Средба на медијаторот Нимиц со претседателот и премиерот

Посредникот на ОН за македонско-грчкиот спор околу името Метју Нимиц претпладнево, на одвоени средби, ќе разговара со претседателот Ѓорге Иванов и  со премиерот Никола Груевски.

Nimic i Gruevski
Нимиц и Груевски

Посредникот на ОН за македонско-грчкиот спор околу името Метју Нимиц претпладнево, на одвоени средби, ќе разговара со претседателот Ѓорге Иванов и  со премиерот Никола Груевски.

Metju NimicПо средбата со Груевски во Владата се предвидени изјави за медиумите.
Медијаторот вчера попладне беше примен од министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. По средбата, која траеше речиси час и половина, тој не кажа дали дошол во Македонија со нов предлог. Само оцени дека разговорот со шефот на дипломатијата бил, како што рече, многу добар и долг.

Нимиц пред две недели во Женева се сретна со амбасадорите на Македонија и на Грција Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис. Женевската рунда преговори беше подготовка за сегашните средби во Скопје и во Атина.

– Решение ќе има брзо ако двете страни сериозно се ангажираат за прашањето, рече Нимиц во саботното интервју за емисијата „Отворено со народот“ што ја емитуваше МТВ.

По Скопје, Нимиц заминува за Атина каде, според најавите од грчките медиуми, ќе биде примен од министерката за надворешни работи Дора Бакојани и од преговарачот Василакис.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top