Post Views: 0
Традицијата продолжува. Годинава по 27 пат ќе се трча интернационалниот охридски атлетски маратон по повод 8 ми септември Денот на државноста. Како што е добро познато Охридскиот атлетски маратон започна да се организира од 1976 година и се организираше 18 години без прекин до 1993 година. Од 1993 година до 2003 година беше ставен во мирување па наредните години од 2004 година заклучно со 2010 година повторно биде успешно организиран, за да наредната 2011-та година повторно биде ставен во мирување.
„Охридскиот маратон започна со 4 маратонци, за да нивното учество со...
Post Views: 10
Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески денес ја пушти во употреба детската градинка „Развигорче“. Оваа градинка беше затворена од страна на санитарниот инспекторат и во истата беше забранет престој на деца. Проблемот е надминат вели Спасески и нагласува дека детската градинка е во фокусот на вниманието на Локалната самоуправа на Охрид на што во престојниов период посветено ќе работат.
„Со денешниот настан започнуваме една интензивна комуникација со детската градинка, во следниов период ни престои отварање на дисперзираните градинки во селата Лескоец и Велгошти,...
Post Views: 3
Драма на сред чаршија во Охрид. Се соочуваме со голема неправда од комшиите обвинува Љубица Мишева, која денес се обрати, сметајќи дека нејзиниот глас ќе допре до надлежните институции.
„Овде вратата наша ни ја рушија, ни го оштетија ѕидот комшиите, а вратата лично е наша после 60 години без дозвола ни го зедоа влезот ни ги затворија дуќаните, а ги користевме ние како сопственици. Без да знајме ние дома тие да дојдет овде да ги менвет вративе како може такво нешто какво судство е ова да го прави ова вака од свое да бега да оди под кирија. Сатовите на ЕВН и МЈП Проаква...
Post Views: 3
Процесот на легализација во Охрид се интензивира. Последниве 4 месеци Локалната самоуправа бележи нагорна линија по однос на прегледани, обработени како и комплетно решени предмети. Секретарот на општина Охрид Димитар Спасески појаснува дека наследиле лоша состојба во однос на процесот на легализација. Според него, овој процес се одвивал бавно и неорганизирано. Тоа го поткрепи со фактот дека за две години во рамките на општина Охрид, до 01 април годинава, биле издадени 600 дозволи за легализација, додека пак во последниве 4 месеци односно од 01. април до 1 ви септември, ...
Post Views: 0
Дива депонија задушува дел од просторот на НП „Галичица“. Депонијата од смет, во и околу контејнерот на патот кон месноста Велестово претставува грда слика за посетителите на паркот, но и за мештаните. И не само тоа, расфрланото ѓубре го уништува зеленилото во тој дел и претставува собиралиште на кучиња, лисици и останати животни кои за да дојдат до храна го растргнуваат и влечкаат насекаде низ зелената површина на паркот. Директорката на ЈП „Охридски Комуналец“ Елена Скрческа, вели дека неодамна оствариле средба со претставниците на МЗ со цел да се запознаат со проблемите...
Post Views: 41
Не смее да згасне пливањето во Охрид, колевката на познатите охридски маратонци. Кон тоа тежнее проф Соња Думбалова Делова. Доколку летово го посетивте базенот Атина Бојаџи, неизбежна ќе ви беше средбата со неа и бројната група на деца, кои беа желни да научат да пливаат. Сега на самиот крај од сезоната Думбалова ги сумира резултатите од летната пливачка школа „Делфина 2012“, односно како што и самата кажа, горда што 320 деца ги научи да пливаат.
„Многу успешно со многу голема бројка на посетеност, децата научија да пливаат и сите се способни да оливаат во големиот...
Post Views: 8
Просветните работници кои одржуваат настава во руралните средини патните трошоци нема да ги плаќаат од свој џеб. За тој надомест годинава ќе се погрижи Локалната самоуправа. Преговорите помеѓу претставниците на секторот за образование при општина Охрид со претставниците на СОНК кои деновиве интензивно се водеа вродија со плод вели претседателот на Синдикатот, Аце Речкоски.
„Резултатот од последната средба што ја имавме со претставниците од Локалната, наидовме на разбирање од нивна страна, значи бесаплатниот јавен превоз на просветниот кадар кој што ќе патува ќе биде...
Post Views: 3
Македонија дел од глобалната акција „Ден без отпад“. Со кампањата „Македонија без отпад 2013“ нашата земја им се приклучува на 100 те земји ширум светот кои ја поддржуваат оваа акција. Еден ден доброволци претставници на граѓанските асоцијации го посветуваат на чистење на државата, односно Националните паркови, улиците и.т.н. Како што изјави раководителот на Секторот за управување со отпад при МЖСПП Ана Каранфиловска Мазневска акцијата денес истовремено се спорведува на трите НП. Галичица, Пелистер и Маврово.
„Денес во Охрид ќе ги чистиме Корите и Јадера како и целиот...
Post Views: 0
Германска поддршка за високото образование во Македонија. ФТУ – Охрид ја продолжува соработката со германските универзитети. Денес инсткнати професори од Универзитетот во Кемниц, Германија остварија средба со деканот и дел од професорите на Охридскиот факултет за туризам, со цел реализација на проект каде се вклучени наши професори и студенти.
„Нашата генерална идеја е да ја одржуваме жива соработката со реномираните универзитети од германија се разбира во функција за бенефит за нашите студенти и професори. 04:27+04:38 Првата цел е размена на искуства, значи штом спротиставите...
Post Views: 6
Узурпирани тротоари. На повеќе локации во општина Охрид може да се регистрираат автомобили онаму каде што најмалку им е местото, на тротоарите. По се изгледа ригорозните казни не ги плашат возачите, кои безмилосно го ставаат во опасност животот на пешаците и го оневозможуваат нормалниот проток на сообраќај. Најголема опасност им прети на најмладите, а да не зборуваме за мајките со колички кои немаат друга алтернатива освен да се движат по коловозот.
Граѓаните не сакаа да коментираат пред нашата камера. Наш сограѓанин револтирано ни кажа: „Имате камера снимајте. Нема...
Post Views: 0
Намален е броот на инциденти во Охридското езеро. Безбедноста во водите на езерото е зголемена во споредба со предходните години. Ова е заедничка констатација на Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Ваквата состојба ќе се одржува меѓу другото и со поригорозни мерки за прекршувачите на правилата во водениот сообраќај. Јанакиески смета дека измените во законот за внатрешна пловидба гарантираат подобрување на состојбите за безбедноста во сообраќајот на Охридското езеро.
„Со измените на законот се предвидува...
Post Views: 1
Финансиска криза со која се соочува ЈП „Билјанини Извори“, за една година ќе биде надмината, тврди првиот човек на ЈП Иван Цветкоски. Од една страна тој не крие дека доцнат со исплата на плати, но од друга страна пак на вработените им влева надеж дека до крајот на месец септември ќе бидат израмнети на две плати.
„Нели знаете дека ние започнавем со 5 плати во минус, она што можам да го потенцирам дека данокот спрема државата го подмируваме остана уште еден мал дел, заклучно со месец мај започнавме со исплата значи на месечниот износ по основ на потрошена електрична енергија,...