Потврдени 14 жртви во пожарот во модуларната болница во Тетово

Четиринаесет лица го загубија животот во катастрофалниот пожар кој вчеравечер ја зафати модуларната болница во Тетово во која беа хоспитализирани 24 пациенти заболени од коронавирус. Сите настрадани се пациенти, а меѓу повредените има и медицински персонал.

 |   | 

Четиринаесет лица го загубија животот во катастрофалниот пожар кој вчеравечер ја зафати модуларната болница во Тетово во која беа хоспитализирани 24 пациенти заболени од коронавирус. Сите настрадани се пациенти, а меѓу повредените има и медицински персонал.

Обвинителството потврди дека тие се извлечени од уништената болница и предадени на Институтот за судска медицина заради идентификација.

Ноќеска петмина обвинители заедно со форензичките тимови од крим техника вршеа увид во уништената болница. Земени се изјави од вработените во Ковид центарот, а ќе се прегледуваат и видео снимките од безбедносните камери за да се утврди како точно настанал пожарот.

Покрај тројца обвинители од ОЈО Тетово, синоќа излегоа и двајца обвинители од ОЈО Скопје. Во соработка со припадници на МВР, веднаш е започнат увидот. Обвинителите издадоа наредби за обдукција и идентификување на телата на 14 лица починати во пожарот, а се испитува и дали има и други починати лица. За некои од починатите ќе биде потребна ДНК анализа за да се утврди нивниот идентитет. До раните утрински часови, обвинителите сослушаа вработени во модуларната болница со цел да се утврдат причините за пожарот. Во исто време, издадена е наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот во и околу објектот – соопштија од Обвинителството.

Пожарот избвуна во 21 часот и за десетина минути се рашири низ целиот објект. Вработените се обидувале да ги извадат пациентите од собите кои не биле зафатени со пламен, но огнот се ширел молскавично низ монтажниот објект – модуларната болница.

Пожарот беше пријавен во 21 часот и 2 минути. Екипите за 3-4 минути се пристигнати на лице место со седум возила и со 34 пожарникари интервенираа во гаснење на пожарот. Кога екипите пристигнаа целиот објект беше во пламен. Додека се гасеше пожарот, пламените јазици беа огромни. Се вадеа жртви, додека се гаснеше пожарот. За сега немаме евиденција колку се и што се. Пожарот беше целосно ликвидиран во 21:40 часот. Од наша страна е направено се – изјави Сашо Трајчевски, заменик командир на тетовските пожарникари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top