Бебе родено пред 20 дена е најмладиот ковид пациент во Македонија

Бебе родено пред 20 дена е најмладиот регистриран позитивен пациент на коронавирусот од почетокот на пандемијата во земјава. 

 |   | 

Бебе родено пред 20 дена е најмладиот регистриран позитивен пациент на коронавирусот од почетокот на пандемијата во земјава. Најмалиот борец со вирусот е сместен во детската клиника во Козле, а како што уверува директорот Бесник Зекири, лекувањето оди добро и бебето наскоро ќе биде целосно здраво.

Тие во принцип се позитивни од родителите, така што се во подобра состојба. Помалите пациенти ни се пациенти со помалку компликации кои многу побргу и полесно го поминуваат престојот во нашата установа – вели директорот Зекири.

Во моментов во Козле од ковид се лечат околу 20 деца, од кои четири се на кислородна поддршка. Највозрасниот пациент кој што се лекува во козле е 16 годишен тинејџер. Четирите пациенти кои што примаат кислородна подршка се на возраст од 9 до 16 години информираше директорот Зекири.

Во принцип можеме да кажеме дека состојбата е стабилна. Од сите тие деца четири се на кислородна поддршка, но состојбата е стабилна. Потешки пациенти ни се тие што се поголема група, како што кажавме од 9 до 16 години – истакна Зекири.

Најмладите престојот во болницата го поминуваат заедно со своите родители кои што исто така се позитивни, па Зекири упати апел до родителите да спречат вакви ситуации со тоа што ќе се вакцинираат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top