Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, ќе се кандидира за втор мандат, но овојпат како независен кандидат. Тој ја потврди информрацијата за „360 степени“ и вели дека процедурата за собирање на потписи е отпочната.
Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, ќе се кандидира за втор мандат, но овојпат како независен кандидат. Тој ја потврди информрацијата за „360 степени“ и вели дека процедурата за собирање на потписи е отпочната.
Благодарен сум што кумановци излегуваат да се потпишат за мојата независна кандидатура, процедурата е отпочната, а во текот на денот ќе одржам и прес-конференција со повеќе детали – изјави Димитриевски.
Засега, неизвесно е дали СДСМ ќе застане со поддршка зад неговата кандидатура или ќе излезе со ново име за кандидат за градоначалник.
Според најавите, на престојните локални избори Димитриевки ќе настапи и со независна листа на советници, а носителка ќе биде жена.
СДСМ досега утврди 51 кандидат за градоначалник за престојните избори. Но сеуште не е утврден кандидатот за најголемата општина во земјава, во која сите изминати години социјалдемократите победуваа на избори.
Кога беше избран за градоначалник, на 15 октомври 2017 година, Димитриевски ја напушти пратеничката функција. Но, во екот на пандемијата, минатата година, кога Куманово беше најголемо жариште на ковид-19, дојде до несогласувања на Димитриевски со раководството на СДСМ, како и со тогашната техничка влада, на чело со Оливер Спасовски. За недоразборања со Димитриевски се зборуваше и по неодамнешниот конгрес на СДСМ, кога кумановскиот градоначалник не влезе во листата на кандидати што ја подготви Заев за членови на новиот Централен одбор на партијата.
Извор – 360 степени
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град