Не е точно дека децата не заболуваат од ковид

Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека децата не се заразуваат со ковид. Авторот на постот прашува како може децата да се тестираат и да носат маски, кога „воопшто не фаќаат ковид“.

 |   | 

Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека децата не се заразуваат со ковид. Авторот на постот прашува како може децата да се тестираат и да носат маски, кога „воопшто не фаќаат ковид“.

Ова не е точно. И во земјава и во светот, децата се разболуваат од ковид-19. Харвард објавува дека децата, вклучително и тие на многу мала возраст, може да развијат ковид-19. Многумина од нив немаат симптоми, но тие што се болни, можат да имаат благи симптоми како температура, замор и кашлица. Некои деца имаат сериозни компликации, но ова е поретко. Децата со коморбидитети може да се со зголемен ризик од сериозна болест.

Овие сериозни компликации се викаат мултисистемски инфламаторен синдром и се животозагрозувачки, затоа што вклучуваат проблеми со срцето и други органи во телото! Во овој синдром кој што ковид го предизвикува, срцето, белите дробови, бубрезите, мозокот, кожата, очите или гастроинтенстиналните органи може да бидат заземени од воспаление. Симптоми на мултисистемски инфламаторен синдром се температура која трае подолго од 2 дена, исфрлање на кожата, црвени очи, болка во стомакот, повраќање и дијареа, отоци на лимфната жлезда и болка во вратот, црвени усни, црвен јазик кој личи на јагода, потечени дланки и стапала, иритабилност и невообичаена слабост.

Не само што децата може да се разболат од ковид, туку и кога ќе се разболат се случува да имаат и подоцнежни компликации. Доктор Аспазија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести во Скопје, ова го изјави во интервју.

Децата многу повеќе страдаат во пост ковид фазата. Такви дечиња во серија гледавме во ноември, каде две-три дечиња дојдоа во многу тешка кондиција. Не беа ПЦР позитивни, но имаат висок титар на антитела кој кај нив предизвикува многу страшни компликации. И помисливме дека вирусот ги одмина децата, но не испадна така. Излезе дека пост-ковид состојбите на прележаните деца со висок титар на антитела го зафаќаат гастроинтестиналниот тракт, слепото црево, срцето и мозокот, излегоа дека се многу пострашни и такви пост-ковид состојби видовме две. Едното беше на супортивна терапија, иако имаше само три години, а таа терапија сега се дава на возрасните тешки случаи. Детето дојде во извонредно тешка состојба со анемија, со забрзан пулс, мораше да прима концентрат од кислород. Што значи дека фазата што ја помина детето пост ковид е многу подраматична отколку она што го поминувале неговите родители, рече доктор Софијанова.

Децата не само што може да се разболат од ковид-19, туку и можат да го пренесуваат коронавирусот на возрасните на лицата кои имаат многу хронични болести, кои, пак, се поподложни на компликации. Затоа, на почетокот на пандемијата Владата воведе полициски час во кој младите и децата имаа дозвола да излегуваат од своите домови во различни временски часови од денот споредено со возрасните и старите лица за да не се мешаат и да немаат интеракција која е ризик за пренос.

За децата има и вакцини, а досега одобрена е само таа од производителот Фајзер, за деца од 12 до 16 годишна возраст. 

Мајо Клиниката во САД цитира податок од американската академија за педијатрија дека во САД, 13 проценти од сите случаи со ковид се кај деца.

Поради сите наведени факти, оценуваме дека постот кој е предмет на нашата рецензија е невистинит и претставува дезинформација.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top