Медијаторот Метју Нимиц денеска е на разговори со властите во Атина, ден откако се сретна со државниот врв во Скопје, во нов обид да ги приближи страните за договор околу разликите за името.
Медијаторот Метју Нимиц денеска е на разговори со властите во Атина, ден откако се сретна со државниот врв во Скопје, во нов обид да ги приближи страните за договор околу разликите за името.
Специјалниот посредник на Обединетите нации по прашањето за разликите околу името Грција и Македонија претпладнево ќе има средба со шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани, соопштено е официјално во Атина.
Според агендата, не е предвидено Нимиц да има средби на повисоко ниво во Атина.
Нимиц пристигна во Грција, по дводневната посета на Македонија, во рамки на која оствари средби со шефот на државата Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и со шефот на дипломатијата Антонио Милошоски.
Предлогот од октомври минатата година, во модифицирана верзија, ќе биде основа за понатамошните преговори за името, изјави Нимиц на прес конференција во Скопје, по средбата со Груевски.
„Состанокот беше доста успешен и имам чувство дека и покрај тоа што се случува во моментот, ќе изнајдеме решение за проблемот“, рече Нимиц.
Според октомврискиот предлог на Нимиц, уставното име Република Македонија се менува во „Република Северна Македонија“ (Republic of North Macedonia), (на француски: Republique de Macedoine du Nord) (наречено во овој документ: име во рамките на Обединетите нации/меѓународно име), кое ќе има целосно правно дејство и ќе се употребува како официјално име на земјата во меѓународен контекст. За домашна употреба ќе може да се употребува името Република Македонија.
Македонските власти тогаш го оспорија делот каде што се толкуваше националноста, но имаа и други забелешки околу употребата на уставното име.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град