Наскоро укинување на визите за Македонија

Предлог за укинување на шенген визите за Македонија, Црна Гора и Србија, на 14 јули ќе усвои Европската комисија(ЕК) во Стразбур.

лого

Предлог за укинување на шенген визите за Македонија, Црна Гора и Србија, на 14 јули ќе усвои Европската комисија(ЕК) во Стразбур.

визаПредлогот, како што пренесува Макфакс, ќе го образложат еврокомесарот за правосудство и внатрешни работи Жак Баро и еврокомесарот за проширување Оли Рен.

Истиот ден предлогот ќе биде упатен и на Советот на министри на Унијата и Европарламентот.

Изјава во оваа насока во вторникот во Романија даде и италијанскиот шеф на дипломатијата Франко Фратини.

„Се надевам дека за неколку недели ќе биде либерализиран визниот режим за три значајни земји на Западен Балкан: Србија, Црна Гора и Македонија“, изјави Фратини по средбата со неговиот романски колега Кристијан Дијаконеску.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top