Земјите од регионот одбројуваат. Уште три дена и од четврток 1 јули конечно паѓаат цените за мобилните разговори но и за роамингот на нула денари односно на цени како да сте дома помеѓу сите земји од западен Балкан.
По први Јули тарифите за разговор на мобилен ако сте во Србија, Црна Гора, Албанија, Косово или Босна и Херцеговина ќе ве чинат исто како да не сте ја преминале границата односно како што ви се тарифираат и во земјава по вашите постојни договори со мобилните оператори и што е уште позначајно конечно кога ќе ја преминувате границата нема да мора да се грижите и да брзате да го исклучите копчето за интернет бидејќи и роамингот односно интернет ќе користите по исти цени како да сте дома. Останува да се грижите единствено дали во е доволно полна батеријата.
Токму со ова мото само наполни ја батеријата – роамингот е бесплатен на први јули во Отешево ќе се одржи промотивен концерт на познати групи и диџеи од сите земји од западен Балкан со кој ќе се означи почетокот на евтините разговори и можностите за поголема соработка помеѓу земјите од западен Балкан и Европската унија.
-Ова е историски успех за Западен Балкан кој дојде како резултат на преговори што траеа речиси една година, а кои беа олеснувани од Советот за регионална соработка и Европската унија, по што претставниците на владите на сите шест економии на Западен Балкан во април 2019 година потпишаа спогодба со која се согласија, прво постепено да ги намалат цените на роамингот, за потоа, тие да бидат укинати од 1. Јули 2021 година. И од 1-ви јули, подготвени да започнат интензивно да работат на нула тарифи за роаминг помеѓу земјите од Западен балкан и ЕУ.
Поволностите од бесплатниот роаминг ги промовираше и министерот за информатичко општество.
Регионот без роаминг е само дел од целиот пакет кој како крајна цел има да го забрза процесите на подлабока соработка на економски план помеѓу земјите од регионот и со тоа да се работи и на понатамошна соработка и со земјите од унијата. Крајната цел е преку воведување на зелени коридори да се намали чекањето на камионите на границите за 70% бидејќи се пресметало дека секоја минута чекање чини по две евра од камион. Потоа да се овозможи со лична карта да се движат граѓаните во сите 6 земји од западен Балкан, да се подобрат инвестициските политики базирани на европските стандарди за да се привлечат повеќе нови инвестиции, признавање на дипломите, и укинување на работните дозволи.
Тарифите кои ќе важат по први јули изгледаат вака. Во зависност од операторот со кој имате договор за во Грција и Бугарија интернетот се движи од 59 до 390 за мегабајт, порака ќе ве чини од 17 до 19 денари, појдовните разговори се од 79 до 89 денари а дојдовните од 25 до 29 денари додека за србија, Црна гора Косово Албанија и Босна и Херцеговина цените за разговори и интернет се како да сте дома.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град