Во сообраќајна несреќа во центарот на Скопје, денеска е прегазен пешак. Пешакот бил прегазен пред мостот „Гоце Делчев“, во близина на пешачкиот премин, по што починал на самото место. Според првичните информации, во пешакот удрил автомобил во движење.

Обвинител од скопското основно јавно обвинителство веќе извршил увид и презема дејствија за утврдување на фактите за несреќата.
Првичните сознанија упатуваат дека до несреќата дошло кога автомобил марка „бе-ем-ве“ со кумановски регистарски ознаки удрил во пешак кој ја преминувал улицата во непосредна близина на мостот – соопштија од обвинителството.
По наредба на обвинителот ќе се врши обдукција на телото на починатиот, а од лицето кое управувало со автомобилот земени се примероци од крв и урина за да се утврди евентуално присуство на алкохол или други недозволени средства.
Со наредба на јавниот обвинител ќе бидат обезбедени и снимките од видеонадзорот на околните објекти со цел да се утврдат причините за несреќата.
Ова е втор случај на прегазен пешак на една од скопските улици во последните неколку дена. Дваесет и четитигодишната Викторија Николова од Радовиш почина на лице место во четвртокот вечер, откако врз неа налета возило, кое не застанало на пешачкиот премин.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град