Post Views: 39
Се подготвува терен за изградба на новата индустриска зона кај Мауцкер. Како што открива градоначалникот Никола Бакрачески во завршна фаза е планската документација за оваа развојна зона, и смета дека до крајот на оваа календарска година истата треба целокупно да се заврши.
„До крајот на годинава и така се зададени рокови до Секторот за урбанизам и Секторот за комунален развј и сообраќај, имаат обврска до крајот на годината да ја завршат целокупната планска документација и веднаш после тоа да се спроведе постапка за поделба на таа индустриска зона на парцели и да се...
Post Views: 4
Во село Лескоец Охрид денес беа пуштени во употреба новите простории за згрижување на деца од предучилишна возраст. Лентата ја пресекоа Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и директорката на градинката Розе Костеска. Ресорниот министер Спасов истакна дека со отварањето на новите простории во Лескоец се зголемува капацитетот за сместување на плус 40 деца од предучилишна возраст во општина Охрид, што според него навистина е за пофалба.
„Градоначалникот на општина Охрид и сите вработени во општината, како и советниците...
Post Views: 10
Надградба на знаењата на охридската локална администрација преку учење на работните места. Од наредната недела вработените во општина Охрид, ќе бидат дел од проектот кој го спроведува министерството за информатичко општество преку системот на микро учење. Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и Министерот за информатичко општество Иво Ивановски на денешната средба констатираа дека на добар дел од вработените во Локалната самоуправа потребна им е обука и дообука на полето на информатиката.
„Она што е посебно важно за кое што побаравме и стручно мислење од министерот...
Post Views: 2
Градоначалникот Никола Бакрачески оствари средба и работен ручек со 45 почесни конзули во Р. Македонија од целиот свет. Домаќинот, ја појасни целта на оваа несекојдневна средба. Тој истакна дека ја користат оваа ретка можност на директен и непосреден начин, на конзулите да им ги претстават нивните заложби за Локален економски развој на општина Охрид, како и развојните стратегии во туризмот и се она што општината го прави да го подигне стандардот на населението.
„Оваа средба ќе ја искористиме да го промовираме градот Охрид како културно и природно наследство на УНЕСКО,...
Post Views: 1
Плодна посета на охридскиот градоначалник Никола Бакрачески во САД. Тој зеде учество на светскиот симпозиум за интервентна кардиологија, каде ги презентирал сите високи достигнувања на охридскиот Завод за кардиоваскуларни заболувања, а со свои презентации се претставиле и неколку доктори од клиниката за кардиологија.
„Беше успешно претставен програмот во кој што морам со гордост да кажам дека Македонија е лидер во регионот и пошироко по застапеност на процедури кои се изведуваат со трансрадијален пат, порано како што и сите знаете сите процедури во интервентната кардиологија...
Post Views: 0
Се надѕира крајот на маките со кои се соочуваат жителите на ул . Петрино. Како што во неколку наврати информиравме, работите околу асфалтирањето на овој потег се одолговлекоа, за што од Локалната самоуправа од Охрид имаа и образложение. Денес на лице место на ул. Петрино, беше и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, заедно со неговиот тим составен од раководители на сектори како и од директорите на охридските ЈП. Бакрачески најави дека во моментов течат активностите околу доизградба на водоводно канализационата мрежа а веднаш потоа ќе се асфалтира тој потег со...
Post Views: 7
Во Охрид нема ниту еден празен стан од категоријата на социјални станови, обелоденува раководителот на регионалната подружница на Агенцијата за станбен и деловен простор од Охрид, Гоце Георгиески. Тој додава дека реална и огромна е побарувачката на граѓаните за социјални станови, но условите за добивање се тешки. Во моментов во општинава има еден таков станбен комплекс кој има 70 станови и е максимално исполнет, и кога би се изградиле уште 4 такви станбени единици нема да ги задоволат потребите на охриѓани за да го решат станбеното прашање, појаснува првиот човек на...
Post Views: 2
Пукната цевка прави речно корито на дел од тротоар на ул Ванчо Питошески. Проблемот е стар речиси една деценија, се пожалаа жителите од оваа улица. Велат години наназад екипите на МЈП Проаква, се обидувале да го решат овој проблем но не успеале. Тие бараат градските власти да пристапат кон сериозно решение на проблемот и ги повикаа сите кои се надлежни за тоа.
„Треба под итно да се смени целата водоводна цевка дури и канализацијата која е проблем. Значи ова треба да се реши, да не се чека, мора под итно на Совет во општина да се разгледа, се ќе направиме за да се реши...
Post Views: 6
Во градот на пливањето конечно ќе се гради затворен базен. Тоа е една од главните заложби на градските власти во Охрид, како што најавуваат од таму. Затворениот базен ќе биде само еден дел од изградбата на современ спортско – рекреативен центар, вели секретарот на општина Охрид Димитар Спасески.
„Денес имавме состанок со луѓето кои го изработуваат овој проект и тој ќе биде доставен на почетокот на идната недела до Агенцијата на млади и спорт која е нарачател на самиот проект и согласно законската процедура Агенцијата во текот на наредната недела ќе треба до општина...
Post Views: 14
Подигнат е степенот на безбедност во училиштата. Тоа е резултат на две годишните активности кои се спроведуваат во рамките на проектот „Безбедни училишта-Хармонична средина“. Како што изјави Офелија Петреска, целта на проектот е да се преземат активности за училишта без насилство од секаков вид, како и тоа училиштето да претставува втор дом за учениците. Денешниот хепенинг е промоција на досега реализираните активности додава таа.
„Со вклучување на ОУ во проектните активности, со годишна програма одобрена од Локалниот совет на општина Охрид, беше изработен кодекс...
Post Views: 5
Современ систем за електронска наплата на паркинг простор, најави градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Со воведувањето на овој систем, односно наплата за паркинг место преку СМС порака ќе се олесни начинот на плаќање на корисниците на оваа услуга.
„Мислам дека во текот на денешниот или утрешниот ден ќе биде објавен оглас за изготвување на физибилити студија, за воведување на систем за одржување на паркинзите и систем за електронска наплата со помош на СМС пораки и тоа сметам дека за 2-3 месеци, зависно колку ќе трае законската постапка, ќе биде реализирано“....
Post Views: 28
Локалната самоуправа на Охрид им даде силна поддршка на охридските ракометари за влез во ракометната супер лига. „Нормално беше да се прифати понудата од Ракометната федерација на Р. Македонија, на местото од РК Струга, во супер лигата да влезе охрисдкиот РК, и затоа со финансиска инекција од 25 илјади евра до помогнавме РК „Охрид 2011“, вели првиот човек на градот Никола Бакрачески. Тој додаде дека реализацијата на оваа финансиска поддршка следи како резултат на пошироката координација со спортските работници и со вклучувањето на бизнис заедницата.
„На општо задоволство...