Еврокомесарот за проширување Оли Рен се надева на скоро решение

Еврокомесарот за проширување Оли Рен изрази уверување дека е можно да се најде решение за разликите околу името меѓу Македонија и Грција.

Oli Ren
Оли Рен

Еврокомесарот за проширување Оли Рен изрази уверување дека е можно да се најде решение за разликите околу името меѓу Македонија и Грција.

Oli Ren„Секако дека е можно да се најде решение за некои билатерални прашања, како што е билатералниот граничен спор меѓу Хрватска и Словенија, или спорот околу името меѓу Македонија и Грција“, изјави Рен во понеделникот попладне на прес конференција во Брисел.

„На секое од овие прашања мораме да им пристапиме одвоено, заедно со засегнатите земји, да ги отстраниме пречките и на тој начин да оствариме напредок во процесот на интегрирање на западниот Балкан во Европската унија“, додаде еврокомесарот за проширување на конференција за новинари по завршувањето на редовниот месечен состанок на шефовите на дипломатиите на Унијата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top