Со мешање „баби и жаби“ се прави обид да се дискредитира вакцината

Објава на Фејсбук намерно, на еден манипулативен начин прави несоодветна споредба, паушално изведува проценти на новозаразени вакцнирани лица и во јавноста создава искривена слика за ефикасноста на вакцините. Статистиката за којашто говори министерот Филипче – дека само 0.02 проценти од ревакцинираните се заразиле со ковид, се однесува на ниво на целата држава и на периодот пред 27 јули, кога немаше многу новозаболени. А, статистиката за која говори доктор Нуредини се однесува на една болница (Тетово) и за 9 август, кога значително почна да расте бројот на заразени. Така што, не може да се изведе заклучок каков што е изведен во постот.

 |   | 

Објава на Фејсбук намерно, на еден манипулативен начин прави несоодветна споредба, паушално изведува проценти на новозаразени вакцнирани лица и во јавноста создава искривена слика за ефикасноста на вакцините. Статистиката за којашто говори министерот Филипче – дека само 0.02 проценти од ревакцинираните се заразиле со ковид, се однесува на ниво на целата држава и на периодот пред 27 јули, кога немаше многу новозаболени. А, статистиката за која говори доктор Нуредини се однесува на една болница (Тетово) и за 9 август, кога значително почна да расте бројот на заразени. Така што, не може да се изведе заклучок каков што е изведен во постот.

Рецензираме пост на Фејсбук во кој се манипулира со статистиките на вакцинирани граѓани со две дози, а кои се заразени со ковид, со цел да се дискредитира вакциналниот процес.

Постот потсетува дека министерот за здравство, Венко Филипче на 27 јули изјави дека:

Процентот на заболени лица кои се ревакцинирани е навистина многу мал, околу 0.02 проценти.

Но, во потоа се прави обид да се дискредитира оваа изјава на министерот, на начин што се споредува со статистиката на заразени и вакцинирани со 2 дози во само едно ковид одделение – она во Тетово, кое е едно од најисполнетите во земјава!

Таквото споредување на „баби и жаби“ не е кредибилно. Во постот се манипулира со прикажувањето на процентите на заразени вакцинирани за да се дискредитира вакциналниот процес.

Имено, статистиката за којашто говори министерот Филипче, дека само 0.02 проценти од ревакцинираните се заразиле со ковид, се однесува на ниво на целата држава и на периодот пред 27 јули, кога немаше многу новозаболени.

Статистиката за која што говори раководителот на ковид центарот во Тетово доктор Гзим Нуредини, пак, се однесува само на тоа ковид одделение во само определен временски момент – на 9 август 2021 година, кога значително почна да расте бројот на заразени. Доктор Нуредини коментирајќи, односно информирајќи за состојбата во болницата во тоа деноноќие, изјавува:

Од четириесетина лица на кислородна поддршка, шест се вакцинирани со една доза, а петмина со двете дози.

Потоа во постот што го рецензираме, се изведува тенденциозен и манипулативен заклучок:

Овие петмината двапати вакцинирани од 40 заболени, некако не ми се многу мал процент од 0.02 проценти. Некако ко малку повеќе да ќе се?

Меѓутоа, статистиката за која говори Филипче се однесува на национално ниво, а статистиката за која говори доктор Нуредини  на една болница, така што не може да се изведе заклучок каков што е изведен во постот  – дека бројот процентот на новозаразени, а вакцинирани лица е далеку повисок од оној што го кажал министерот. Зошто?

Затоа што Тетово е на врвот по заболени и хоспитализирани во Македонија, а пред него предничи само Скопје. Исто така, во земјата има градови каде што нема ниту една хоспитализација. Па, кога се говори за новозаболени и хоспитализации на нацинално ниво, не може да се гледа ситуацијата само во една општина – во случајов Тетово, туку во сите општини. И врз основа на тие податоци се пресметува процентот на заболени, хоспитализрани, на вакцинирани со две дози – а инфицирани со ковид…

Но, постот намерно, на еден манипулативен начин прави несоодветна споредба, паушално изведува проценти на новозаразени вакцнирани лица и во јавноста создава искривена слика за ефикасноста на вакцините.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top