Решение за името да се бара поинтензивно

Дојдено е времето решението во спорот за името да се бара поинтензивно, изјави посредникот на Обединетите нации(ОН) Метју Нимиц.

Mathew Nimitz
Метју Нимиц

Дојдено е времето решението во спорот за името да се бара поинтензивно, изјави посредникот на Обединетите нации(ОН) Метју Нимиц.

Нимиц, за време на вчерашната прес конференција во Женева, рече дека двете земји се подготвени да најдат решение за спорот за името, што ќе имплицира поголема безбедност во регионот, а ќе овозможи и зачленување на Македонија во НАТО и Европската унија.

Mathew NimicПосредникот на ОН вчера со преговарачите од двете земји Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис разговарал за областите кои досега го кочеа преговарачкиот процес.

Македонскиот преговарач Зоран Јолевски рече дека Македонија е подготвена за решение, но не за решение што би го загрозило националниот дигнитет и идентитетот на нацијата.

Нимиц од 6. до 9. јули ќе ги посети Скопје и Атина, да ги запознае властите во двете земји со евентуалното име и опсегот каде тоа би се употребувало, како и за механизмите кои што ќе треба евентуалното решение и формално да го затворат во Обединетите нации.

Медиумите јавуваат дека Нимиц изминатиот период имал интензивни контакти со претставници на двете страни, но и со претставници на ЕУ и новиот претседавач со Унијата Шведска, која се интересирала до каде се преговорите.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top