Наспроти тврдењата искажани во постот, фактите говорат дека вакцините се безбедни и даваат резултати, штитат од тежок развој на болеста и спасуваат животи. Дури 75 отсто од починатите од компликации од ковид-19 во земјава се невакцинирани лица. Оние кои починале и покрај двете дози вакцина, имале сериозни здравствени проблеми и низа коморбидитети. Токму затоа Националниот комитет за вакцинација даде препорака да се прими трета доза вакцина или популарно наречена бустер доза, која е од клучно значење за постарите лица и за лицата со коморбидитети.
Наспроти тврдењата искажани во постот, фактите говорат дека вакцините се безбедни и даваат резултати, штитат од тежок развој на болеста и спасуваат животи. Дури 75 отсто од починатите од компликации од ковид-19 во земјава се невакцинирани лица. Оние кои починале и покрај двете дози вакцина, имале сериозни здравствени проблеми и низа коморбидитети. Токму затоа Националниот комитет за вакцинација даде препорака да се прими трета доза вакцина или популарно наречена бустер доза, која е од клучно значење за постарите лица и за лицата со коморбидитети.
Во пост на Фејсбук, авторот со низа погрдни зборови ги навредува вакцинираните лица и наспроти сите докази и факти ги поддржува теориите на заговор.
Во постот стои:
Еден убав сончев ден сите вие што ѝ верувате на науката наместо на мороните, ќе сфатите дека, оние што за вас беа луди теоретичари на заговори, за кои што политичарите и Дновинарите вѝ рекоа да мислите така, всушност биле ваши пријатели, роднини, па дури и членови на фамилија кои откриле дека човештвото е во вистинска опасност, и дека се труделе да ве спасат. Но вие не сте слушнале, затоа што сте биле презафатени со вашиот егоизам. Значи сте биле целосно слепи и глуви… Зошто?
Затоа што,
Ако ви треба бустер боцка откако сте целосно боцкани, и тестирање откако сте целосно боцкани, маска и дистанца откако сте целосно боцкани, карантин и сегрегирање откако сте целосно боцкани и слични уцени и тирании, тогаш можеби е време да си признаете на себеси дека сте целосно измамени, насамарени, изиграни, да не речам глупави и слепи.Будете се додека не е касно!
За теориите на заговор сме пишувале повеќепати. Ваквите конспиративни содржини се поттикнати од лица кои се претставуваат како освестени и просветлени, меѓутоа не ја сфаќаат сериозноста на болеста ковид-19 и со своите акции и делувања, предизвикуваат пандемијата уште подолго да трае. Наспроти постојаните апели на лекарите дека вакцината е единствениот спас од пандемијата, овие луѓе не престануваат со ширење невистини. А, токму поради сите тие невистини пласирани по социјалните медиуми голем број граѓани сè уште се во недоумица, исплашени и размислуваат за вацинација.
Авторот на постот ги нарекува вакцинирните лица „глупави, слепи, насамарени и измамени“. Но, вистината базирана на факти и докази е сосема поинаква. Сите докази се на страна на вакцинираните. Имено, вакцинираните со две дози многу полесно се справуваат со коронавирусот. Фактите покажуваат дека дури 75 отсто од починатите од компликации од ковид -19 во земјава се невакцинирани лица.
Оние кои починале и покрај двете дози вакцина, имале сериозни здравствени проблеми и низа коморбидитети. Токму затоа Националниот комитет за вакцинација даде препорака да се прими трета доза вакцина или популарно наречена бустер доза, која е од клучно значење за постарите лица и за лицата со коморбидитети.
Препораката од Комитетот за имунизација е освен повозрасните категории на граѓани над 60 години, трета доза на вакцина да добијат и други граѓани без разлика на возраста и независно дали имаат или немаат други хронични болести, а се во значаен ризик заради зголемените контакти поради видот на работата и работното место да заболат од ковид-19.
Центарот за контрола и превенција на болести во САД (ЦДЦ) на својата официјална веб-страница наведува дека вакцините против ковид се безбедни и ефективни, дека милиони граѓани во САД примиле вакцина против ковид-19 под најстрог мониторинг во историјата на САД. Центарот за контрола и превенција на болести на САД препорачува секој над 12 години да прими вакцина и тоа што побрзо за да се заштити од ковид-19 и придружните компликации.
Па наспроти тврдењата искажани во постот, фактите говорат дека вакцините се безбедни и даваат резултати, штитат од тежок развој на болеста и спасуваат животи. Токму затоа овој пост го оценуваме како дезинформација.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град