Македонскиот министер Зоран Коњановски, денеска и утре ќе учествува на ЕАПС Безбедносниот форум, што ќе се одржи во Астана, Казакстан. На Безбедносниот форум ќе учествуваат делегации од 28 земји членки на НАТО и од 22 Партнерски земји, се наведува во соопштението од одбрана.

ЕАПС Безбедносниот форум е формат кој обезбедува дијалог помеѓу земјите членки на НАТО и Партнерите. Првиот Безбедносен форум се одржа во мај 2005 година во Оре, Шведска.
На Безбедносниот форум делегациите ќе разговараат за: безбедноста со посебен акцент на ситуацијата во Авганистан, безбедноста во централна Азија и Кавкаскиот регион, како и за енергетската безбедност.
Третиот ЕАПС Безбедносен форум во Астана ќе биде отворен од страна на Генералниот Секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер и претседателот на Република Казакстан, Нурсултан Абишевич Назарбајев.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град