока...

Continue reading

volino skolo

Ново училиште во Волино

Post Views: 15 Волино ќе добие ново училиште. Објектот е од монтажен тип со добра градба и ќе претставува најсовремено училиште во општина Дебрца, истакна градоначалникот Игор Трајкоски, во неговото денешно обраќање до медиумите. Додаде дека новиот објект ќе обезбеди солидни услови за одвивање на воспитно образовниот процес. „Училиштето ќе има две училници каде што ќе бидат учениците, потоа имаме санитарни јазли во склоп на училиштето, просторија за наставниците, ходник голем. Во училиштето имаме петто-одделенска настава и учат 12 ученици. Досега учениците од село Волино настава...

Continue reading

dzubre

Градежен отпад се фрла насекаде

Post Views: 1 Дворно место од станбен комплекс на ул „Галичица“, затрупано во градежен шут. И не само градежен шут, на тоа место може да се забележи и покуќнина, кревет и сл, но и зелен отпад. Расфрлан е насекаде, како резултат на несовесното однесување на поединци, укажуваат мештаните од ова маало. Јован Наумоски и јавно проговори за проблемот со градежниот шут. „Од кога се реновираше зградата на поткровјето остана еден огромен дел нафрлан како шут, многу време е тоа, скоро две три години но сега последниве денови сите околни куќи и жители од оваа мала го фрлаат својот градежен шут...

Continue reading

izlov slatino

Се изловува рибниот фонд на Слатинско Езеро

Post Views: 9 Рекреативните риболовци од здружението Св Апостол Петар, денес отпочнаа со излов на рибниот фонд од акомулацијата Слатинско Езеро. Како што веќе од таму укажаа, Слатинското Езеро е пред еколошка катастрофа поради напукнување на браната, која го спушти нивото на водата од 9 на еден метар. Првиот човек на општина Дебрца, Игор Трајкоски, вели дека изловот на рибниот фонд е само времено решение и смета дека рибата набрзо ќе се врати во истата акомулација наесен, после санирање на браната за што потврда добил од Министерството за земјоделие. „Со напорите што ги направи концесионерот...

Continue reading

sdsm

Заев: Да ја спуштиме топката

Post Views: 0 Новиот претседател на СДСМ Зоран Заев, меѓу своите сопартијци од Охрид. Заев на денешната прес конференција кажа дека има многу поплаки од граѓани на Охрид, дека се изложени на огромни притисоци во локалните институции каде што работат. „Многу граѓани кои што немаат своја членска книшка а се вработени во локалните јавни претпријатија се деградирани од своите места, голем дел преку советот слушнавте беа принудени да поднесат оставки од своите раководните кадри, голем дел од луѓе кои немале до крај регулирано работен однос се повијувани на информативни разговори она што...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top