Comodita Home донираше душеци, перници и постелнини на ЈЗУ Универзитетска Клиника за државна кардиохирургија

Comodita Home донираше душеци, перници и постелнини на ЈЗУ Универзитетска Клиника за државна кардиохирургија. Со оваа акција ја продолжуваат хуманата мисија под слоганот „Секој сон е важен“.

 |   | 

Comodita Home донираше душеци, перници и постелнини на ЈЗУ Универзитетска Клиника за државна кардиохирургија. Со оваа акција ја продолжуваат хуманата мисија под слоганот „Секој сон е важен“.

Со донацијата на ЈЗУ Универзитетска Клиника за државна кардиохирургија, Comodita Home ја продолжува својата хумана акција на донации на над 1500 душеци, а донацијата е во вредност од над 100 000евра.

Comodita Home на пазарот во Македонија е од 2019 година, а во месец октомври официјално веќе се отвори и 20-от продажен центар, во новиот East Gate mall.

На хуманитарната средба во ЈЗУ Универзитетска Клиника за државна кардиохирургија, се обрати Харитон Гаџоски од Comodita Home.

Ние денес продолжуваме со хуманата акција и донацијата ја спроведуваме на ЈЗУ Универзитетска Клиника за државна кардиохирургија. Прво ќе наведам дека сум свесен дека кардиоваскуларните заболувања се помеѓу водечките причини за смртност во светски рамки, а кај нас во Македонија се причина број еден. Најчесто причина е стресот и животен стил кој не му дозволува на поединецот да се смири, релаксира и да го забави темпото. Токму затоа е потребен и квалитетен одмор, добар сон, а ние од Comodita Home располагаме и со квалитет, но и огромна желба да помогнеме и да делуваме општествено одговорно – истакна Гаџоски.

Посебна гордост на брендот се токму душеците кои се сопствено производство на Comodita Home. Фабриката за производство на душеци на Comodita Home е фабрика со еден од најголемите капацитети за производство во светот. Comodita Home располага со душеци, тестирани и сертифицирани од високо-стручни лабаратории.

Лицата со здравствени проблеми, возрасните граѓани, дечињата од социјално загрозените категории, но и сите останати заслужуваат убав и спокоен одмор. Токму под слоганот„Секој сон е важен“, Comodita Home помага секаде каде што е потребна наша помош.

Нашата стратегија за помош на здравствените институции внимателно ја подготвивме и ќе ја реализираме до крајот на годинава. По донацијата на Детска Клиника Козле, акцијата на Comodita Home продолжи и во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје, Градска Општа Болница-Хирургија Св.Наум Охридски, а наша последна реализирана донација во ноември 2021, е на ЈЗУ Универзитетска Клиника за државна кардиохирургија. Нема да застанеме тука, во план ни се донации на над 1500 душеци и во Ковид центри низ МК, СОС детско село, Црвен Крст на Македонија, а целокупната финансиска вредност на нашата донација е над 100 000 евра. Со овој наш потег им помагаме на нашите сограѓани, а сметаме и дека нашиот хуман гест ќе биде поттик и за други компании да бидат општествено одговорни и да помагаат секоја во рамки на својот ресор на делување и своите можности – порача Харитон Гаџоски од Comodita Home.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top