Постот произволно тврди дека има смртни случаи од срцев удар кај спортисти поради примена вакцина против ковид-19, но не се наведени нивните имиња. За ниту еден од посочените случаи нема конкретни и точни информации, нема никаква официјална потврда дека тие навистина примиле две дози на вакцина и дека тоа резултирало со срцев удар. Вакви фабрикувани објави кои се дел од поширока антиваксерска кампања, имаат за цел да ја убедат јавноста дека вакцините се штетни и да предизвикаат страв и недоверба кон нив.
Постот произволно тврди дека има смртни случаи од срцев удар кај спортисти поради примена вакцина против ковид-19, но не се наведени нивните имиња. За ниту еден од посочените случаи нема конкретни и точни информации, нема никаква официјална потврда дека тие навистина примиле две дози на вакцина и дека тоа резултирало со срцев удар. Вакви фабрикувани објави кои се дел од поширока антиваксерска кампања, имаат за цел да ја убедат јавноста дека вакцините се штетни и да предизвикаат страв и недоверба кон нив.
Фејсбук објава ударно, сензационалистички, но, лажно, ја информира јавноста дека спортисти имале срцев удар, а некои од нив починале како резултат на вакцинирањето со вакцина против ковид-19.
Ненадејно почина од срцев удар рaкометарка 38 годишна-вакцинирана со 2 дози.
Ненадејно почина спортиската Булатович на 35-36 години од срцев удар – вакцинирана со две дози.
Срцев удар доби фудбалер на терен – вакциниран со 2 дози.
А да не беа вакцинирани насловот ќе гласеше : ковид 19 зеде уште 3 жртви !
М О Р О Н И освестете се !!!
#ВакцинирајСеИТиЖивинче
Она што прво се забележува во оваа антиваксерска објава е дека само со половични информации се изведува силен заклучок со кој се оцрнува вакцинацијата за заштита од коронавирусот. Постот произволно тврди дека има смртни случаи од срцев удар кај спортисти поради примена вакцина против ковид-19, но не се наведени нивните имиња. За ниту еден од посочените случаи нема конкретни и точни информации, нема никаква официјална потврда дека навистина примиле две дози на вакцина и дека тоа резултирало со срцев удар.
Првата личност за којашто се зборува во објавата е ракометарката Јулија Портјанко, а и двете придружни фотографии на објавата се од вести за нејзината ненадејна смрт која ја изненади македонската јавност. Она што е невистина во целата објава е категоричното тврдење дека таа починала бидејќи била вакцинирана со две дози. За ваквото тврдење нема ниту еден доказ, ниту еден медиум не објави такво нешто ниту, пак, блиски луѓе на ракометарката потврдуваат дека тоа е причината. Спортскиот портал „Екипа“ објави дека Портјанко починала од срцев удар кога се враќала од Грција. Кобниот момент се случил во близина на Велес, каде таа останала без свест и починала на лице место. Никој никогаш не спомна вакцинација како причина за срцевиот удар за да може вака ударно да се шири таа (дез)информација на социјалните мрежи.
Вториот случај, за кој се пишува во објавата, е наводната смрт на „спортистка Булатович“, исто така, како резултат на вакцинацијата со две дози. Иако не е наведено точно за каква спортистка станува збор, пребарувањето на Гугл покажува дека постои црногорска ракометарка Катерина Булатовиќ која има 36 години, но ниту имала срцев удар ниту починала. Со истото презиме има уште една ракометарка – Анџела Булатовиќ од Црна Гора која има 34 години, но и таа како и нејзината колешка е жива и здрава. Пребарувајќи го презимето се доаѓа до информацијата дека на 13 октомври оваа година, од срцев удар на 39 годишна возраст починала Ана Булатовиќ, ќерка на Бранко Булатовиќ, поранешниот генерален секретар на Фудбалскиот сојуз на Србија и Црна Гора. Но и за нејзината смрт нема никакви докази, ниту медиумски објави дека е последица на вакцинацијата, ниту пак, таа е спортистка туку работела како шминкерка.
Така што, не најдовме никакви податоци за спортистка со презиме Булатовиќ на 35-36 годишна возраст, која починала од срцев удар како резултат на вакцина против ковид-19.
Третата личност којашто е дел од објавата е „фудбалер кој имал срцев удар на терен и бил вакциниран со две дози“, но нема информации кој бил тој фудбалер, не му е напишано името, не е напишано кога добил срцев удар ниту пак, има некоја потврда дека бил навистина вакциниран. Фудбалер кој доби срцев удар на терен, а за кој се шпекулираше дека е неодамна вакциниран е фудбалерот на репрезентацијата на Данска, Кристијан Ериксен. Тој во јуни оваа година доживеа срцев удар и колабираше на теренот на Европското првенство во натпреварот против Финска. Веднаш потоа, се проширија дезинформации дека ја примил вакцината на „Фајзер“ и дека поради тоа добил срцев удар. Но, директорот на „Интер Милан“, Џузепе Марота ги демантираше овие гласини и соопшти дека Ериксен воопшто не бил вакциниран и не бил заболен со коронавирусот.
Ериксен не е прв фудбалер кој добил срцев удар. Вакви ситуации имало неколку во минатото и многу пред појавата на коронавирусот и вакцините за заштита од вирусот.
Вакви фабрикувани објави кои се дел од поширока антиваксерска кампања, имаат за цел да ја убедат јавноста дека вакцините се штетни и да предизвикаат страв и недоверба кон нив, притоа користејќи неточни информации. Затоа, овие сензационалистички објави на социјалните мрежи треба да се читаат со голема резерва и информациите споделени во нив да се проверат од неколку извори, а не веднаш да се верува во напишаното.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град