ССМ: Работниците да не работат на отворено кога е најжешко

Сојузот на синдикатите на Македонија бара Владата да донесе мерки за заштита на животот и здравјето на работниците и граѓаните затоа што, како што велат, според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска и во следните денови времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината, а максималната температура ќе достигне до 40 степени.

 |   | 

Во соопштението од Сојузот се дополнува дека во насока на справување со најавените високи температури, ССМ бара од работодавците да ги почитуваат марките за безбедност и здравје при работа, да го намалат и исклучат работењето на отворено за работниците во најтоплите делови од денот, како и да ги обезбедат сите средства и мерки за заштита на животот и здравјето на работниците во овие услови.

Нагласуваат дека од особено значење е да се утврдат соодветни мерки за заштита на здравјето и животот на возрасните, хронично болните и бремените работнички а доколку тоа право не се почитува ги повикуваат сите работници да пријават кај својот синдикален претставник, претставникот на работниците за БЗР и Државниот инспекторат за труд. 

 

извор: Плус инфо

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top