Вакцините на „Фајзер” и „Астра Зенека” ефикасни против делта варијантата на коронаворусот

Вакцините против Ковид-19, развиени од „Фајзер”/ „БиоНТек” и „Астра Зенека”, генерално се ефикасни против делта и капа варијантите на коронавирусот, што за првпат беа идентификувани во Индија, покажа најновото научно истражување на Универзитетот Оксфорд, објавено во списанието „Цел”.

 |   | 

Истражувањето било направено со цел да ја утврди способноста на антителата во крвта на луѓето кои ги примиле двете дози на вакцината да ги неутрализираат високозаразните делта и капа варијанти на вирусот, се наведува во соопштението на универзитетот.

„Нема докази за големо имунолошко вирусно бегство, што сугерира дека сегашната генерација на вакцини обезбедува заштита од вирусните варијанти Б.1.617″, се наведува во истражувањето. Станува збор за делта и капа варијантите, што за првпат беа идентификувани во Индија.

Но, концентрацијата на неутрализирачки антитела во крвта беше малку помала, што може да доведе до одреден број зарази, предупредуваат научниците.

Минатата недела, анализата на англиската Агенција за јавно здравје покажа дека вакцините произведени од „Фајзер” и „Астра Зенека” обезбедуваат висока заштита од повеќе од 90 проценти од хоспитализациите од делта варијантата на вирусот.

„Делта варијантата станува глобално доминантна варијанта”, изјави во петокот главниот научник на Светската здравствена организација (СЗО).

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top