Автор: Николоска Биљана

Стојаноски: Продолжува политиката на Бакрачески „немаме за леб а трошиме на чоколадо“

Post Views: 1 Продолжува политиката на Никола Бакрачески, „немаме за леб а трошиме на чоколадо“, обвинија охридските социјалдемократи на денешната прес конференција. Координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски изјави дека со тоа што на последната седница на Советот на општина Охрид, ВМРО-ДПМНЕ одби 47 амандмани коишто СДСМ и коалиционите партнери ги поднесоа врз основа на потребите и барањата на граѓаните, е само потврда дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески не водат грижа за потребите на охриѓани, а тоа граѓаните одамна го знаат. „Срамно е што градоначалникот Бакрачески...

Continue reading

Охриѓани за Новогодишната ноќ, дома и на плоштад

Post Views: 1   Празниците тропаат на врата. Пречекот на Новата година е време кога сите си посакуваме најубави желби. По некое не пишано правило, често на прво место посакуваме добро здравје, а потоа љубов, слога, мир, за повеќето вработување, а се тоа зачинето со „ нешто повеќе пари“. Повеќе пари не е нескромна желба, бидејќи добро е познато дека парите може да направат многу, пред се да го олеснат патот за остварување на останатите желби. Анкета „За Нова година останувам дома, новогодишна трпеза и тоа. Во Новата 2016 година посакувам добро здравје на сите“. „Со жена ми ќе одиме...

Continue reading

Општинскиот Совет за безбедност со нови проекти

Post Views: 3 Клучот за зголемување на степенот на безбедност во сообраќајот е во континуирана едукација на најмладите, истакна претседателот на Советот за безбедност во сообраќајот Стефан Димоски. Денес ова тело ја одржа последната седница за годинава на која беа заокружени сите активности на Советот во периодот од јуни до декември месец годинава. Со цел подигнување на нивото на безбедност на сите учесници во сообраќајот, како и подигнување на нивото на јавна свест, Советот реализира низа проекти од едукативен и превентивен  карактер со цел да се елиминираат можностите од сообраќајни...

Continue reading

Завршен хепенинг на дечињата од Јасна Ристеска

Post Views: 2 Не постои поубаво чувство од искрена детска насмевка. Дечињата од Охридската градинка „Јасна Ристеска“ и годинава на градскиот плоштад се забавуваа, пееја, играа. Малите Дедо Мразовци, принцезата Елса, самовили, срнички, беа најчестите ликови кои ова пладне можеше да ги регистрира нашата камера. Неколку нивни слатки зборови и  инсерти навистина ќе ви ги стоплат срцата. Денешниот ден е посветен на среќата , радоста и убавината, вели директорката Розе Костеска. И таа денес заедно со сите дечиња учествуваше на завршниот хепенинг.  „Како што доаѓа од година во година желбите...

Continue reading

Бакрачески свечено го отвори младинскиот фестивал Џифони

Post Views: 2   Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, денес во просториите на информатичкиот универзитет свечено го отвори патувачкиот филмски младински фестивал Џифони. Тој нагласи дека градот континуирано дава поддршка на ваквите настани со цел ширење на културниот производ и на филмската култура помеѓу младите во Охрид. Неговите очекувања се дека по завршувањето на интернационалниот младински филмски фестивал Џифони, дел од младите образованието ќе го продолжат во светот на филмот. „На почетокот сакам да ви се заблагодарам што им овозможивте на учениците од средните училишта...

Continue reading

Охридскиот Совет го усвои буџетот за 2016, тежок над една милијарда денари

Post Views: 8 Буџетот на општина Охрид за 2016 година тежок 18 000 000 евра. По неколку точки од дневниот ред, советниците отворија широка расправа посебно по однос на третата точка која се однесуваше за Предлог Одлуката за усвојување на Програмата за изработка на урбанистички планови  на територијата на општина Oхрид за 2016 година. Претстојната година ќе биде во знакот на сериозни инфраструктурни инвестициски зафати во Охрид, вели секретарот на општината Димитар Спасески.  „Се на се очекуваме фуукционален буџет пред се кој ќе може да ги задоволи нашите потреби и буџет кој реално...

