Состанок на министерската тројка на Европската унија (ЕУ) и на Македонија ќе се одржи денеска на маргините на Самитот на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Брисел.
Напредокот на Македонија кон ЕУ, во исполнувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација треба да биде разгледано попладнето во Брисел од страна шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт, како шеф на ЕУ тројката и претставници на претходниот и наредниот претседавач со ЕУ – Чешка и Шпанија.
Според соопштението на шведското претседателство на унијата на состанокот треба да бидат разгледани односите меѓу ЕУ и Македонија, како и повеќе регионални прашања.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град