Бугарија ги укинува визите за Македонија

Бугарија ќе ги укине визите за граѓаните на Македонија од почетокот на 2010 година, најави денеска Министерството за надворешни работи во Софија.

zname
знаме

Бугарија ќе ги укине визите за граѓаните на Македонија од почетокот на 2010 година, најави денеска Министерството за надворешни работи во Софија.

logo„Одлука на Европската унија (ЕУ) за укинување на визите сè уште нема. Се очекува тоа да се случи од 1 јануари 2010 година. Во моментот кога таа мерка ќе се примени од страна на ЕУ кон Македонија, Србија и Црна Гора, Бугарија неодложно ќе ја исполни таа одлука“, изјави заменикот министер за надворешни работи на Бугарија во оставка Милен Керемедчиев

Тој посочи дека Бугарија ја поддржува визната либерализација за Македонија и била вклучена во преговорите за укинување на визите.

„Како земја членка на ЕУ учествувавме во преговорите на Брисел со Македонија, и ги поддржувавме , и продолжуваме да ги поддржуваме за укинување на визите – и за Македонија, и за Србија и за Црна Гора. Не би можел да кажам дека ќе има какво и да е забавување на укинувањето на визите“, изјави Керемедчиев за софиската агенција Фокус.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top