Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесувала 20.112 денари што е за 27,9 отсто повеќе во однос истиот месец лани, а просечната бруто-плата била 30.100 денари или 17,5 проценти повеќе.
Според Државниот завод за статистика, во мај 2009 година, 3,8 отсто од вработените во Македонија не примиле плата што е за 5,2 процента помалку во споредба со истиот период минатата година.
Зголемувањето на нето платата се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите Здравство и социјална работа (46,8 отсто), Снабдување со електрична енергија, гас и вода (40,5 отсто) и Рибарство (38,8 проценти).
Најголем пораст на нето-платата во однос на претходниот месец е забележан во секторите Рибарство (10,3 отсто), Хотели и ресторани (2,8) и Градежништво (2,1 процент).
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град