Честитајќи го националниот празник на американската нација и држава, а на искуството на американскиот слободољубив народ, ја упатуваме пораката дека секоја слободоумна влада треба да учи како се брани национална гордост и националното достоинство, како се храни патриотизам на ниво на нација и држава, како се сака и се гине за своја татковина, како се гради и чува држава.
„Честитајќи го националниот празник на американската нација и држава, а на искуството на американскиот слободољубив народ, ја упатуваме пораката дека секоја слободоумна влада треба да учи како се брани национална гордост и националното достоинство, како се храни патриотизам на ниво на нација и држава, како се сака и се гине за своја татковина, како се гради и чува држава.
И порака до американската амбасада во Скопје и до Стејт дипартментот: Супресирањето на македонскиот национален идентитет, јазик, историја и култура, како и државотворниот капацитет на Македонскиот народ во неговата татковина Македонија е процес кој води во несакан правец. Почитта едни кон други се заслужува со дела, дела на пријателство и взаемно уважување на партнерска основа. Никој нема право, да супресира еден слободољубив и национално осознаен народ, горд и достоинствен, каков што е Македонски народ. Големината и моќта на народите и државите не е во нивната бројност, територија или стекната, наследена моќ, туку сето тоа лежи во Божјата волја. Сите ние, како нации, народи и држави стоиме еднакви пред Бога. Големината извира само и исклучиво од единиот Бог, Тој е поголем од секого. Тој одлучува кој владее и кој опстојува, кој просперира, а кој стагнира. Еднаш стекнатата предност, не значи и дека е трајна или вечна. Нема ништо вечно, освен единиот Бог и Неговото живо Слово Библијата. Се’ друго е предмет на согласност со тие два авторитета – Христос и Библијата.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град