Post Views: 2
Задоволни сме од досегашните резултати, и очекуваме да бидеме уште подобри, истакна носителот на листата на ИЕ 5 за коалицијата ГРОМ, Љупчо Настоски. Тој нагласи дека повеќето од граѓаните низ Македонија а посебно охриѓани, кои ја прочитале програмата на ГРОМ, наишле на решение за проблемите со кои се соочуваме во македонското секојдневие. Под мотото „Храбри луѓе, сложна земја“, настапуваме со изборна програма која се разликува од другите политички опции во Македонија по три клучни залагања, нагласи Настоски.
„Градење капацитет на граѓанинот да се вклучи во процесот...
Post Views: 4
На Велики петок се оди во црква, каде се оставаат дарови на Христовото Распетие, а според обичаите, секој што тука остава цвеќе зема друго и го носи дома за здравје. На Велики петок во црквите се изведува и обредот симболично погребување на Исус Христос, со тоа што платното наречено „Плаштаница“ се положува врз посебно подготвен симбол на Христовиот гроб. Поминувајќи под Плаштеницата верниците сочувствуваат со распнатиот Исус, вели отец Љупчо Симиџиески.
„Наша света должност е длабоко да ги цениме страдањата Христови, да сострадуваме со него секогаш а особено во овие...
Post Views: 0
По повод претстојните Велигденски празници во О.У. „Григор Прличев“ се одржуваат низа активности поврзани за овој голем христијански празник. Меѓу многуте збиднувања беше и денешниот Велигденски хепенинг како и Велигденската работилница на која активно учествуваа учениците. На штандовите во училишниот двор можеа да се видат најразлично изработени украси, предмети, сувенири, кои го симболизираат овој празник. Децата задоволни од сработеното.
„Јас ништо не направив, ама купив нешто од мојата другарка, јајца на еден лист со секакви лепенки, вели една од ученичките. Другата...
Post Views: 4
Стоп – Шоп отвара нова продавница 5 та по ред во градов. Тајната на успехот на семејниот бизнис на Јованоски е во добрата понуда на производи по поволни цени како што кажа менаџерот на продавниците Горан Јованоски.
Со отварањето на оваа продавница се воведува еден нов иновативен концепт на уредување на продажниот простор, по примерот на светските трендови кој ќе има свое влијание кај потрошувачите, додава Јованоски.
„Тоа е еден голем успех кој што го доживеавме благодарение на ематијата која што ја имаме со нашите купувачи се движиме во чекор со нив ги препознаваме...
Post Views: 4
СДСМ на денешната прес конференција, од ВМРО – ДПМНЕ побара отчет за потрошените 7 милиони евра, народнни пари за реконструкција на општа болница Охрид. Гласноговорникот на СДСМ Александар Кузески нагласи дека охриѓани не можат да заборават на три годишната голгота, без секундарната здравствена заштита, кога се мачеле да добијат здравствени услуги од другите градови, посебно од областа на гинекологијата, анестезија, урологија и др. Тој запраша: До кога лекарите и останатиот медицински персонал, кои стручно и совесно си ја вршат својата работа ќе бидат маргинализирани...
Post Views: 5
Голема е разликата помеѓу нашата програма и онаа на ВМРО – ДПМНЕ, односно нивната реална програма, а не онаа од бајките која ја прикажуваат во скапо платените реклами со средства од буџетот на Р. Македонија, изјави носителот на листата на ВМРО – НП, Ванчо Костоски.
Тој обвинува дека политиката на Владата на ДПМНЕ, допринела земјава да биде во меѓународна изолација и да биде на последно место за влез во Евро интеграциите. Секојдневното задолжување на земјава кое се крие од граѓаните било посебен проблем, според Костоски, а зголемувањето на пензиите се должи на редовното...
Post Views: 3
Основните судови од Охрид и Штип, како и Вишиот Управен суд се трите судски инстанци кои потфрлиле во својата работа, според генералната оценка на Врховниот суд за изминатата година. Според извештајот за работата на судовите за 2013 година Охридскиот суд не го совладал приливот на предмети. Лавината од тужби кои паднаа врз охридскиот суд 9242 на број, пристигнати само во 2013 до толку го зголеми обемот на работа што судот не успеа во целост да се справи.
Илјадниците тужби на граѓаните против ЕВН за стекнување без основ, односно за незаконски наплатените 6 ден за манипулативни...
Post Views: 5
Се е подготвено за утрешниот прв круг од претседателски избори, велат од Општинската Изборна Комисија. Во општина Охрид право на глас според избирачкиот список има 51 157 лица.
Како што изјави претседателката на Општинската изборна комисија Марика Костадиновска, гласачите се заведени во два списоци и тоа едниот има 45 066 лица од Охрид и другиот 6091 каде се евидентирани лица кои престојуваат во странство.
„Се гласа во 88 избирачки места за 85 изборни единици, едното избирачко место Скребатно е ставено во мирување бидејќи има помалку од 10 гласачи и истите ќе гласаат...
Post Views: 25
Во дворот на куќата на Робевци сеуште лежат даските од некогашниот стар охридски чун. Овие остатоци потекнуваат од 19 и 20 век а говорат за едно време кога овој т.н рибарски чун се користел не само за рибарство туку и за трговија и транспорт, но и за разни свадбени церемонии, како што појаснува архитектот од НУ Завод и Музеј Охрид Горан Патчев. Деновиве Патчев како претставник на НУ Завод и Музеј Охрид учествуваше на втората годишна конференција за музеи „Сретни се, види, направи“на која ја презентирал неговата идеја за реставрација на стариот „охридски чун“.
„Неможев...
Post Views: 1
Вработените во Локалната самоуправа и по јавните претпријатија се принудени да носат списоци со гласачи, болниците и училиштата се претворени во партиски штабови на ДПМНЕ, плакати од Иванов се лепат каде што е тоа недозволено, во екот на изборната кампања се тампонираат и се асфалтираат улици ,се подготвуваат „бугарски возови“, се вработува во јавните претпријатија и државните установи а на сиромашните им се ветува простување на долговите и неплатените сметки, кажа на денешната прес конференција Томислав Тунтев, кандидат за пратеник од СДСМ. Со нереалната изборна програма...
Post Views: 5
На денешната прес конференција на ВМРО – НП Ванчо Костоски, кандидатот за пратеник, кажа дека сака да ја потсети јавноста на најавени и никогаш не реализирани инвестиции од страна на ВМРО ДПМНЕ во последните 8 години. Тој ги наброја: Француски инвеститор за фабрика за авто галантерија во состав на Откес со 1000 вработувања, Хотел Радисон во Горица , Холандски хотел во Рача , Сименс ќе го купи ЕМО, Хотел Ексцелзиор, Руски комплекс со бањи во Љубаништа, Турска болница, проектот на Субрата Рој. Колку и да сакаме да веруваме дека после овие десетици лаги за инвестиции кои...
Post Views: 3
Прв пат после 35 години Охрид комплетно ќе заживе со преку 1800 нови вработувања во следните две три години, кажа Александар Николовски, кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО- ДПМНЕ. Тој ја посочи инвестицијата тешка 15 милиони евра во автомобилската индустрија на германскиот ОДВ електрик и на уште еден германски гигант во индустриската зона во охридско струшкиот регион како почеток на економското заживување на регионот. Работите кои што ги ветуваме, ги остваруваме истакна Николовски и потсети на еден од најголемите инфраструктурни проекти, изградбата на булеварот...