Врнежите добро ќе влијаат врз земјоделските култури, особено на есенската пченица и јачменот.
Врнежите што ја зафатија земјава претходните денови позитивно ќе влијаат врз земјоделските култури, особено на есенската пченица која беше и најзагрозена поради недостиг на влага во површинскиот почвен слој.
Според агрометеоролозите, временската промена му годи и на есенскиот јачмен кој е во понапредни фази, а има и почеток на восочна зрелост.
Умерените температури од 17 до 26 степени се оптимални за сите видови на култури, како за посевите така и за овошките и виновата лоза, каде недостатокот на влага не се чувствува во овој момент.
-Ова е период на завршено оплодување кај пченицата и почеток на налевање на зрното, клучна фаза за добар принос. Ова е и период на интензивно расадување на тутунот и на градинарските култури на отворено, а ваквите временски услови се добредојдени скоро за целокупното земјоделско производство поради фактот дека недостасуваше влага во почвата, а за тоа се потребни врнежи, се наведува во агрометеото на УХМР.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град