Македонската филхармонија ќе одржи концерти во Полска

Камерниот оркестар на Македонска филхармонија од денеска до 7 јули ќе одржи концерти во Република Полска, на кои ќе бидат изведени дела на Едвард Елгар, Бенџамин Биртн, Димитрие Бужаровски и на полскиот композитор Војцех Килар.

filharmonija
филхармонија

Камерниот оркестар на Македонска филхармонија од денеска до 7 јули ќе одржи концерти во Република Полска, на кои ќе бидат изведени дела на Едвард Елгар, Бенџамин Биртн, Димитрие Бужаровски и на полскиот композитор Војцех Килар.

filharmonija– Гостувањето во Полска претставува продолжување на меѓународната соработка која ја има Македонска филхармонија. Значајно е филхармонијата да го доизгради својот имиџ не само во Македонија туку и во светот. Ова гостување е на покана на нашиот чест гостин диригент маестро Јануш Пшибилски. Голема чест и задоволство за нас е да се претставиме на полската публика, бидејки камерниот оркестар навистина има извонреден квалитет и сметам дека само со високо квалитетни производи, меѓу кои ја вбројувам и филхармонијата, ќе успееме да ја насочиме перцепцијата на меѓународната јавност на она што значи музичка култура и уметност во Македонија, се вели во писмената изјава на директорката  на Филхармонијата Маја Чанаќевиќ.

Планирани се три гостувања во градовите Илава, Елк и Олштин. Делата ќе се изведат под диригентската палка на Борјан Цанев. На гостувањето во Олштин, како што се наведува, ќе присуствува и министерката за култура на Република Македонија, Елизабета Канческа Милевска.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top