Ако нема доволно реонски попишувачи, за пописот ќе бидат ангажирани и административци вработени со договор на дело – со оваа владина одлука државните институции ќе имаат обврска да понудат кадар на Државниот завод за статистика во септември за време на пописот.
Ако нема доволно реонски попишувачи, за пописот ќе бидат ангажирани и административци вработени со договор на дело – со оваа владина одлука државните институции ќе имаат обврска да понудат кадар на Државниот завод за статистика во септември за време на пописот. Во тој период нема да одат на работа, ќе бидат на располагање за пописот, а ќе бидат платени исто како и останатите кандидати кои доброволно се пријавиле. Директорот на статистика Симовски сепак верува дека нема да има потреба од таков ангажман бидејќи досега се пријавиле околу 8000 лица.
На 10 дена пред почетокот на пописот, Симовски вели дека ДЗС е целосно подготвен. Уверува дека протоколите за заштита од вирусот на терен ќе се почитуваат целосно, независно дали попишувачите се вакцинирани или не.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека со теренското попишување се става во ризик здравјето на граѓаните. Предлагаат граѓаните да се попишуваат електронски.
За ваквиот предлог Симовски рече дека нема никакви шанси да се спроведе, бидејќи Законот за попис и методологијата по која ќе се спроведува, се веќе изгласани во Собрание и е доцна за измени.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град