Експериментот прикжан на видеото не покажува радиоактивно зрачење, но покажува колку опасни може да бидат манипулативните анонимни видеа со лажни тврдења во нив. Уредот во видеото е тестер за електромагнетно зрачење SoeHong DT 1130, којшто на Амазон може да се купи за 25 евра. Сите ПЦР тестови се стерилизирани со етилен оксид, гас за кој неосновано се тврдеше дека го прави тестот ,,отровен”. Како што веќе пишувавме на „Вистиномер“, етилен оксидот не е опасен зашто додека да дојде ПЦР тестот до човекот кој се тестира, тој веќе е изветреан и не постои.
Експериментот прикжан на видеото не покажува радиоактивно зрачење, но покажува колку опасни може да бидат манипулативните анонимни видеа со лажни тврдења во нив. Уредот во видеото е тестер за електромагнетно зрачење SoeHong DT 1130, којшто на Амазон може да се купи за 25 евра. Сите ПЦР тестови се стерилизирани со етилен оксид, гас за кој неосновано се тврдеше дека го прави тестот ,,отровен”. Како што веќе пишувавме на „Вистиномер“, етилен оксидот не е опасен зашто додека да дојде ПЦР тестот до човекот кој се тестира, тој веќе е изветреан и не постои.
Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се тврди дека ПЦР тестовите со кои се детектира ковид-19, се ,,отровни и озрачени”. Видеото, пред да се појави на социјалната мрежа, нашироко е споделувано на Телеграм и тоа со повик во кој се бара сите да го видат, бидејќи станува збор за методите со кои се врши стерилизација на ПЦР и брзите тестови, а која, наводно, била опасна по здравјето.
Во склоп на постот има и видео во кое се слуша женски глас кој на германски јазик нè предупредува за ,,нов скандал”. Жената вади спакувано стапче со памучен врв, кое претставува елемент од тестот за детекција на ковид-19. Исто така, има и уред, на дното од видеото, којшто се опишува како ,,уред за мерење електрично зрачење”, иако во никој случај не се работи за таков уред! Се вели дека методот што се користи за дезинфекција на овие тест стапчиња се одговорни за радиоактивна контаминација. Жената во видеото почнува да го проверува тестот за наводна радиоактивност и уредот се активира!
Но, дали ова навистина покажува дека стапчињата со памучен врв кои се користат за тестирање ковид се радиоактивни? Секако дека не.
Прво, уредот во видеото е тестер за електромагнетно зрачење SoeHong DT 1130. На Амазон може да се купи за 25 евра.
Што прави овој уред? Тоа не е гајгеров бројач или уред за детекција на контаминација за откривање нечистотии од радиоактивни материи. Мерниот уред што се користи овде е апарат за мерење електромагнетни полиња. Значи, она што се мери тука не е ништо повеќе отколку генериран напон. Тоа што апаратот реагира е логично. Напонот е предизвикан од триењето на тест-стапчето кога се отвора и се вади од пакувањето. Жената на видеото неколкупати ја отвора и ја затвора кутијата со тест стапчето и тогаш се активира апаратот. Овој експеримент не покажува радиоактивно зрачење, но покажува колку опасни може да бидат манипулативните анонимни видеа со лажни тврдења во нив.
Сите ПЦР тестови се стерилизирани со етилен оксид, гас за кој неосновано се тврдеше дека го прави тестот ,,отровен”. Како што веќе пишувавме на „Вистиномер“, етилен оксидот не е опасен зашто додека да дојде ПЦР тестот до човекот кој се тестира, тој веќе е изветреан и не постои, односно во процесот се отстранува од стапчето.
Нема да се покаже во каков било значителен начин во моментот кога ќе го отворите тестот, вели Едвардс.
Американската Агенција за храна и лекови има строги стандарди за употребата на етилен оксид во медицински цели, откако се испостави дека гасот може да предизвика рак ако на него се изложувате долго време. Американските компании кои го користат гасот се мониторирани од инспектори од Агенцијата за храна и лекови на САД. Експертите велат дека нема простор за загриженост гасот да се задржи на ковид тестовите.
Не е нешто што би останало на производот, додава Едвардс.
Првпат етилен оксид е развиен во 19 век, ама како хемиски стерилизатор почнува во медицината да се користи во 1950 година. Процесот вклучува изложување на медицински производ, на пример стапче за брис, на гасот, а потоа истото стапче се ветрее на воздух неколку часа, за да се отстранат какви било остатоци од етилен оксид, според американскиот Центар за контрола и превенција на болести.
До моментот кога стапчето за земање брис е целосно изветреано и спремно за пакување, нема ни трага од етилен оксид на него, вели професорот на универзитетот во Мичиген, Стјуарт Батерман.
Етилен оксид уништува вируси, бактерии и фунги кога доаѓа во интеракција со ДНК на микробите. За гасот да биде опасен за луѓето, тие треба да се изложени на високи концентрации на етилен оксид доволно долго време, а не од повремено земање брис од нос или грло, додава тој.
Повеќето извештаи за опасност од канцер се за тие луѓе коишто работат или живеат блиску до фабрики каде што се користи и има голема емисија на гасот етилен оксид.
Студија од 2016 година, којашто ги истражуваше ефектите на етилен оксид на памучни стапчиња за земање брис, откри дека количеството на гасот, коешто останало, не се ни мери после 3 недели од стерилизацијата.
Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистинито тврдењето дека ПЦР тестот е отровен и радиоактивен.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град