Continue reading

Католиците вечерва ја чекаат радосната вест за раѓањето на Исус Христос

Post Views: 1   Припадниците на католичката вероисповед денес го прославуваат Бадник. Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, овој ден го прославуваат на 24 декември. Бадник означува бдеење пред раѓањето на Исус Христос, Божиќ, центарот на сите празници, вели отец Оливер. Тој додаде дека Божикното славење е еден од најголемиот христијански празник и неговото славење според него било  дводимензионално.  „Едната димензија е славењето на Бога дека тој се роди како човек се роди за да ни каже дека сме...

Continue reading

Промоција на турско кафе и турски филм во Охрид

Post Views: 3   Промоција на турското кафе, повод за зближување на македонскиот и турскиот народ. Синоќа во просториите на центарот за култура „Григор Прличев“ Институтот „Јунус Емре“ од Скопје и Општина Охрид го организираа настанот „Промовирање на традиционално турско кафе” и проекција на турски филм. Директорот на  Институтот Јонуз Емре, Мехмет Самсакчи, истакна дека главната причина за одржување настани од ваков карактер  е да се воспостават пријателски односи помеѓу двете земји Македонија и Турција, како и понатамошна заложба, преку заеднички проекти да бидат промовирани вредностите...

Continue reading

Охрид за Новогодишните празници исполнет

Post Views: 0   Охрид за Новогодишните празници очекува гости од целиот свет.  Хотелите очекуваат солидна посетеност за престојните празници. Според направените резервации и закупени аранжамни, најбројни и оваа година ќе бидат гостите од соседните држави Бугарија, Србија, Албанија, Косово, а неизбежни се и традиционалните гости од Црна Гора, вели Климент Наумов, претседателот на здружението туристички водичи „Кеј“.  Додава дека  ќе има присуство на гости и од далечниот Исток, тие немаат сезонски карактер и преку цела година се присутни на нивните кружни тури низ Балканот. Наумов со...

Continue reading

biblioteka

Училишната лектира главоболка за родителите

Post Views: 8   Неколку библиотеки треба да посетиме за да ја обезбедиме лектира за нашите деца, а не ретко се случува и да ја нема и во училишната и во градската библиотека. На овој проблем укажаа родители кои сметаат дека наставниците не би требало во ист период лектирата да ја даваат на повеќе класови. Дел од нив вината ја гледаат и во нивните деца за кои сметаат дека се помалку неодговорни и во последен момент  ја бараат соодветната лектира. Телевизија ТВМ се обиде да открие дали постои проблем од ваков карактер и каде може да се бара одговорноста. Првиот човек на градската библиотека...

Continue reading

Охрид чекори за безбеден сообраќај

Post Views: 1   Охрид чекори за безбеден сообраќај. Внимавај те на децата во сообраќајот затоа што сум само дете, Вози како секое дете на улицата да е твое дете, Секое дете заслужува да му се радува на животот, вози внимателно, ти си одговорен. Ова се само дел од испишаните пароли со кои охриѓани од најмало до најстаро упатија силна порака до сите учесници во сообраќајот, да се внимава како се вози по учиците и да се подигне степеност на безбедност во сообраќајот. „Ова е една манифестација која што практично значи апел до сите учесници во сообраќајот, возачите на патнички, товарни...

Continue reading

Охрид мојот чудесен град низ очите на извидниците

Post Views: 6   Охрид мојот чудесен град. Со цел поголема промоција на туристичкиот бисер, охридските извидниците во акција. Тие во соработка со локалната изготвија 6 видеа на значајни места во градот, каде биле вклучени сите членови на Извидничкиот Одред „Пионер “. Младиот координатор на проектот Николче Костоски, вели нема зборови со кои може да се опише чуството што значи да си извидник, посебно кога нивните активности се сконцентрирани во природата, нивниот втор дом.  Додава дека Охрид и неговата околина надалеку е познат по својата убавина што природата му ја подарила, а луѓето...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top