По поразот од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, Заев поднесе оставка

Премиерот Зоран Заев си поднесе оставка од премиерската функција и од партиската позиција – претседател на СДСМ, по поразот во вториот круг на локалните избори. Претходно опозициските партии на локално ниво прогласија победи во мнозинството општини низ земјава каде што се гласаше во втор изборен круг. За поразот на локалните избори одговорноста ја презеде Заев кој на прес конференција изјави дека си поднесува оставка.

 |   | 

Останувам на ставот дека не треба да има предвремени парламентарни избори – рече тој.

Тој им честиташе на, како што вели, сите прогресивни граѓани, но додаде дека на овие избори за прогресивните стигнала и политичка казна на овие избори. Според него причината за ваквиот резултат на изборите се парите пристигнати од надвор кои ги добиле домашни бизнисмени за лични интереси и бизниси. Заев вели дека е разочаран што мнозинството народ кој гласаше со сите оние кои останаа дома и ги избраа истите луѓе и политичари кои пред 4 години во парламентот тргнаа да тепаат и убиваат.

На овие избори видовме и сојузи меѓу жртви и насилниците од ВМРО-ДПМНЕ без никаков образ, за една цел – за власт и пари – изјави Заев.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top