Со песната „ Дозволи ми да победам“ и онлајн активности во рамки на „Европската кошаркарска недела“ – Специјална олимпијада, Македонија го одбележува 3-ти декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
Со песната „ Дозволи ми да победам“ и онлајн активности во рамки на „Европската кошаркарска недела“ – Специјална олимпијада, Македонија го одбележува 3-ти декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
Ударот кој што го зададе пандемијата со Ковид 19 сериозно го намали квалитетот на живот на атлетите на Специјална олимпијада Македонија, но и генерално на лицата со попреченост глобално, така што ние се обидуваме да го одржиме низ различни форми нивниот дух и да им отвориме можности за спортски активности придржувајќи се до програмата која што ни е зададена на глобално ниво – вели Драган Караџовски, национален директор на Специјална олимпијада Македонија.
Токму затоа Европската кошаркарска недела, годинава е организирана со онлајн и офлајн активности. Кампањата „Лицата на кошарката“ ги мобилизираат атлетите, тренерите и волонтерите на организациите да се фотографираат и да ги споделуваат своите искуства, а воедно и да ги најават можните настани со физичко присуство, поврзани со кошарката.
Оваа година „Европската кошаркарска недела“ ја одбележуваме со песната „Дозволи ми да победам“ која ја изведува Никлеман во чест на кошаркарите на Специјална олимпијада Макеоднија, а ја продуцираше Гоце Трпков – Гоце САФ. Во музичкиот спот за неа учествува кошаркарскиот тим на Специјална олимпијада Македонија кој освои бронзен медал во Абу Даби во 2019 година и кошаркарските ѕвезди Војдан Стојановски, Јелена Антиќ и Роберт Рикиќ, како и тренерот на шампионскиот тим МЗТ Скопје, Дарко Радуловиќ.
Реализацијата на активностите на Специјална олимпијада Макеоднија е поддржана со институционален грант на Цивика Мобилитас.
Специјална олимпијада Македoнија во земјава е формирана во 2003 година под акредитација на Специјална олимпијада, која е основана од Јунис Кенеди Шрајвер во 1968 година и денес брои 6 милиони атлети и јунифајд партнери во 190 земји ширум светот. Под мотото „Дозволи ми да победам, а ако не можам, дозволи ми да бидам храбар во обидот“ организацијата во земјата ја остварува својата мисија, а тоа е да овозможи спортски натпревари и тренинзи во различни олимписки спортови за деца и возрасни со интелектуална попреченост, давајќи им постојани можности да ја развијат физичката кондиција, да покажат храброст, искусат радост и да учествуваат во споделување на вештини, знаења и пријателства со нивните семејства и останатите атлети на Специјална олимпијада и заедницата.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град